• Latest

Коневски: Апсењето на Митревски е напад врз Македонија

November 1, 2017

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
Христијан Мицкоски (фото извор: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Коневски: Апсењето на Митревски е напад врз Македонија

November 1, 2017 16:55
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Екс-градоначалниот на Аеродром, Ивица Коневски, денеска на прес-конференција застана во одбрана на својот колега, исто така, екс-градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митревски, повторно обвинувајќи ја СДСМ за напад врз ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. 

„СДСМ е фатен на дело, со докази, како ги спроведува најкриминалните избори досега. Заради неспособноста на црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски, државата е на работ на економски колапс, а секојдневно гледаме како тајкуните блиски до партијата се обидуваат да преземаат компании. Затоа на СДСМ им е потребен дефокус и затоа СДСМ ги злоупотребува институциите за политички прогон со кој би ја покривал катастрофалната неспособност“, истакна Коневски.

Сега барем е јасно како ден дека сите спектакуларни апсења кои ги спроведе режимот на партијата на Коневски покрај политичка одмазда кон неистомислениците имале и друга димензија – дефокус од сите криминали кои ги направи ДПМНЕ додека беше на власт. Фала Ви господине Коневски, ова не можеше подобро да Ви го срочат!

„Почитувани денеска во 4 часот наутро е уапсен Сокол Митревски. Генералот Сокол Митревски кој беше досегашен градоначалник на Општина Ѓорче Петров ниту е криминалец, ниту сторил нешто за полицијата да се изживува со него и неговото семејство на ваков начин“, продолжува Коневски.

Чекајте… застанете малку! А спектакуларното апсење на Бошковски? А семејството на Кежаровски? Зошто молчевте кога тоа го правеше вашата партија господине Коневски? Велите: „ова е само продолжување притисокот кој го врши СДС и понижување на Македонија и сѐшто е македонско, и тоа преку државните институции кои се користат како средство за пресметка со политички неистомисленици“. Не ли го правевте вие токму тоа? Или пак, според некои ваши пресметки Бошковски и Кежаровски се помалку Македонци и помалку луѓе?

Денеска, е уапсен Сокол Митревски, поранешен градоначалник на општина Ѓорче Петров осомничен за незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината и за незаконско давање под концесија на земјиште. Тоа е сѐ! Што требаше? Да земат да го сместат во нова фотелја и да му врачат награда? Не ве разбирам!

До пладне медиумите шпекулираа и чекаа Јавното обвинителство да излезе со соопштение и да ја потврди информацијата за апсењето на Митревски. На ниту еден медиум не видовме снимка од спектакуларно апсење со конвој специјалци како што беше случајот со Кежаровски.

„Овој напад не е само врз Сокол, овој напад е врз ВМРО и Македонија“, тврдите господине Коневски. Не! Ова е само еден од низата случаи коишто мора да се решат час поскоро! Ова се нарекува почеток на падот, не на ВМРО (барем не на она вистинското, кое треба да остане таму каде што е и да ви се одземе правото да го злоупотребувате како име), туку пад на вашата криминална банда која ја уништи Македонија. Онаа Македонија за која тврдите дека е нападната!

Престанете со ширење на хистерија и соочете се со фактот дека правдата во оваа држава доаѓа! Полека, но сигурно доаѓа и никој не смее да биде поштеден!

Маја Ивановска

Tags: АпсењеИвица КоневскиСокол Митревскихистерија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ