• Latest

„Никој не смее да ве/нѐ тепа“, освен тие што се од „наша“ страна!

October 11, 2017
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Никој не смее да ве/нѐ тепа“, освен тие што се од „наша“ страна!

October 11, 2017 13:43
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Борба против фашизмот, слобода, еднаквост, правда… Meѓутоа, кај нас главен проблем е што луѓето слабо паметат и брзо забораваат на насилството, тортурата, неправдата… На вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Шуто Оризари, го слушам Елвис Бајрам, кандидатот за градоначалник од СРМ, како ги убедува Ромите  што живеат во таа општина, да сфатат дека наспроти паролата на СДСМ: „Живот доаѓа во Македонија“ сепак, животот не е дојден. 

„Јас сакам да ги прашам сите дали животот доаѓа со вакви последици како што ми се случија на мене?  Дали животот е тоа што треба да ме тепа и удира некој од нивна страна?“, прашува Бајрам.

Ова ме потсети на Слободан Милошевиќ, кога при една посета во Косово, на Србите кои живеат таму, им порача – „Нико не сме да вас бије“, алудирајќи на Албанците.

Елвис додава: „Верувајте дека мојата здравствена ситуација не ми добра воопшто, но дојдов пред вас да ве замолам сите да водите сметка понатаму што ќе се случи доколку другите дојдат на власт, тогаш вашите деца, вашите фамилии ќе се плашат и ќе ги истепаат како што ме истепаа и мене“.

„Нико не сме да вас бије“, (освен нашите специјалци)! Да, токму на „вашите“ (вмровски) специјалци мислам, кога во 2010 година, со сета борбена опрема, со борни коли, солзавец, чадни бомби…, стотина специјалци ги тепаа Ромите кои се спротивставија на „акцијата“ за запленување на фалсификувана стока на пазарот во Шутка. Ромите паметат (некои, за жал, заборавија, или сакаат да заборават), меѓутоа, и тогаш градоначалникот Елвис Бајрам имаше здравствени проблеми, кога  изигруваше херој на штаки и ги спасуваше Ромите од пендреците и лисиците на специјалците.

Дел од ромските активисти, исто така, сè уште се сеќаваат како беа спречувани да организираат протести против полициската бруталност! Сетете се и вие, ромски политичари, како спречувавте и се заканувавте!

Елвис истакна дека ромскиот народ никогаш не сака да има војна, бидејќи го сака својот народ, а го сака и ВМРО-ДПМНЕ, кое има направено многу за овој народ, додавајќи: „Ајде, да се навратиме наназад, дали СДСМ имаат нешто направено за Шуто Оризари? Немаат!“

Донекаде е во право, ниту СДСМ не е цвеќе за мирисање, додека беше на власт требаше да се посвети повеќе на решавањето на проблемите на Ромите во Шутка.

Сега, на овие избори, СДСМ ќе настапи со кандидатот Курто Дудуш, кој ветува живот за сите што живеат во Шуто Оризари. Тој пред 8 години, загуби од Бајрам на локалните избори, при што, по поразот организираше протест пред Собранието на Република Македонија и обвини дека му е украдена победата. Дали оваа година ќе успее да си ја врати (украдената) победа, остануваат уште четири дена да видиме.

А дотогаш, жителите на Шуто Оризари ќе живеат во бајката што им ја раскажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека ако победат, ќе имаат еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина, заклучно со септември годинава, за граѓани од социјално загрозени семејства, и проект за стекнување на сопствен дом. Дечињата ќе добиваат бесплатна ужинка во училиште.

Колку е тажно и понижувачки тоа што го вети, наместо на родителите да им вети дека ќе имаат пари самите да им купуваат ужинка на своите деца, кога ќе ги носат на училиште!

Дехран Муратов

Tags: Елвис БајрамКурто ДудушмитингНикола ГруевскипазарењеспецијалциСРМШуто Оризари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ