• Latest

„Како се осмелувате да барате пари – вие сте почетници?!“

November 21, 2017

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Како се осмелувате да барате пари – вие сте почетници?!“

November 21, 2017 15:36
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По објавување на сведоштвото на младата архитектка за проблемите со кои се соочуваа(т) таа и нејзините колеги на работа, до редакцијата на ЦИВИЛ Медиа пристигна уште едно сведоштво на неколкумина млади архитекти кое ви го пренесуваме во целост.

Ви пишувам во името на неколку млади архитекти кои се соочуваме со една сурова реалност во моментов. Сакаме да го дигнеме гласот и да ја прекинеме тортурата којашто се врши врз младите почетници речиси во сите професии. Инспирацијата на оваа постапка беше неодамнешното наше отпуштање, неколку млади архитекти, од фирмата „Арт Мирон“ во Скопје, по месец и половина работен однос.

На почеток сè беше навидум во ред. На интервјуто ни беше кажано дека ќе следува обука за работа во програмот Архикад и потоа сите прилози ќе се работат во тој програм. Се договоривме за плата од 15 000 денари за првиот месец поради обуките, а понатаму да се покачи. Исто така ни беше напоменато дека договорот ќе го потпишеме со минималната плата, а останатите ќе ни бидат платени кеш. Потпишавме договор и нè пријавија по 2 недели откако почнавме, но со оглед на тоа дека во тој период се одвиваше нашата обука не се противевме многу.

Првиот период беше релативно добар, имавме добра поддршка во фирмата и постојано се потенцираше дека од нас се бараат европски стандарди и дисциплина, но со оглед на тоа што сме почетници и што сме нови во струката, а и во програмот за работа, беше потенцирано дека ќе ни се даде добар период да навлеземе во тоа. Оној кој работи со програми, знае дека е тешко да се научи било кој компјутерски програм за рок од еден месец, особено ако станува збор за 3Д софтвери или други комплексни и технички програми со безброј функции.

Сериозно си ја сфативме работата и почнавме да учиме. Свесни дека сме почетници, често останувавме прекувремено, без барање од било кој за да успееме да довршиме дел од работите. Постојано ни кажуваа дека напредуваме, дека одлично ни оди како почетници и дека се презадоволни од нас.

Сè беше во ред додека еден ден не дојде сопственичката и кажа дека има пуштено плата за месец август. Еден од нас тројцата нови колеги, праша кога ќе биде исплатена платата за септември. Таа одговори дека кога ќе се наплатат проекти и фирмата ќе има доволно пари, но, по една минута од тоа следуваше бурната реакција кон сите тројца – како сме се осмелуваме да прашаме кога плата, кога не сме придонеле со ништо за фирмата.

Во тој момент никој ништо не одговори, но следниот ден едната колешка се обиде да разговара со сопственичката бидејќи не само што и беа потребни пари туку потребно беше и активирање на здравственото осигурување. Следуваше жесток разговор дека сме биле почетници и не смееме да бараме пари, сè уште ги прашуваме поискусните колеги како да работиме и не сме самостојни… Истакна дека во фирмата не ги интересира за нашиот живот и нашите потреби за здравствено осигурување… На крајот разговорот заврши според очекувањата и колешката одлучи да ја напушти фирмата, а останатите двајца бевме предупредени дека ако парите ни се приоритет може слободно уште веднаш да си одиме од фирмата. Ние ништо не рековме околу тоа, само дека ќе имаме уште малку толеранција за целата ситуација.

Веднаш потоа започнаа притисоците. Претходно еден од нас беше преместен во другата канцеларија, во Ченто, а потоа и јас како последен архитект кој остана во фирмата во Центар бев преместена во Ченто и згора на тоа работното време беше променето од 9 до 17 часот. Иако првично се договаравме да работиме во Центар кадeшто на сите ни беше поблиску, сепак не се противевме на оваа одлука.

Директорот на фирмата е со постојано место на работа во канцеларијата во Ченто, а неговата сопруга во канцеларијата во Центар. Како нови и неискусни архитекти постојано преку месинџер се консултиравме со директорот кој патем беше градежен инженер, а неговата сопруга, архитект, повремено ќе поминеше некогаш ќе ни кажеше конкретно што да работиме, некогаш ќе ни дадеше литература да бараме информации.  Откако бевме преместени почна сè почесто да ни се јавува, да нè прашува дали имаме прашања, нејасни работи, да бара итно да и се пратат работи.

И двајцата колеги кои останавме, паралелно работевме на два проекти и се обидувавме што повеќе да сработиме и да ги задоволиме различните барања на сопствениците. Сопругата на директорот, последната недела почна се повеќе да останува со нас, да оди покасно во другата канцеларија и порано да се враќа, почна да не манипулира со информации, ни кажуваше едно, па бараше друго нешто. Не подлегнавме и на тоа, иако стресот беше едвај издржлив.

Јагода на шлагот беше последниот работен ден кога си дојде порано и седна меѓу нас двајцата и почна постојано да наоѓа замерки, зошто тоа што го работиме е така, зошто толку бавно, почна да ни сугерира што да направиме. На крајот почна да нè критикува дека дома воопшто не сме учеле или вежбале како да ја работиме програмата. Нè праша што правиме дома откако ќе си појдеме од работа. Одговоривме дека додека да стигнеме дома, да јадеме, веќе е 19 часот, малку одмор, па некои обврски низ дома и веќе е 22.30 – време за спиење. На тоа таа со потценување ни одговори дека сме биле како старци кои си легнувале рано и не сме вределе за неа и за нејзиниот сопруг кои си легнувале во 1 часот по полноќ. Требало помалку низ дома да губиме време и повеќе да учиме после работа.

Следниот ден, нели, јасно е што следуваше – отказ, и тоа од сопругата на директорот порaди тоа што не сме се труделе доволно на работа, а директорот воопшто не се ни појави, не се ни обиде да не погледне во очи… Тој постојано нагласуваше колку добар тим ќе бидеме заедно, дека безбедни сме во фирмата и никој нема да не отпушти заради тоа што сме почетници.

Без збор ја напуштивме канцеларијата. Вечерта, во името на тројцата колеги, на директорот му испративме фина и културна порака на Вибер која и ден денес (15.11.2017), не е отворена.

Плата, се разбира, сè уште нема! И ни збор за останатите пари кои требаше во кеш да ни се исплатат, освен онаа минимална плата на трансакциска, која за среќа се покачи на 12 000 денари. Според дрскиот однос кој го покажаа очигледно не се ни плашат дека би можеле да преземеме соодветни чекори за заштите на нашите права кои според закон ни следуваат.

Случајот е веќе пријавен во Државната инспекција за труд!

П.с. Често на интервјуата по фирмите бев прашувана што сум во хороскоп, дури и сопственикот на „Тетрактис“ на крајот кандидатите ги селектираше врз база на хороскопскиот знак.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Искористувањемлади архитектинеплаќањетортура
Share476Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ