• Latest

ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

April 11, 2026

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
Ерол Ризаов

Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

April 16, 2026

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

April 11, 2026 12:57
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Се чини дека последниот обид на советниците на унгарскиот премиер со помош на неговиот важен идеолошки пријател Вучиќ да направат ситуација за прогласување на вонредна состојба и одложување на изборите што би му дало шанса на Орбан да „закрепне“ – пропадна.  Има ли некаква надеж за партијата Фидес додека отчукува часовникот до отворање на избирачките места?

Пишува: Љубомир Костовски
Специјално за ЦИВИЛ Медиа

(1) Најди си добар непријател! | (2) Најновиот непријател беше избран во 2024 – Украина

Кога на премиерот Виктор Орбан му пропадна обидот да направи шок со објавувањето на материјали од противничката партија Тиса, таканаречениот „унгарски Вотергејт“, туку обратно, си натовари нова причина за бес кон него кај опонентите предводени од Петер Маѓар, кои несомнено се во убедливо мнозинство пред гласањето на 12 април, тој изјави дека во „шаржерот има уште неколку куршуми и нема да се двоуми да ги употреби“.

Неговите обиди да ги зголеми своите изгледи на изборите, користејќи го како свој најголем непријател претседателот Володимир Зеленски и херојската Украина, просто се трошеа без сериозен ефект. Делуваше како она утринско будење на петелот што се заканува, а ризикува таа активност да го однесе во лонецот подготвен за ручек.

Израелските мати-каши како советници, обично, врвниот удар го чуваат за непосреден ефект пред изборите. Тука можеби треба да се бараат тие „куршуми“ за последна употреба. Доаѓањето на потпретседателот на САД, Џејмс Дејвид Венс беше секако еден од нив, но среде постапките на САД и последиците што експресно го засегнуваат секој поединец на планетата – не се добива впечаток дека таа визита може да е добредојдена, како во некои други времиња.

ИЗБОРНИОТ „НОКАУТ“ ТРЕБАШЕ ДА ДОЈДЕ ВО ПОСЛЕДЕН МИГ

Јасно е дека израелските креатори на изборни победи сакаат таков изборен „нокаут“ во последната рунда. Така, во случајот со словенечките избори муштеријата на овие платеници – десничарот Јанез Јанша ја обвини Марта Кос, високо позиционирана политичарка од редовите на бриселскиот естаблишмент 5-6 дена пред гласањето дека била наводен шпион на југословенската, а потоа само на српска УДБА. Колку била оваа сторија убедлива сведочи фактот дека на Јанша потоа му скокна рејтингот за 4 отсто, по што следи период на неизвесност кој ќе ја формира идната влада на Тромостовје.

Што е со моментумот кој го бираат овие платеници – тоа е да не се остави простор за ефикасна одбрана од нападот кој се базира на очевидна лага, бидејќи кај балканските и ним слични политички организми кога се на власт им требаат денови да се свестат што ги снашло. Одбраната на владејачката партија „Слобода“ во Словенија, сепак, се случи два дена пред гласањето со прес на висок владин администратор кој на нацијата ѝ објасни кој стои зад оваа операција на компромитирање – тоа се странци, јасно ја откри и нивната фирма, дека тоа се прави за пари и без скрупули, а споменатите се вмешуваат во нешто што треба да биде комплетно внатрешна работа на една суверена земја. И во последен миг се случи нов пресврт но во обратна насока – со само еден пратеник предност, актуелниот премиер Роберт Голоб ќе треба прв да добие можност да креира влада!

Истите советници секако стојат зад бруталното користење на падот на една студентка од 5-тиот кат на Филозофскиот факултет во Белград, без дефинитивна истрага за тој случај, која – да ја наречеме случајност –требаше да го направи скептичен судот на јавноста за студентските листи на неодамна завршените локални избори во десет српски општини. Ефект секако имаше. Во сите општини победија кандидатите поддржани од кликата на Александар Вучиќ.

Беше енигма што би се направило во корист на Орбан како последен обид што би можел драматично да влијае на неделните избори во Унгарија а во корист на актуелниот премиер Орбан. Прогнозата беше дека тоа ќе треба, исто така, да се случи непосредно пред самото гласање.

Будимпешта, април 2026 (фото: ЦИВИЛ)

ИМАШЕ ЛИ МОЖНОСТ ЗА ПОВТОРУВАЊЕ НА ТРИКОТ?

И… се случи наводен тероризам, зачинет со помош на пропагандата на Вучиќ (во нејзината моќ советниците од страна можат секогаш да се потпрат) – обид да се подметне експлозив врз гасоводот „Турски ток“ со кој се снабдува со енергија и Унгарија.

Имено, на 5 април, во местото Кањижа бил пронајден експлозив, оставен на 200 метри од гасоводот. Проценка – доволно е да се покаже со прст кон Украина (!) и да се обвини дека извезува тероризам. Во овој случај, претседателот Вучиќ требаше да биде еден вид главен сведок за таквото обвинение. Тој веднаш по сознанието за „непријателски чин“ кај Кањижа му се јавил на Орбан по телефон и му укажал на обидот за диверзија која би била штетна по енергетските состојби во двете земји. Дополнителни детали се дека тоа наводно бил силен експлозив (4 килограми), доволен за така цел. Потоа, тука е фактот дека поединецот кој наводно го поставил експлозивот бил сам, но бил и мигрант, со што се споиле двете опасности по Унгарија, кои тамошната власт постојано ги акцентира како постојано зло. Ем мигрант, ем во служба на Украина! Но, се чини дека Вучиќ бил воздржан и не докрај услужлив, како што се очекувало. Тој не ја споменува Украина, а притоа вели дека експлозивот бил од американско производство. И тоа пред посетата на Венс на Будимпешта! Уф, две стативи.

Маја Бјелош од Белградскиот центар за безбедносна политика (БЦБП) изјави дека откривањето експлозиви во близина на гасоводот кај Кањижа е инцидент кој бил политизиран од самиот почеток и дека имало нејасна комуникација помеѓу Воената безбедносна агенција (ВБА) и претседателот на земјата, за што зборуваше директорот на ВБА Ѓуро Јованиќ. Таа истакна дека никој од нив не е надлежен да го истражи овој инцидент.

„Целиот настан беше политизиран. Прво, политизацијата следеше по објавувањето на самата информација, при што претседателот на Србија откри детали од тековната истрага за кои не е надлежен. Исто како што не е надлежен ниту директорот на ВБА. Надлежните органи се Безбедносно-разузнавачката агенција (БИА) и полицијата“, изјави Бјелош за N1. Таа додава дека улогата на мигрантите е исто така политизирана во наративот замислен како обидот за пренасочување.

„Мигрантите се претставени како закана, потенцијални сторители на напади. Мигрантите во нашата земја се честа цел на десничарите, Александар Вулин изврши насилство врз мигрантите користејќи звучен топ. Не знаеме кој го наредил тоа, ниту кој го извршил тоа“, рече Бјелош.

Изборот на агресорот (мигрант) е српски, од директорот на ВБА, Ѓуро Јованиќ, а унгарскиот премиер Виктор Орбан го посочи прстот кон Украина, што му остави простор тој да го докаже тоа, значи без вмешување на Србија. И евентуално да се најде основ да се прогласи воена состојба кога избори, логично и не се можни. Евентуално, би се одложиле за некои подобри времиња!

„Сите овие се неосновани инсинуации и таквите работи не треба да се објавуваат пред да се докажат. Овие напори треба темелно да се проверат бидејќи зад нив може да има сериозни дипломатски последици“, истакна Бјелош во изјава за N1.

ТЕРОРИСТ ШТО БИЛ СЛЕДЕН АМА ИЗБЕГАЛ БЕЗ ТРАГА?

Од моментот кога беше објавена веста за акцијата кај Кањижа, се постави прашањето дали станува збор за безбедносна закана или за нешто друго, и што донесе оваа воено-полициска операција… Дали и што е необично во овој случај, во Нови дан (утринска рубрика на телевизијата N1) на 6 април дискутираа унгарскиот новинар Габор Бодиш и пензионираниот генерал-мајор Момир Стојановиќ, поранешен шеф на ВБА.

Унгарскиот новинар Габор Бодиш за N1 вели дека утрото „Виктор Орбан одржал конференција на место во близина на Сегедин и рекол дека ќе ја брани земјата од сè, и дека е во тек голема битка во Европа“.

„Интересно е – додаде тој – како се разви ситуацијата од моментот кога беше објавена веста. Експертот за надворешна политика Андраш Рац рекол дека понатамошниот тек на настаните зависи од информациите што ќе дојдат од Србија. Доколку се покаже дека Украинците се на некаков начин поврзани со тие настани, тогаш Орбан веројатно ќе има причина да прогласи вонредна состојба, а прогласувањето вонредна состојба шест дена пред судбоносните избори би можело да значи сè. Што се однесува до ставот на Орбан, тој би можел да ја намали предноста на опозицијата, па дури и да значи одложување на изборите“, вели новинарот.

Пензионираниот генерал-мајор Момир Стојановиќ, поранешен шеф на Агенцијата за воена безбедност, вели дека овој настан е „проследен со бројни нелогичности“.

„Да речеме дека претседателот вчера рано проговори, нè информираше дека потрагата по експлозиви што беа поставени на неколку стотини метри од гасоводот Јужен тек, веднаш ги ангажираше специјалните единици на армијата, воената полиција, иако тоа не е нивна надлежност. Подоцна се појави директорот на ВБА и прецизираше дека таа служба имала информации дека лице од група мигранти планира да го постави тој експлозив во близина на гасоводот, и за ова го информирал претседателот на Републиката. Ова е изненадувачки, бидејќи, ако воената безбедносна служба имала такви информации, а тој вели дека го следеле тоа лице подолг временски период, тогаш бил должен да го информира својот претпоставен, министерот за одбрана, оваа информација да оди до премиерот, а премиерот да ја проследи до претседателот. Што има директорот на ВБА со претседателот на Републиката – според законот, никаква“, потенцира ген. Стојановиќ.

Друга нелогичност е, вели тој, доколку воената безбедносна служба имала информации дека тоа лице ќе го постави тој експлозив, тогаш се поставува прашање во однос на воспоставената практика за тоа како функционираат службите.

„Не беше ли логично да се следи тоа лице 24 часа на ден, да се обезбеди местото на настанот, да се врши контрола врз тоа место, а потоа да се чека кој ќе се појави да го постави тој експлозив на цевководите на гасоводот и потоа да се реагира; тоа би резултирало и со апсење на тие лица. Вака ги имаме информациите што службата ги имала на располагање – тоа лице поставило експлозиви, потоа се создала општа врева и тој експлозив бил пронајден, а можеби никогаш нема да го најдеме лицето и што ќе правиме ако никогаш не го најдеме?“, прашува Стојановиќ (засега, да кажеме, тоа и се случува!).

Тој верува дека ова е „еден од безбројните настани што немаат епилог и немаат крај“.

Според Стојановиќ, особено ако во наредниот период немаме информации дека „мигрантот“ е уапсен и кривично гонет, ќе отвори сомнежи дека целиот настан бил инсцениран, планиран, со цел, од една страна, да му се помогне на Орбан на следните избори, а од друга страна, со таква единствена акција да се врати разнишаната доверба на сегашната влада во Србија во пресрет на претстојните избори. „Можеше да биде најголемиот подарок, но не испадна така“, вели генерал-мајорот во пензија.

Будимпешта, април 2026 (фото: ЦИВИЛ)

ПОДАРОК ШТО СЕ СЛИЗНА ОД РАЦЕТЕ НА ОРБАН

Новинарот Бодиш смета дека во политичка смисла „ова можеше да биде најголемиот подарок за Виктор Орбан, но не испадна така“.

„Опозицијата води, треба да се случи некое чудо шест дена пред изборите (новинарот го кажа ова во понеделникот) за да се сврти ситуацијата или да се намали разликата. Ништо не може да покаже дека биле Украинците, дека ќе може да има вонредна состојба, а тоа ќе беше сосема друга приказна; но вака, ова може да се смета за слаб обид од политичка страна, не велам дали операцијата е лажна или не, но од политичка страна тоа е слаб обид, нема да има влијание врз расположението на гласачите. Мислам дека гласачите, мнозинството и мерењата покажуваат дека се за промена на режимот во Унгарија“, вели Бодиш.

Кај нас многу малку се знае за еден континуиран обид да се шири анимозитет од страна на Орбан кон Украинците во подолг временски период. Тоа се прави со постојано ширење на пропаганда дека Унгарците, кои се жители на Кијив, се жртвувани во оваа војна. Тоа е допирање на чувствителни емотивни жици кај утрешните гласачи на изборите. И се поставува таа теза на дневна основа, како стара манџа која се подгрева по навика на ринглата.

Имено, Виктор Орбан тврди дека Унгарците што живеат во Украина се регрутираат во прекумерен број. Во дослух со Кремљ, тој дејствува како „спасител на воени заробеници“. Која е вистината за сето ова и што е пропаганда?

За почеток екипата се сретнала со Петар Филипович, кој кога има време на фронтот во источна Украина, меѓу другото, чита вести од Унгарија – а овие денови главно за изборната кампања на Виктор Орбан, бидејќи, таа првенствено се врти околу неговата татковина, Украина – земјата што тој, украински Унгарец од Закарпатија, моментално ја брани од рускиот агресор, објави Дојче Веле.

Унгарскиот премиер Орбан и политичарите од неговата партија Фидес велат дека Украина е „корумпирана мафија и терористичка држава“. Во нивните предизборни видеа, на пример, тие тврдат – без докази – дека украинскиот претседател Зеленски ги користи милијардите евра што Украина ги добива од Брисел за да си изгради златни тоалети.

Неодамна, во видео интервју за ДВ, Петер Филипович рече дека прочитал за скандалот околу реновирањето на зградата на Народната банка во Будимпешта. За тоа како поранешниот гувернер на Унгарската национална банка, Ѓерѓ Матолци, поставил тоалети со златни држачи за тоалетна хартија во зградата на банката. За разлика од тврдењата за Зеленски, оваа приказна е вистинита.

„Кога го прочитав тоа, мислев дека во Унгарија, ако веќе зборуваат за корупција во Украина, прво треба добро да се погледнат во огледало“ вели Петер Филипович.

Петер Филипович (42) потекнува од западноукраинскиот граничен град Чопа (унгарски: Чап). Тој моментално е командант на воена единица на истокот од Украина – неговата точна локација и вид на служба не можат да се откријат од безбедносни причини. Тој не е единствениот украински Унгарец кој служи. Тој вели дека има многу луѓе како него кои се на фронтот по сопствено убедување и кои се навредени од пропагандата на унгарската влада.

Будимпешта, април 2026 (фото: ЦИВИЛ)

РУСИЈА ПОМАГА ВО ПРОПАГАНДАТА НА ОРБАН

Украинските Унгарци се во јавноста долго време. Според неофицијални проценки, околу 80.000 етнички Унгарци моментално живеат во Украина, речиси исклучиво во Закарпатија на западот од земјата. Тоа малцинство сочинува околу 0,23 проценти од населението на Украина од сегашните 34 милиони (пред војната, тој број се проценува дека бил 43,8 милиони). И сепак, Орбан го направи тоа централна тема на својата надворешна политика и неговата изборна кампања.

Тој и неговата влада со години тврдат дека Унгарците се угнетувани во Украина. Тие исто така тврдат дека работоспособните мажи од редовите на унгарското малцинство се масовно и насилно регрутирани, но и дека понекогаш се мачени до смрт со посебна бруталност. Во исто време, владата на Орбан, во соработка со Кремљ, периодично организира трансфер на украински воени заробеници кои зборуваат унгарски од Русија во Унгарија – без да ги информира украинските власти. Кремљ го претставува тоа како „хуманитарен гест“, а владата на Орбан како „мисија за спасување“.

Што велат за сето ова оние кои се погодени во Украина, украинските власти, политичарите на унгарското малцинство и експертите во Закарпатија? Репортерите на ДВ престојуваа во тој регион на Украина, ја споредија унгарската пропаганда со реалноста на терен и собраа изјави.

Дали Унгарците се присилно регрутирани?

Терминот „присилно регрутирање“, кој во Унгарија го користат владата на Орбан и провладините медиуми, е отфрлен од независните унгарски набљудувачи. Тие тврдат дека регрутацијата во воена состојба секогаш подразбира принуда и дека терминот индиректно ја доведува во прашање легитимноста на националната одбрана на Украина.

Во Украина, Територијалните центри за регрутирање се одговорни за регрутирање и мобилизација. Нивните патроли не се популарни во Украина, бидејќи понекогаш мобилизираат способни мажи директно од улица, понекогаш користејќи сила. Видеа од насилни конфронтации со службеници на центри за регрутирање редовно циркулираат на социјалните мрежи. Некои се реални, некои се лажни. Има забелешки дека провладините унгарски медиуми ги шират овие лажни видеа, кои често се од руско потекло(!).

Дмитро Лубинец, украинскиот омбудсман (можете да прочитате интервју со него на Прва линија), кој ја следи состојбата со човековите права во таа земја, во својот неодамна објавен извештај посочи на сериозни кршења на човековите права, како и на нехигиенски услови во регрутниот центар во Ужгород, регионалниот главен град на Закарпатија. Системот за регрутирање мора целосно да се реформира, вели Лубинец. Јавните критики и дискусиите за реформата на системот за регрутација се водат во Украина веќе долго време.

Од страв од мобилизација на улиците, многу способни мажи во Украина моментално остануваат во затворен простор. Ова е забележливо и во Закарпатија. Особено во селата, речиси е невозможно да се видат мажи способни за војска на улиците. Ласло Зубанич, претседател на Демократскиот сојуз на Унгарците во Украина (УСУУ), за ДВ вели дека е јавна тајна дека многу мажи се кријат дома.

Но, дали има премногу Унгарци Украинци на фронтот?

Украинските вооружени сили не водат етничка статистика. Според конзистентни проценки на унгарските политичари во Закарпатија, вклучувајќи и некои блиски до Орбан, приближно 400 до 500 Унгарци-Украинци моментално служат на фронтот. Ова е далеку под процентот на Украинци во армијата, која моментално брои околу 850.000 луѓе, а исто така е пропорционално помал од процентот на Унгарци во вкупниот број војници.

Ете, тоа е вистината за пропагандата на Орбан потпрена во сојуз со Путин!

АФЕРАТА „АЛО“ МЕЃУ СИЈАРТО И ЛАВРОВ

Од друга страна, опозицијата изнесе многу работи, за некои веќе напишавме во претходните продолженија кои сериозно го дискредитираат Орбан и неговата екипа. Ова особено се однесува на Петер Сијарто, министерот за надворешни работи за кого се откри скандалот дека ја шпионирал Европска Унија за сметка на Кремљ.

Во почетокот, тој негираше, па тврдеше дека како министер за надворешни има контакти со низа земји, но потоа „Вашингтон пост“ директно го посочи како човек кој во паузите на седниците со своите колеги од ЕУ, пренесувал информации за заклучоците до својот руски колега Сергеј Лавров! Потоа тоа го потврди полскиот премиер Доналд Туск кој ја потврди информацијата на американскиот дневен весник и рече дека тоа се дознало во Унијата и оттаму кон Сијарто се негувал посебен однос, односно се внимавало што се говори пред него.

Ваков блам секако дека го искористи Петер Маѓар, а за разлика од Орбан, тој во своите говори ја користи вистината, што целосно се потврдува од независни извори. Дали Унгарците уште би толерирале голем лажго?

Од наше искуство, лагата минува добро на изборите, некои ги затнуваат ушите пред да гласаат, иако знаат за вистинските факти, ама имаат лична корист, па изборите ги третираат како еден вид на разменска вредност со оној чие име ќе го заокружат. Други дозволуваат да бидат заведени, па кон гласачката кутија ги носи некоја рутина или т.н. бугарски воз.

Сето тоа секако го има и кај Унгарците. Во основа, според последните извештаи на Би-Би-Си од Будимпешта за Маѓар ќе гласаат 60 отсто од младите (за Орбан само 16 отсто). Британската агенција се повикува на унгарскиот Истражувачки центар 21.

Овој институт во петок околу 16 часот предвидува дека на изборите во недела партијата Тиса ќе освои 54 отсто, а Фидес на Орбан 38 отсто од гласовите на оние кои ќе излезат да гласаат.

Часовникот отчукува последни часови пред изборите во Унгарија. Останува сосема малку време да видиме дали ќе победи пропагандата на Орбан во која се вклучија Москва, но и Вашингтон, врвни израелски експерти за пропаганда, како и Белград, Бања Лука, па и Скопје, а веројатно и низа други центри.

Но исходот од овие избори нема да биде важен само за Унгарија. Тој ќе покаже дали моделот на власт што се потпира на страв, дезинформации и конструирани непријатели може да продолжи да функционира.

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.

ИЗРАЕЛСКИТЕ ЧУВАРИ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (2): Најновиот непријател беше избран во 2024 – Украина

ИЗРАЕЛСКИТЕ ЕКСПЕРТИ И ОРБАНОВИОТ ПОСЛЕДЕН ОБИД ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ: Најди си добар непријател!

Пропагандна артилерија за спас на Орбан: Кој сѐ е ѓуле во операцијата „лажно знаме“

Како функционира руската дигитална операција за влијание врз изборите во Унгарија

Поддршка за ЦИВИЛ

Tags: Виктор ОрбанизбориПетер Маѓарруска пропагандаУнгарија
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ