• Latest
Виктор Орбан | © European Union, 1998 – 2026

ИЗРАЕЛСКИТЕ ЕКСПЕРТИ И ОРБАНОВИОТ ПОСЛЕДЕН ОБИД ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ: Најди си добар непријател!

April 8, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ИЗРАЕЛСКИТЕ ЕКСПЕРТИ И ОРБАНОВИОТ ПОСЛЕДЕН ОБИД ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ: Најди си добар непријател!

April 8, 2026 09:50
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Виктор Орбан | © European Union, 1998 – 2026

Виктор Орбан | © European Union, 1998 – 2026

Share on FacebookShare on Twitter

Човекот што им помогна на Орбан и Нетанјаху да дојдат и останат на власт на стартот на нивната кариера, најде политички рецепт кој секогаш останува актуелен – поларизација и омраза

Пишува: Љубомир Костовски
Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА

„Добро е да имаш непријател“, вели Џорџ Бирнбаум, еден од кумовите на модерниот популизам.

„Бидејќи многу ретко ќе најдете некој што е сакан од сите“.

Ова се зборови на човекот кој беше политички консултант 30 години. Најпрво му помогна на Бенјамин Нетанјаху да дојде на власт со изненадувачка победа во Израел во 1996 година, а потоа го повтори тој успех со Виктор Орбан од Унгарија во 2010 година.

Тој има клиенти во многу земји, а денес лета помеѓу Њујорк, Дубаи и Хараре. Инаку се смета за наследник на сега починатиот Артур Финкелштајн, починат во 2017 година, брилијантен математичар кој ја преосмисли уметноста на водење политичка кампања во САД, помагајќи му на Ричард Никсон да дојде на власт во 1972 година, како и на многу други републикански лидери.

ПОЛИТИЧАР КОЈ ГИ ИСЦРПУВА МОТИВИТЕ

Ако говориме за изборот на непријатели од страна на Нетанјаху, не мора многу да говориме, на добар пат е него да го замрази целиот свет, вклучувајќи и дел од сопствената нација. И на Орбан тоа му успеваше до сега, иако е на пат да ја исцрпи оваа приказна што секогаш му успева, бидејќи истата, како излитена реприза, станува подарок кој му се лизнува од рацете.

Бирнбаум, едно од „децата на Артур“ – под менторството на починатиот бизнис партнер, понекогаш искрено ќе им препорачал на своите клиенти, но и на оние кои ги бараат негови услуги за добри пари дека „треба… да се обидете да ги поларизирате изборите околу прашањето што најдобро ви оди во насока, т.е. дрога, криминал, некоја раса во државата, а ако ова не се прифати, тогаш вашиот противник ќе ја искористи иницијативата за поларизација, па тогаш сте во неволја.“

Дуото постигна драматично изненадување со првата изборна победа на Бенјамин Нетанјаху во Израел, која дојде само неколку месеци по атентатот врз претходникот, врз премиерот Шимон Перес.

Нетанјаху кон претходникот се однесувал беспризорно, а гласачите биле воодушевени од слогани како „Перес ќе го подели Ерусалим во мировните преговори со Палестинците“.

Подоцна, овој советник на прашање на еден новинар на BBC дали во тој изборен лозунг имало вистина признал дека немало! (Ова е секако интересно кога таа стратегија ќе се споредува со некои „анти“ политики на нашата актуелна власт во друг повод).

ОД ШТО СЕ ПЛАШАТ УНГАРЦИТЕ

Во 2008 година, Финкелнштајн и Бирнбаум почнаа да работат за унгарскиот политичар Виктор Орбан, чија десничарска партија Фидес постигна убедлива победа во 2010 година. И на Виктор Орбан му требаше непријател – човек од кој на Унгарците можеше да им се каже да се плашат. По бројни анкети на јавното мислење, советниците се одлучија Орбан да го нападне Џорџ Сорос, тогашниот 85-годишен американски милијардер и филантроп роден во Унгарија, како совршена цел.

„Џорџ Сорос беше добра цел. Бидејќи на доволно луѓе во Унгарија не им се допаѓаше идејата за овој милијардер зад завесата, речиси како… волшебникот од Оз, да ја контролира политиката“, вели Џорџ Бирнбаум во еден разговор за BBC.

Нападите на Орбан врз Џорџ Сорос инаку продолжија со пренасочувањето на своето непријателство кон нова цел на поинаков начин. Имено, Сорос се залагаше за помек однос на ЕУ кон бегалците од Блискиот Исток, од Сирија пред сѐ, а Орбан своето реторичко острило го насочи кон муслиманите во Унијата и конкретно, кога дојде до бегалскиот бран кон бегалците-муслимани! Но, во тој контекст бараше Брисел да го нападне Џорџ Сорос, бидејќи, споменатиот – и самиот Евреин (!) – работи „со своите милијарди“ да се омекне ставот кон овие луѓе што побегнале од војната. Планот за апсорпција на дојденците Орбан го нарече „план на Сорос“ а тука сметаше на ставовите на десницата во поширок аудиториум од унгарскиот.

„Колку и да е неверојатно, еврејскиот филантроп беше обвинет за заговор за уништување на христијанска Европа со муслимански имигранти – идеја што веќе добиваше на популарност на крајно десничарските маргини на европската политика како ’теорија за голема замена’. Мигрантите станаа страотниот ’друг’ во погледот на светот на многу Унгарци, заменувајќи ги Евреите или Ромите. А демонизацијата на Џорџ Сорос зрачеше од Унгарија, низ целиот свет“, пишува новинарот на BBC, Ник Торп, инаку и сега како и тогаш дописник од Источна Европа.

При едно патување во САД, Орбан дури одржал и едно предавање против Сорос на републиканците на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во американската држава Тексас во 2022 година.

„Го познавам Џорџ Сорос многу добро. Тој е мој противник. Тој не верува во ништо од она што го правиме ние“, им рече унгарскиот лидер на своите американски домаќини.

ПО МУСЛИМАНИТЕ ДОАЃААТ… УКРАИНЦИТЕ

Значи да резимираме – мандатот од 2010 – 2014 година Орбан ги доби во поставувањето на филантропот Орбан на местото на „страшило за нацијата“, како дел од приказната дека е опасно кога тој дури и заткулисно има влијание врз клучните политички актери. Само да се потсетиме дека седиштето на неговото Отворено општество беше во Будимпешта, а дека партијата ВМРО-ДПМНЕ и кај нас создаде одиум кон овој племенит лик.

Следниот мандат Орбан го доби како тврда брана во напливот на бегалците од Блискиот, но и Среден Исток, кој преку Турција, Грција, Македонија и Србија требаше да минат низ „мекиот стомак“ на Европа – Унгарија. Ама таа патека на брзата средба со земјите на соништата се покажаа залудни.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, потенцираше дека Унгарија не сака мигранти, Орбан додаде дека Сорос финансирал 60 невладини организации кои ја поддржуваат миграцијата во Европа.

„Голем број на муслимански имигранти ќе доведат до појава на паралелни општества. Муслиманските и христијанските општества никогаш не се поврзуваат. Ние (Унгарија) тоа не го сакаме и не сакаме никој да нѐ присилува на тоа“, рече своевремено Орбан.

Тој говори дека не ги гледа мигрантите кои сакаат да влезат во ЕУ како бегалци туку како „инвазивна муслиманска сила“.

БЕЗ МИЛОСТ | Начинот на кој Орбан се справуваше со мигрантите беше осуден и од ОН (Фото: Колона сириски бегалци ја преминуваат границата меѓу Унгарија и Австрија на пат кон Германија. Унгарија, Централна Европа, 6 септември 2015 година / Mstyslav Chernov, CC BY-SA 4.0)

При тоа ги прекоруваше европските соседи, но и главните сили, тврдејќи дека сами не можат да го спречат овој процес. ЕУ треба да го почитува својот суверенитет како и секоја земја членка и мора да има способност да го заштити своите граници велеше тогаш Орбан.

Тој тоа го правеше брутално, со дозвола за насилство на своите сограѓани врз дојденците, но и со изградба на цел појас на бодливата жица долж границата со екс-Југославија! Јасен беше и во намерите за протерување (од земјата од каде што влегле дојденците) што, пред сѐ, ја оптовари Србија, земја во која бегалците се задржуваа долго. Ова не влијаеше ни малку на односот на Белград кон Будимпешта. Да се сетиме само на оној чин кога една камерманка од некоја унгарска телевизија намерно сопна бегалец кој трчаше после жицата и се смееше над „жртвата“, па стана национална хероина, небаре е Јованка Орлеанка!

Логиката на Орбан просто беше јасна за многу жители на Стариот континент и може да го објасни зголемениот интерес за десницата ама онаа поекстремната. Орбан велеше дека муслиманите не можат да бидат интегрирани, бидејќи, постојат сериозни разлики, дури противречности помеѓу европските и муслимански вредности, менталитет, образование и култура.

„Не можеме да бидеме солидарни со луѓето кои си поставуваат за цел промена на европската култура и влегуваат во нашиот идентитет”, истакна Орбан во еден говор одржан во соседна Романија.

 


Во следното продолжение:
Орбан го најде Путин како свој иден сојузник


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ