Поттикнати од делењето на промотивен материјал на политичките партии, како дел од нивната предизборна кампања, што освен брошури, опфаќа и пенкала, кафе, шалчиња, навивачки балони за повеќекратна употреба, шишиња вода…, ги прашавме граѓанките и граѓаните на Скопје: Која партија најдобро дарува?
Во анкетата на ЦИВИЛ Медиа, одговорите беа во обратна насока од очекуваното. Односно, она што новинарската екипа го оценуваше како подарок од партија, граѓанките и граѓаните го преформулираа во нивните секојдневни потреби и проблеми!
Освен неколкуте одговори дека добиле пенкало и промотивен материјал, другите одговори беа негативни.
„Не сум добил некаков подарок. Освен, пред извесно време чадорчиња, што се практични и се наоѓаат“, беше единствениот позитивен одговор.
„Ништо не сум добила“, „Никој ништо не ни дал во предизборна кампања“, „Подарок? Никаков. За мене ниту една партија не е добра“, се најчестите одговори.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов