• Latest
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026 15:00
in КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, СУДСТВО, ТОП 5
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Share on FacebookShare on Twitter

Случајот „Мазут“, кој со месеци ја бранува јавноста како наводен мега-скандал, се соочува со сериозни правни и економски нелогичности. Откако првичниот притисок стивна, премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, во одговор на пратеничко прашање, порача дека случајот се следи, но последниот збор секако ќе го има Обвинителството. Притоа, тој нагласи дека нема дополнително да коментира за да не се сфати тоа како влијание врз постапката, оставајќи на судовите комплетно да го разрешат случајот.

Овој поумерен став на извршната власт доаѓа во време кога правните експерти и економските податоци целосно го деконструираат темелот на обвинувањата.

Правни апсурди: Произволни обвинувања и непостоечка штета

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев од Правниот факултет „Јустинијан Први“, гостувајќи во емисијата „Трилинг“, го оцени предметот како крајно нејасен и со очигледни политички импликации, при што притисокот од власта е отворен и нескриен. Според него, тврдењата одат во крајности, а кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР) изобилува со нејаснотии, особено во делот на дефинирањето на штетата и обвинувањата за перење пари.

„За волја на вистината, и покрај секојдневното експонирање на случајот, воопшто не е јасно во што се состои криминалот и која е вистинската штета. Јавното обвинителство веќе некое време оди по некоја чудна логика што кај јавните набавки како штета ја зема целокупната сума на јавната набавка, а не вистинската штета. На ова се додава и обвинение за перење пари кое е сосема нејасно и произволно“, објаснува Калајџиев во „Трилинг“, како што пренесе Нова.

Наспроти тврдењата на МВР дека компанијата претрпела загуба од 167 милиони евра, претставниците на АД ЕСМ пред јавниот обвинител јасно изјавија дека штета нема. Ова создава дополнителен правен парадокс откако компанијата најави дека ќе се жали до Вишото јавно обвинителство на одлуката за затворање на истрагата. Професорот Калајџиев се прашува како е тоа воопшто можно:

„Правно гледано, компанијата го губи правото што го имала како потенцијален оштетен. Според нашиот правен систем, ако оштетениот се откаже од правото на имотно-правно побарување, постапката за штета се запира.“

Економската реалност: Профит, а не колапс

Официјалните извештаи ја сликаат сосема спротивната ситуација од онаа во кривичната пријава. За време на енергетската криза (периодот од 2021 до 2023 година кој е под истрага), ТЕЦ Неготино беше реактивирана по повеќегодишна пауза. Во 2022 година, државната централа оствари историски рекорден профит од приближно 2,25 милијарди денари (околу 36,5 милиони евра), благодарение на зголеменото производство на струја за регулираниот пазар.

Дополнително, анализите на професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) потврдуваат дека доколку државата тогаш правела увоз на струја по берзански цени, тоа би чинело околу 880 милиони евра, наспроти набавката на мазутот која чинела 167 милиони евра. Сите овие финансиски резултати се јавно достапни и проверливи на веб-страниците на ЕСМ и Македонската Берза.

Што стои за случајот: Како истрагата прерасна во институционален судир

Случајот „Мазут“ започна во март 2025 година, кога Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), по иницијатива на Антикорупциската комисија, отвори истрага против 13 физички и едно правно лицеНа почетокот на случајот, во фокусот беа актуелниот директор на ЕСМ Лазо Узунчев, поранешниот директор Васко Ковачевски, сопствениците на РКМ Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, како и Асмир Јахоски, како што рекапитулира Љубомир Костовски во ЦИВИЛ Медиа објавен на 14 мај, каде што се осврнува и на „валканата медиумска совест“ во овој случај.

Истрагата требаше да биде доказ за борба против корупцијата, но се претвори во симбол на институционални судири. По повеќе од една година, ОЈО ГОКК ја затвори постапката поради недостаток на докази за кривично дело и неутврдена штета.

Клучниот момент за падот на истрагата се случи на 4 март 2026 година. Тогаш претставници на АД ЕСМ дадоа искази дека компанијата имала корист од набавките бидејќи биле избегнати рестрикции на струја. Обвинителката Катерина Коларевиќ тогаш децидно порача дека обвинение не може да се гради врз политички очекувања ако нема материјални докази.

Иако сега премиерот Мицкоски смирува топката од собраниската говорница, првичната реакција на затворањето на истрагата беше бурна. Премиерот и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изразија јавен шок, а Мицкоски дури и телефонски разговараше со државниот обвинител Ненад Савески, потег кој и тогаш беше оценет како проблематичен за независноста на правосудството.

Денес, случајот „Мазут“ само ја надополнува пошироката слика на недоверба во институциите. Во јавноста сè погласно се поставува прашањето дали постои вистинска политичка волја за расчистување со криминалот, особено во контекст на серијата скандали каде високи функционери добиваат спогодби (како признанијата на Иџет Мемети и Наке Георгиев), додека големите помпезни истраги завршуваат во меѓусебни институционални препукувања каде што никој на крајот не одговара.

Д. Муратов

 


Поддршка за ЦИВИЛ

Кога вистината е нападната, молкот не е неутрален.
Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, хибридните закани и авторитаризмот.

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ