• Latest
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА ТЕХНОЛОГИИ

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026 11:43
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТЕХНОЛОГИИ
Преземено од Unsplash

Преземено од Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Компанијата Mета, сопственик на Facebook и Instagram, се согласи да плати до 18 милијарди долари и да воведе значителни ограничувања за користењето на своите платформи од страна на малолетници, во рамки на историска спогодба со американските државни обвинители.

Спогодбата, објавена на 26 август, го прекинува големиот судски процес во кој Meta беше обвинета дека намерно дизајнирала функции на Facebook и Instagram за да создаваат зависност кај деца и тинејџери, и покрај сознанијата за ризиците по нивното ментално здравје. Обвиненијата опфаќаа и наводи дека компанијата не ги информирала соодветно родителите за ризиците и дека собирала податоци од деца под 13 години без соодветна родителска согласност.

Станува збор за спогодба со која се опфатени 52 државни обвинители од американските држави, територии и Дистриктот Колумбија. Иако сумата се наведува како до 18 милијарди долари, главниот дел од спогодбата изнесува околу 16,7 милијарди долари, додека дополнителните средства се поврзани со други постапки и услови.

Ограничување на времето пред екран

Еден од најзначајните делови од договорот се новите правила за малолетните корисници.

Мета се обврзува да воведе стандардно ограничување од два часа дневно за користење на Facebook и Instagram од страна на тинејџерите. Предвидено е и автоматско блокирање на пристапот во текот на ноќта, исклучување на известувањата за време на училишните часови, како и нови алатки за родителска контрола.

На секои 15 минути континуирано користење, тинејџерите треба да добиваат известување за времето поминато пред екран.

Мета исто така ќе применува посилни механизми за утврдување на возраста на корисниците, а ќе биде воспоставен и независен надзор над почитувањето на договорените правила.

Доколку YouTube и TikTok се приклучат кон сличен систем, ограничувањата би можеле да станат уште построги. Тогаш дневното користење би било намалено на еден час по апликација, а ноќното блокирање би било продолжено од полноќ–06:00 на 22:00–07:00 часот.

Mета не признава вина

И покрај огромната финансиска вредност на договорот, Мета не признава дека ги прекршила законите или дека е виновна за наводите изнесени во тужбите.

Компанијата спогодбата ја претставува како чекор кон воспоставување заеднички стандарди за заштита на младите на сите големи платформи и ги повика TikTok и YouTube да ги прифатат истите правила.

Од друга страна, американските обвинители ја претставуваат спогодбата како голема победа во обидите да се ограничи влијанието на социјалните мрежи врз децата.

Њујоршката јавна обвинителка Летиција Џејмс, пак, спогодбата ја опиша како значаен чекор кон воспоставување нови стандарди за заштита на децата на социјалните мрежи.

Околу 10 милијарди долари трошок за Mета во 2026 година

Финансискиот удар е значаен, но исплатата нема да биде реализирана одеднаш. Meta соопшти дека околу 70 проценти од средствата, односно приближно 12,7 милијарди долари, ќе бидат исплатени во текот на десет години. Останатите околу 5,3 милијарди долари се условени со преземање слични мерки и плаќања од YouTube и TikTok.

Компанијата очекува во третото тримесечје од 2026 година да книжи околу 10 милијарди долари правен трошок поврзан со спогодбата.

Сумата од 18 милијарди долари е вредност на спогодбата, а не судска пресуда со која Mетае прогласена за виновна и осудена да плати 18 милијарди долари. Договорот треба да добие судско одобрување.

Подготви: Б. Ј.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ