• Latest

„Не со извршители, побарувањата да се наплаќаат во извршни оддели во судовите!“

July 19, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Не со извршители, побарувањата да се наплаќаат во извршни оддели во судовите!“

July 19, 2017 16:00
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Да се укине институцијата извршител, да се измени законската регулатива и наместо извршителите што се посебни субјекти, побарувањата од извршните решенија да се наплаќаат преку извршни оддели што ќе работат во рамките на судовите… Ова се главно пораките на граѓаните на Скопје, оd денешната анкета што екипа на ЦИВИЛ Медиа ја сними на плоштадот „Македонија“.

„Извршителите наплаќаат и од тие што имаат минимални пензии… Наплаќаат големи суми, за 3.000 денари сметки, наплаќаат по 12.000 денари… Мислам дека подобро е во рамките на судовите, отколку извршителите самостојно да дејствуваа!.. Ова е класична кражба на народот!… Не треба да има извршители, зашто земаат премногу провизија!.. Ги разбирам и извршителите и тие имаат свои проблеми…“, се само дел од изјавите на анкетираните скопјани.

Многу граѓани од сите страни на Македонија, последниве години се жалат дека и за минимални долгови, неплатени сметки за вода, комуналии…, дури и без да бидат повикани на судски рочишта, преку извршители им се наплаќаат големи суми, остануваат без цела пензија, плата… Бројни граѓани, со реализација на судски решенија, изгубија недвижнини, куќи, станови, ниви…

По дебатата на социјалните мрежи и апелите новата власт да усвои законски измени во статусот и функционирањето на извршителите, но и на нотарите, ЦИВИЛ Медиа следните денови, ќе се обиде да го слушне и гласот на граѓаните, но и на иницијаторите на промените и на експертите…

Моника Талеска

Камера: Дехран Муратов

 

 

Новинар: Моника Талеска

Камерман: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: граѓанидоверителдолжникизвршен одделизвршителиизвршни решенијакаматиприсилна наплатасметкисудовисудство
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result