• Latest

Од жена инженер не бидува?!

November 20, 2017

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Од жена инженер не бидува?!

November 20, 2017 16:53
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Млади дипломирани архитекти/ки за ЦИВИЛ Медиа сведочат како (се) биле искористени од сопствениците и директорите на одредени градежни фирми. Младите архитекти кои решија да проговорат за проблемите со кои се соочуваа(т) сакаат да останат анонимни. Тие велат дека на овој чекор, јавно да проговорат се решиле бидејќи сакаат да ги предупредат своите штотуку дипломирани колеги со какви проблеми ќе се соочат при нивното вработување и дека не треба да молчат. Сведоштвото на една млада дипломирана архитектка од нејзиното вработување во фирмата „Дизајн студио Ортодокс“, ви го пренесуваме во целост.

Во фирмата „Ортодокс“ се задржав четири месеци, најлошите четири месеци во мојот живот. Таму отидов како штотуку дипломиран студент од Архитектонскиот факултет и ми беше најавено дека краток период ќе работам без паричен надоместок додека се вклопам. На почеток беше сè во ред, меѓутоа средината во која работев не беше сјајна и од ден на ден работите се менуваа.

Имав двајца постари и не толку културни колеги, коишто не беа од голема помош, со оглед на тоа што бев препуштена на нив, една колешка која исто така беше почетник како мене и секретарка, за чие подло и некултурно однесување никогаш не ги дознав мотивите.

Озборувањето беше неизоставен дел, веројатно како и во сите мизерни македонски фирми. Дури и сопственикот на фирмата и неговата фамилија беа озборувани до 5-то колено, а она што остана нејасно беше прашањето од каде се дознаваа такви информации.

Секретарката не знам каква жена беше таа, но очигледно многу исфрустрирана, секое сабајле гордо нè прескокнуваше мене и колешката кога вареше кафе или чај. Вареше само за мажите во фирмата!

Сите во фирмата постојано ни потенцираа дека не сме заслужувале пари на старт, бидејќи сме биле почетници. Според нив, треба една година да работиме без пари.

Сопственикот на фирмата е пак друга приказна. Кога ќе го прашаа за плата никогаш не одбиваше, ама плата не даваше. Исто така никогаш не заборави да побара торта или некаква храна некој да му донесе, направи или чести.

За мојот роденден купив големи колачи, по едно за секого во фирмата. Првиот коментар беше зошто дома не сум направила торта, вториот коментар беше дека воопшто не било вкусно и на крајот, денот заврши со барање од газдата, оти ми било роденден, да му направам роденденско кафе, нему и на пријателите кои ќе дојдат да играат карти, после работното време. Тоа значеше да останам по 16 часот, бидејќи него секогаш го мрзеше да си свари кафе.

Тој постојано потенцираше дека фирмата била вмровска и шовинистичка, и дека улогата на жените е да готват, да чистат, и дека од жена инженер не бидува. Ние, жените во фирмата требало да метеме, да бришеме прашина, да вариме кафиња, како не нè нервирало да стои нешто несредено и слично.

Постојано потенцираше како ВМРО се подоброто зло, иако беше близок до високи партиски функционери. Тој жолчно се расправаше со сите кои ќе се изјаснеа спротивно од тоа или ќе искритикуваа нешто.

Врв на неговото одвратно однесување беше кога еден ден се врати во канцеларија со мало колаче бајадера, кое го направи неговата мајка. Во канцеларијата бевме вообичаено петмина колеги, тој и го подаде колачето на секретарката и ѝ рече да го подели на нас трите колешки, за да видиме како треба да работи една жена и колку вкусни торти и колачи треба да прави. Потоа ни беше потенцирано да направиме таква бајадера и да му однесеме да проба.

Морам да напоменам дека платите за вработените константно доцнеа дури и по 4 месеци. Јас и останатата колешка не бевме пријавени и работевме и во саботи и прекувремено понекогаш, а и тој си земаше за право и покрај сето тоа да ни се дере. На крајот, кога веќе мораше да се пресече, ми кажа дека немал пари да ме плаќа, да сум доработела до крајот на неделата и можело да си одам после тоа. На последниот ден ми исплати 17 000 денари и претходно за Нова година 8 000 денари. Вкупно мизерни 25 000 денари за 4 месеци.

Неописливо поразително е чувството после толку труд, желба и напор од 4 месеци, (да не зборуваме за убивањето на почетниот ентузијазам), истиот ден додека јас бев на заминување, без никаков срам доведе двајца штотуку дипломирани или не беа ниту дипломирани градежници и им кажа дека ако сакаат да работат ќе им направи место во канцеларијата и ќе им купи компјутери…

Овој случај е пријавен во Државна инспекција за труд!

 

Tags: без платаградежни фирмимлади архитектисведоштво
Share34TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ