• Latest

Одма боље видиш

May 31, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одма боље видиш

May 31, 2026 09:09
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Војо Маневски

Знам дека оваа реченица не е за наслов ама тешко можам на друг начин да ја опишам состојбата.

Некои од случките во животот кој си ги доживеал или слушнал прават изреки или правила кои си ги споменуваш како израз на мудрост или барем интересен начин да оправдаш некои свои поведенија. Некогаш и како модел за објаснување на состојбите во заедницата.

Моите случки од пазарот некогаш на најприроден начин го отсликуваат нашиот колективен карактер. Капиталистичкото општество има правила кои се најблиску до природата на човекот. Тоа ѐ она што го опишува Јунг како двојност во природата на човековото поведение. Можеби во основа ние сме добри и важно ни е да бидеме солидарни кон членовите на нашата заедница ама стравот за преживување го моделира карактерот на секоја единка како себична креатура која заборава на се кога е во опасност неговиот интерес. Ретките кои не потпаднат под стравот за преживување во разни услови сѐ примери кои ги величаме ама ретко постапуваме како нив.

Овој петок цените на пазарот во Штип се спуштија на некакво прифатливо ниво за плитките џебови на пензионерите кои се најголемиот дел од купувачите. Ако се остави на страна необјаснивата цена на црешите кои чинат колку и килограм кременадли, другото беше во опсегот на куповната моќ на пазарџиите. Домати по 60 денари, исто толку и краставици. Скоро сѐ се движеше во износот до 100 денари за килограм. Но причината за моето одење на пазар не се цените, туку луѓето кои се движат меѓу тезгите и по нешто купуваат. Секако и продавачите се во истото дијалектичко единство на спротивности. Економистите тоа го крстиле како сооднос меѓу понудата и побарувачката.

Додека го полнам ќесето со домати од моето лево раме се подава човек кој некако милозвучно прашува

– Колку ги давате доматите?

Продавачот со докторско познавање на комуникацијата на пазарите низ регионов со насмевка број пет одговара

– Не даваме ние овде ништо господине, ние продаваме земјоделски производи изложени на тезгава.

Човекот малку збунет – добро де, добро ама секако ги давате нели?

– Да, даваме ама откако ќе се плати цената за нив уште по насмеано му одговара продавачот.

Купувачот се сврте без збор и очигледно навреден си замина.

– Ете бе новинар гледаш ли каков е нашиот народ. Да му дадеме домати. Абе, тој застанал во титово време кога не се кажуваше цената зошто тоа било капиталистичко однесување на пазарот. Е, сега такво веќе нема. И дома без пари никој ништо не ти дава. Некаква цена и дома мораш да платиш. Еее, вакви кои уште не прогледале во кое време живеат полна е Македонија. Што ти мислиш ќе прогледаат ли некогаш?

Што да му одговорам кога тешко прогледуваат тие што се одговорни да гледаат подалеку од нас а што останало за граѓаните збунети од суровоста на пазарните односи. Политичарите никако да ја разберат суровоста на политичките односи засновани на интерес на оние што ги избрале обидувајќи се на граѓаните да им продаваат принципи и етика. Додуша кога се во интерес нивните интереси од секаков вид, совршено ги разбираат правилата. Претседателката во две кампањи го напаѓаше преспанскиот договор со правничка стручност и елоквенција а сега вели дека тоа е политички и правен императив па дури и има пофалби за тој договор.

Одкако се качи на Водно прогледала  низ  реалната состојба на политичките односи во светот.  Одма боље видиш, би рекол мајстор Рашо.

Ете каде лежи мудроста на оние што не поминале високи школи  ами животот ги научил да се снаоѓаат во разни состојби кои се исправуваат пред нив.

Оваа приказна ја оставив за крај на овој текст зошто е природен показател за тезите кои ги кажувам.

Рамиз Бачевац беше легендарен возач на автобус во штипското превозно претпријатие. Ветерот на живот го донел во Штип каде со неговата сопруга Милојка засновале семејство и се справувале со животните предизвици.

Изворноста на приказнава е потврдена од мојот братучед кој се отсели таму каде е најдалеку од овде. Подалеку изгледа и нема од Австралија. Неколку години работеше како кондуктер во превозното претпријатие.

На релациите што некогаш ја поврзуваа Македонија од Скопје до Дојран патуваат патници од разни краеви и дијалекти. Работниот ден завршува во хотелот во Дојран, а утредента рано повторно истата релација до Скопје. Топол летен ден, патниците влегуваат и излегуваат на попатните станици. Заморот ги притиска очните капаци на мајстор Рашо, држејќи го воланот со големина на воденичко тркало.

Кога се помине раскрсницата за селото Фурка езерото се појавува и го освежува воздухот. Влегуваат последните патници и едноставно оставаат пари кај кондуктерот а не бараат карти. Навикнати на вакви кратки релации  не се заморуваат со  формалности зошто автобусот и не е должен да застанува на селски станици. Рашо, веќе изморен, ја гледа трансакцијата и почнува да ги трла очите.

– Нешто ме вид зајебава и не видим добро. Да одвозим аутобус па морам нешто предузети око гледања – на својот јазик констатира мајстор Рашо.

Пенчо разбирајќи ја состојбата со Рашо веднаш презема организациски мерки да се надмине проблемот. Кратко сместување и веднаш конекција со локалните дојрански рибари и свежа риба, како лек за ослабениот вид е обезбедена .

– Знаеш Пенчо  риба има један састојак који поболшава вид и треба да се једе барем једнаш недељно. Посебно ние шофери мораме да водиме сметка за тоа па људе возимо – сѐ исцрпно објаснува Рашо на измешан јазик кој нему му е  начин на комуникација.

Куварска екипа од хотелот си ја презема одговорноста за медицинскиот случај на мајстор Рашо а белото вино со сода е како суплемент за употребата на лекот. После пропишаната постапка на земање лек и суплемнти се констатира дека лечењето е успешно.

Еее, Пенчо брате одма боље видим. Кажем ти, чим једеш рибу, одма боље видиш.

Сѐ има своја цена и возењето на автобус и давањето карти и слабото гледање.  Само се зависи од положбата во која се наоѓа субјектот на проценување. Затоа, да не нѐ чуди што довчерашните опозиционери сега на друг начин ги гледаат работите. Кога се зема кредит за пополнување на буџетските дупки се напаѓа постапката како беспотребно задолжување на државата а кога се на власт тоа е санација на наследените дубиози и можност за развој на економијата.

Се зависи од тоа кој лек е употребен ако е вистинскиот лек е: ОДМА БОЉЕ ВИДИШ.

 


Војо Маневски е долгогодишен новинар и уредник, политички аналитичар и колумнист во медиумската платформа на ЦИВИЛ | ЦИВИЛ МЕДИА


Поддршка за ЦИВИЛ

Кога вистината е нападната, молкот не е неутрален.
Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, хибридните закани и авторитаризмот.

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ