• Latest

Последните денови за покренување обвиненија

June 26, 2017

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Последните денови за покренување обвиненија

June 26, 2017 22:48
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното јавно обвинителство има рок до крајот на неделава, до 30 јуни, да поднесе обвиненија произлезени од прислушуваните разговори. Досега, тимот на Катица Јанева отвори 19 истраги, а се покренати само три обвиненија.

Јанева, пред два дена од Охрид, порача дека за некои осомничени ќе има запирање на истагата и отфрлање на обвиненијата, а за некои од нив, ќе се поднесе обвинителен акт, но дека следната седмица ќе бидат донесени јавни обвинителни одлуки.

Во однос на рокот за поднесување обвиненија, Јанева рече дека се надева оти ќе биде изнајдено решение во најбрз можен  рок. Таа се надева дека Судот ќе ги поддржи и потврди обвиненијата.

Наспроти ваквите надежи на Јанева, која викендов одржа предавање пред учесниците на Школата за природно право во Охрид, медиумите веќе пренесуваат дека нема да може да се подигне обвинение за случајот „Талир“, поради процесни причини.

„Талир“ се однесува на финансирањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ во која се осомничени 14 лица, а првоосомничен е лидерот на партијата, Никола Груевски.

Причината за стопирање на процесните дејства, како и за неможноста да се подигне обвинение, е фактот што до потребниот рок, три осомничени лица не ги добиле поканите за распит за овој случај, а тоа се Никола Груевски, Мартин Протугер и поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски.

Во однос на мандатот за покренување на обвиненија се споменуваат три варијанти. Првата е да се изгласа промена на член 22 од Законот за Специјалното јавно обвинителство. Втората варијанта е Уставниот суд да го поништи член 22, како неуставен, за да може да се финишираат сите предмети, без временски ограничувања. Третата опција е СЈО да се приклучи во редовното Јавно обвинителство, па покрај Обвинителството за организиран криминал, да постои и СЈО, како обвинителство чија мисија е истражување и гонење на кривични дела поврзани со содржината на незаконското следење на комуникациите.

Мандатот на оваа институција е пет години од моментот на основање, период во којшто може да се покренуваат и нови истраги, но не и обвиненија.

ЦИВИЛ – Центар за слобода на прес-конференцијата на 13 јануари 2017, категорично побара продолжување и проширување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.

ЦИВИЛ изразува убеденост „дека слабостите, незаконитото постапување, кршењето на изборните процедури, купувањето на гласови, заканите, злоупотребите, притисоците и уцените, како и низа други сериозни нерегуларности кои ги нотира ЦИВИЛ на изборите, се директна последица на втемелени во криминалните практики и постапки кои се надоврзуваат или имаат директна или индиректна врска со предметите што ги води токму СЈО“.

 

Tags: Катица ЈаневамандатобвиненијарокСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ