Да се укине институцијата извршител, да се измени законската регулатива и наместо извршителите што се посебни субјекти, побарувањата од извршните решенија да се наплаќаат преку извршни оддели што ќе работат во рамките на судовите… Ова се главно пораките на граѓаните на Скопје, оd денешната анкета што екипа на ЦИВИЛ Медиа ја сними на плоштадот „Македонија“.
„Извршителите наплаќаат и од тие што имаат минимални пензии… Наплаќаат големи суми, за 3.000 денари сметки, наплаќаат по 12.000 денари… Мислам дека подобро е во рамките на судовите, отколку извршителите самостојно да дејствуваа!.. Ова е класична кражба на народот!… Не треба да има извршители, зашто земаат премногу провизија!.. Ги разбирам и извршителите и тие имаат свои проблеми…“, се само дел од изјавите на анкетираните скопјани.
Многу граѓани од сите страни на Македонија, последниве години се жалат дека и за минимални долгови, неплатени сметки за вода, комуналии…, дури и без да бидат повикани на судски рочишта, преку извршители им се наплаќаат големи суми, остануваат без цела пензија, плата… Бројни граѓани, со реализација на судски решенија, изгубија недвижнини, куќи, станови, ниви…
По дебатата на социјалните мрежи и апелите новата власт да усвои законски измени во статусот и функционирањето на извршителите, но и на нотарите, ЦИВИЛ Медиа следните денови, ќе се обиде да го слушне и гласот на граѓаните, но и на иницијаторите на промените и на експертите…
Моника Талеска
Камера: Дехран Муратов
Новинар: Моника Талеска
Камерман: Дехран Муратов