• Latest
Долгогодишно пријателство: Орбан и Путин (RIA Novosti / CC-BY-SA 3.0)

ИЗРАЕЛСКИТЕ ЧУВАРИ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (2): Најновиот непријател беше избран во 2024 – Украина

April 9, 2026

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
Ерол Ризаов

Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

April 16, 2026

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

ИЗРАЕЛСКИТЕ ЧУВАРИ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (2): Најновиот непријател беше избран во 2024 – Украина

April 9, 2026 11:16
in АНАЛИЗИ, ЕВРОПА, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Долгогодишно пријателство: Орбан и Путин (RIA Novosti / CC-BY-SA 3.0)

Долгогодишно пријателство: Орбан и Путин (RIA Novosti / CC-BY-SA 3.0)

Share on FacebookShare on Twitter

Најзадоволен од позицијата на унгарскиот премиер во периодот после 2024 година е секако кремљовскиот властодржец. Но Орбан го рашири своето влијание и кон Вашингтон и Пекинг, ама „три лубеници не се носат под една мишка“. Не се носат, нели, ниту две. Орбан креираше и една шпионска афера, но помина како Никсон во Вотергејт. Ќе заврши ли како републиканскиот претседател во 1974 година? И тој беше советуван од израелски советници! Дури и истите…

Пишува: Љубомир Костовски
Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА

Најди си добар непријател!

Во последните години гледаме дека новиот непријател на Виктор Орбан е Украина, токму онаа која со големи напори се бори за независност. Иако неговиот советник, Џорџ Бирнбаум формално ја напштил Унгарија во 2015 година и немал нов договор со Орбан, тие продолжиле да комуницираат токму по повод источниот сосед на унгарскиот премиер. Имено, сопругата на Бирнбаум е Украинка, а двојката често престојувала во Кијив (!), но во други околности – кај градоначалникот Виталиј Кличко.

Човекот кој го создаде Бенјамин Нетанјаху, а го вивна во политичката орбита Виктор Орбан – Бирнбаум сега, во своите последни изјави, ја брани борбата која ја води Володимир Зеленски заедно со браќата Кличко (Виталиј и Владимир), но на Орбан му требаше, според она што стои во воведот на оваа серија текстови нов непријател. А како борец против Кијив тој стекнува нови пријатели околу себе; би рекле географски и под и над себе. Дури останува дел од „бедемот“ што десницата го гради токму во оние земји од Источна Европа што некогаш беа дел од Варшавскиот лагер.

Недвојбено, тој е и идеолошки близок со Владимир Путин, кој вели дека либерализмот станал застарен. Рускиот лидер не пропушта можност да се побуни против декаденцијата на либералниот Запад, мултикултурализмот, имиграцијата и човековите права. Можеби и заради овој контекст на настаните а како жител на САД, Бирнбаум е денес човек кој верува дека Виктор Орбан е на власт предолго. Ако може да му се верува.

ПОЛИТИЧАР СО ДВАЈЦА НЕПРИЈАТЕЛИ

Нема двојба дека Орбан не се одлепи од тоа да го носи знамето на антимуслиманството, но во меѓувреме силно го врза околу себе појасот на путинизмот.

Во јануари 2015 година, само да се потсетиме, унгарскиот премиер посочи дека „секој мигрант е потенцијален терорист“. До јули 2022 година, тој им кажуваше на поддржувачите дека „ние сме подготвени да се мешаме едни со други, но не сакаме да станеме луѓе од мешана раса“.

Неговиот главен поддржувач и платен советник Џорџ Бирнбаум силно не се согласува со обете изјави. Но сега, откога за вториот и третиот мандат добро ја истроши антимуслиманската матрица! Формално, овој платен градител а стратегии и нема договор, па сега е слободен поинаку да го толкува она за што го поттикнуваше унгарскиот премиер. За кого тој бараше да поттикнува поларизација во политиката а сега не го кажува противотровот на оваа активност!?

„Најдобриот вид лидери се оние кои нè потсетуваат на заедничките цели, а не на нашите разлики. Не станува збор за идеологија, туку за тоа да се осигуриме дека надежите и соништата на луѓето се остваруваат“, вели Брнбаум за новинарот на Би-Би-Си.

Орбановата форма на создавање на пријател во Русија, а непријател во Украина, што треба да му го обнови премиерскиот мандат во петтиот обид, со следење на онаа мантра на Бирнбаум – добро е да имаш моќен непријател, започна како наводен обид за смирување на војната меѓу Москва и Кијив!? Колку провиден обид за да ги оправда своите контакти со агресорот кој е практично во војна со Унијата а и со НАТО!

Во јули 2024 година, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, објави дека ќе има неколку некоординирани состаноци што ги нарече „мировни мисии“, при што го посети претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во Кијив, пред да отпатува во Москва за да се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин, по што го посети и Пекинг за да се сретне со генералниот секретар на Кинеската комунистичка партија и претседателот на Кина, Си Џинпинг. А потоа отпатува во САД за да присуствува на самитот во Вашингтон во 2024 година и да се сретне со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во Мар-а-Лаго. Средбите се одржаа во услови на зголемени тензии и руската инвазија на Украина, при што Кина ги зголеми дипломатските врски со Русија во услови на економски санкции од страна на ЕУ и САД.

Виктор Орбан (фото: © European Union, 1998 – 2026)

РАЗГОВОРИ ВО МОСКВА ВО ИМЕТО НА ЕУ БЕЗ ПООДДРШКА НА БРИСЕЛ!

Посетата на Русија беше значајна во геополитичката историја по тоа што беше спроведена без никакво официјално одобрение или мандат од раководството на Брисел и покрај тоа што Путин тврдеше дека Орбан е претставник на ЕУ!

Ова доведе до осуда од неколку национални лидери на ЕУ и од владата на Украина, при што многумина ги нарекоа состаноците „помирување“ кон агресорската  страна во војната. Исто така, предизвика загриженост кај лидерите на Европската унија дека Орбан се обидува да ја искористи својата позиција во претседателството со Советот на ЕУ и да зборува во нејзино име, за да постигне лични цели што се спротивни на политиките и вредностите на блокот.

Редоследот на посети се случи откако Унгарија го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со Советот на Европската Унија на 1 јули, каде што Орбан ја изрази својата намера да ја искористи позицијата за да се подложи на „мировна мисија“ за да се заложи за завршување на руско-украинската војна.

Инаку, последната посета на лидер на ЕУ претходно се случила во април 2022 година од страна на австрискиот канцелар Карл Нехамер. Средбата меѓу Орбан и Путин, исто така, следеше по претходната средба во Пекинг во октомври 2023 година, на која се разговараше за можна соработка во енергетиката. Тогашното резиме инаку ги грее домовите на граѓаните на Унгарија и денес, секако под поповолни услови.

Средбата меѓу Орбан и Путин, практично втора, се одржа во Москва на 5 јули 2024 и траеше неколку часа. Средбата не им беше откриена на ниту една членка на ЕУ сè до моментот пред нејзиниот почеток. Орбан побарал мислења од Путин за тоа дали прекинот на огнот може да претходи на мировните преговори. Како одговор, Путин ја отфрлил идејата за прекин на огнот, наведувајќи дека тоа ќе ѝ овозможи на Украина „да ги надомести загубите, да се прегрупира и да се вооружи“. Путин инсистирал дека Украина треба да ги повлече своите сили од четирите области (провинции) за кои Русија тврдеше дека ги анектирала во 2022 година (вклучувајќи ја и територијата што Русија не ја окупирала), но ова повлекување беше одбиено од Украина.

Путин изјави дека двајцата разговарале за односите Русија-Европска Унија и како тие „сега се на најниската точка“. Орбан изјави дека му поставил на Путин три прашања: неговите мислења за тековните мировни планови, неговите мисли за потенцијалните разговори за мир и предлози за прекин на огнот и неговите мисли за „поствоената европска безбедносна архитектура“. Орбан не даде никакви детали за тоа како Путин одговорил на овие прашања.

Одговорниот на Унијата за надворешни работи Жозеп Борел мораше да реагира дека Орбан немал мандат од Унијата за било каква дипломатија односно дека при патот во Москва не ја „презентирал Унијата во полн капацитет“. Естонската премиерка Каја Калас тогаш ја нарече посетата „конфузна“.

Отворената конфронтација меѓу Брисел и Будимпешта започнала да се разгорува додека Москва за Орбан имала се повеќе слаткоречиви коментари. Отприлика Путин го потенцирал неговиот „фер однос“ што се разбира ги нервирала центрите на моќ на Унијата и НАТО кои со многу сили и напори се обидувала да најдат ефикасна одбрана на нападната Украина! Орбан во интервјуа за швајцарскиот „Велтвохе“ ќе ја нарече ЕУ „бирократски нонсенс“, а за Билд изјави „Верувајте ми: следните два или три месеци ќе бидат многу побрутални отколку што мислиме. Ќе се користи се повеќе оружје, а Русите се сѐ порешителни. Енергијата ќе биде дел од конфронтацијата, бројот на мртви, борбите ќе станат побрутални отколку во последните седум месеци.“

ТРИ ЛУБЕНИЦИ ПОД ЕДНА МИШКА

Сумарумот на 6-месечното претседавање на Орбан со ЕУ покажа дека тој без било какви подготовки веќе на стартот заминал за Москва и дека ја стартувал својата ролја на „тројански коњ“ во политиките на ЕУ кон Русија како агресор и загрозувач на мирот и границите на Стариот континент. Практично, на половината од третиот мандат како премиер, тој веќе го избра новиот пријател, знаејќи дека Украина со право ќе реагира остро на сите негови чекори што божем невешто, ама со „добра намера“, ги правеше на најчувствителната точка на Европа!

И обратно – на Путин секако му требаше некој кој ќе ја растура Унијата, бидејќи таа остана единствен непријател, откако потоа НАТО требаше да се навикнува полека на извлекувањето на Трамп од заедничката борба.

Згора, Орбан почна да става вето на сите форми на помош на Украина а силно ја зазеде централната позиција и на вертикалата Братислава – Белград – Скопје (секогаш го додавам и она – Пиреја, големо пристаниште во сопственост на Кина) и обезбедувајќи си странична поддршка од Пекинг, каде исто така отиде во стартот на својот претседавачки мандат со ЕУ; практично си обезбеди за себе привилегирана позиција и во Пекинг, новата втора сила на планетата.

Во еден миг, тој стана поддржан и од трите најголеми моќници, што малку кому му успеало, а за тоа (пред сѐ во однос на Вашингтон) не можеме да ја пренебрегнеме улогата на Нетанјаху и неговите советнички испостави. Притоа, Белград се претвори во нов шпионско-инструкторски центар за израелските темни планови на Балканот, како дел од регионалниот амбиент, битен секако и за нашата земја.

Она што е необично е дека таа „раширеност“ на надворешната политика на Орбан на целата стратегиска маса му ја разводни позицијата дома, при што, чувството дека е добро кога има само еден значаен непријател  – Украина, а поддршката дури на три големи и најзначајни моќници имаше и обратен ефект, па ги испушти нивните „подароци“ бидејќи старата мудрост вели „не се држат две лубеници под една мишка“, а во случајот се дури три и сите тие ќе се лизнат со фатален пад на земјата.

Почетокот на тој тресок е доста порано. Се чини дека е во моментот на закажаната средба меѓу германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и нејзиниот колега Петер Сијарто за 6 јули 2024 година. Или да бидеме попрецизни – планираната посета на германската министерка за надворешни работи Бербок на Будимпешта за тој понеделник беше откажана од „технички“ и „неполитички“ причини, според Министерството за надворешни работи, објави „Вилаггаздасаг“. Просто, Бербок сакаше да расчисти за сите недоветности што ги прави Орбан во името на ЕУ, а овој, сакајќи да ја задржи „удобната позиција во хиерархијата на Унијата сакаше да дејствува што подолго од таа позиција“.

БЕРБОК НЕ ЈА ВИДЕ БУДИМПЕШТА По средбата со Путин, Орбан ги одбегнуваше средбите со политичарите од Унијата, а една од нив беше и таа (Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, во владиниот состав на Олаф Шолц / форо: Martin Kraft under the free license CC BY-SA 4.0)

Според соопштението, Унгарија побарала одложување на посетата поради непредвидени промени во програмата на Сијарто, но се надева дека состанокот може да се презакаже во блиска иднина. Претходно, германското Министерство за надворешни работи го изрази своето негодување поради одложувањето на состанокот, велејќи дека „е потребна сериозна и искрена дискусија откако унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со рускиот претседател Владимир Путин претходно“, пишуваше Ројтерс.

Другите детали од тој конфликт се знаат, ама работите немаат само движење по едносмерна улица, онаа која ќе значи дека Орбан е „господар на ситуацијата“. Крајот на односите ЕУ – Унгарија дојде во моментот на откривањето на шпионската афера наречена „Унгарски Вотергејт“. Поврзувањето со аферата кога падна од власта американскиот претседател Ричард Никсон (стар муштерија кај израелските советници) е фактот дека тајната служба на Орбан се обидела да ја компромитира опозиционата партија Тиса во напорот на наводната  борба против „украинските шпиони во земјата“.

Унгарската служба за заштита на уставот (Alkotmányvédelmi Hivatal, скратено AH), замислете, една од петте тајни служби во земјата (каква полициска држава!) се инфилтрирала во опозициската партија Тиса со цел да ја спречи да учествува на изборите или барем значително да ги намали нејзините шанси. Службата наводно се обидела да регрутира компјутерски научници, кои управуваат со ИТ-системот на партијата, со цел да добие внатрешни податоци и да ги користи за манипулации. И тоа било понавреме, пред девет месеци, во јули 2025 година. Во тоа време, веќе било јасно дека партијата Тиса – која, според анкетите, и во моментов, пред самите избори, има значителна предност пред партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан – е сериозна закана за владејачкиот систем пред парламентарните избори закажани за 12 април.

Нема докази дека Орбан лично ја наредил акцијата, но малку е веројатно дека не бил свесен за тоа. Имено, Службата за заштита на уставот е директно подредена на кабинетот на премиерот и е под надзор на шефот на кабинетот, Антал Роган.

ИЗМИСЛЕНО СОМНЕВАЊЕ

Целиот случај беше поттикнат од текст на истражувачкиот портал Direkt36 објавен во вторник, 24 март годинава. На нивниот YouTube канал беше објавено видео интервју. Во него, Бенс Сабо, висок функционер на Националното биро за истраги (NNI), детално го опишува случајот речиси час и половина.

Сабо бил водечки истражител на Одделот за детска порнографија на интернет. По објавувањето на интервјуто, тој поднел оставка, а потоа бил суспендиран. Според него, во јули 2025 година, неговата единица била под притисок од Службата за заштита на Уставот да започне истрага за наводна детска порнографија и да заплени компјутерска опрема од две лица.

Брзо станало јасно дека тие немаат никаква врска со тој криминал, туку дека управувале со ИТ системот на партијата Тиса. Заднината на акцијата, се чини, била таа што Службата претходно неуспешно се обидела да ги регрутира овие компјутерски научници, па затоа се плашела дека може да биде разоткриена. Во исто време, таа очигледно сакала пристап до податоците на партијата. По запленувањето на опремата, податоците навистина биле копирани – веројатно без законска основа.

Во есента 2025 година се случил голем инцидент: протекле податоци од апликацијата на партијата Тиса, вклучувајќи околу 200.000 лични податоци на нејзините поддржувачи. Владата и партијата Фидес потоа ја обвинила Украина за тоа, тврдејќи дека апликацијата е развиена од украински ИТ експерти. Сега се покажува дека манипулацијата од самиот државен апарат може да стои зад сè.

Сведоштвото на Сабо, што го споменавме, го гледале околу 2,77 милиони луѓе до моментот на објавување на овој текст. Истражувачкиот новинар Андраш Пето предупредува дека случајот покренува сериозни прашања за независноста и политичката неутралност на унгарските институции.

Политикологот Миклош Шикешд ја споредува денешната ситуација со крајот на диктатурата во Унгарија во 1989/90 година и заклучува: владата во тоа време не користела тајни служби против опозицијата за да остане на власт – додека денес, според него, партијата Фидес на Орбан покажува дека не е подготвена за демократска промена на власта.

Во обид за одбрана, Владата пробала еден од двајцата обвинети да ги прикаже како украински шпиони. Ама – што би рекле охриѓани – „имат снемано докази“. Во меѓувреме, беше покрената постапка против истражувачкиот новинар Саболч Пањи, кој пишувал за руско-унгарските односи, исто така со обвинувања дека е „украински шпион“. Тој вели дека овие тврдења се апсурдни.

Во опозиционо настроениот дел од унгарските гласачи, Сабо се слави како херој. Дури и лидерот на Тиса вели дека ако нему му „фали влакно од главата“ народот нема да чека избори, па ќе се дигне!

Виктор Орбан не се огласи со коментар за овие афери. Но, во една изјава тој го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги „повлече своите агенти“ – без никакво објаснување. На крајот, зборувајќи на состанок на 29 март 2026 година, тој упати критична закана: „Имам уште неколку куршуми во шаржерот што можам да ги искористам“.

Во следното продолжение:
Што искористи Орбан една недела пред изборите, а што пронајде опозицијата пред изборите во недела

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани

ИЗРАЕЛСКИТЕ ЕКСПЕРТИ И ОРБАНОВИОТ ПОСЛЕДЕН ОБИД ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ: Најди си добар непријател!

Поддршка за ЦИВИЛ

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ