• Latest

Пропагандна артилерија за спас на Орбан: Кој сѐ е ѓуле во операцијата „лажно знаме“

April 6, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Пропагандна артилерија за спас на Орбан: Кој сѐ е ѓуле во операцијата „лажно знаме“

Инцидент или пропагандна операција? Експлозивите „пронајдени“ во близина на енергетска инфраструктура во Србија отвораат сомнежи за контролирана криза со цел да се изврши влијание врз изборниот исход во Унгарија во корист на Орбан

April 6, 2026 07:01
in АНАЛИЗИ, КОМПАС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Наводите за сериозен безбедносен инцидент во Србија – пронајдени експлозиви во близина на гасовод што ја снабдува Унгарија – отворија простор не само за алармантни прашања, туку и за опасни наративи со потенцијал да влијаат врз политичките процеси во регионот.

Според лондонски „Гардијан“, инцидентот избива само неколку дена пред парламентарните избори во Унгарија, што веднаш ја подигна политичката температура. Во јавноста веќе циркулираат обвинувања, сомнежи и шпекулации – вклучително и тврдења дека станува збор за можна операција „лажно знаме“ во која се имплицира и Северна Македонија.

Извор на ЦИВИЛ Медиа од безбедносната експертска заедница предупредува дека постои реална можност настанот да биде инструментализиран за обвинување на Украина, со цел дополнително да се засилат веќе агресивните пропагандни наративи на Виктор Орбан против официјален Кијив.

Но, токму тука започнува сложената и опасна игра помеѓу фактите и нивната политичка интерпретација.

Што е познато, а што не се вклопува

Официјален Белград тврди дека се пронајдени експлозиви во близина на клучна енергетска инфраструктура, со потенцијал да предизвикаат сериозни последици за енергетската стабилност и безбедноста во земјата и во регионот.

Но, според изворите на ЦИВИЛ Медиа, ваквата верзија отвора сериозни сомнежи.

„Тврдењата не се вклопуваат во основната логика на изведување диверзии врз критична инфраструктура. Ова не е начин на кој се поставуваат и активираат вакви операции“, вели нашиот извор.

Искуствата покажуваат дека овој „инцидент“ не е добро подготвен ни од пропаганден аспект, односно звучи неубедливо.

„Случајно може да се најде муниција заостаната од конфликт – но не и ваков тип на поставен материјал со наводна стратешка цел“, додава тој.

Во регион во кој голем број луѓе имаат војничко и воено искуство, овие наводи не наидуваат на доверба.

Од друга страна, без оглед на тоа колку еден пропаганден наратив звучи наивно, тоа што е важно е колку агресивно се пласира во јавноста за да предизвика конфузија, недоверба и страв.

Впрочем, овој наратив е во служба на интересите на Орбан кој овие информации може лесно да ги препакува во нов пропаганден бран со обвинувања насочени кон Украина, сега веќе со вклучени безбедносни димензии.

Тајмингот не е случаен – операција за спас на Орбан, макар и со одложување на изборите

Оваа сторија се појавува во исклучително чувствителен политички момент – непосредно пред клучните избори во Унгарија. Во такви околности, секој безбедносен инцидент – вистински или конструиран – автоматски добива политичка тежина.

Затоа, не е изненадувачки што политички и безбедносни аналитичари веќе јавно ја истакнуваат можноста дека се работи за т.н. операција „лажно знаме“ – термин со кој се означува инструмент што се користи во операции чија цел е да се префрли вината на друга страна или да се манипулира со јавноста.

Паралелно со официјалните информации, на социјалните мрежи се шират тврдења за поширока, координирана операција за спас на Орбан поврзана со бизнис и медиумски мрежи блиски до Орбан, со наводно учество на актери од Србија, Босна и Северна Македонија.

Според овие тврдења, крајната цел не е само политичка мобилизација – туку создавање услови за одложување на изборниот процес во Унгарија. Во овој момент, овие тврдења не се потврдени од релевантни медиуми или институции. Но, нивното појавување – во ваков тајминг и во ваков контекст – не може да се игнорира.

Доколку овие наводи се покажат како точни, тоа може да значи само едно – Орбан веќе не стравува, туку знае дека неговиот изборен пораз е неизбежен. Односно дека тој веќе го става во функција сценариото во кое изборниот пораз не може да се избегне ни со изборна измама и купување гласови, туку дека мора да вклучи и „тешка артилерија“.

Во тој случај, безбедносниот инцидент би бил само дел од поширока стратегија во која спаѓа и создавање криза, мобилизација преку страв, и отворање простор за вонредни политички потези.

Информациска војна во реално време: Скопје виа Будимпешта

Во овој момент се одвива интензивна информациска и психолошка операција. Антиукраинските наративи се во срцето на предизборната стратегија на Орбан – со поддршка од Кремљ, синхронизација преку регионални прокси структури, и засилување преку глобалната крајна десница, вклучително и MAGA мрежите.

Во таа архитектура, улогата на Белград и Скопје сè појасно се профилира и навестува дека „прекуграничната соработка“ одамна оди подалеку од политичко партнерство. Тие веќе функционираат како оперативни канали. Дополнителен слој на сомнеж отвораат и зачестените политички контакти меѓу Будимпешта и владините структури во регионот, вклучително и посетите на македонскиот владин врв од почетокот на годината, а особено неодамнешната средба на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, со унгарскиот властодржец.

Ова само по себе не е доказ. Но, во комбинација со останатите елементи, станува дел од поширока шема што не може да се игнорира. Тука, Мицкоски е дел од мозаик што веќе добива јасна форма.

Пропагандна артилерија

Во вакви услови, наративите не мора да бидат точни за да бидат ефективни. Напротив, доволно е да бидат интензивни, драматични и политички употребливи, за да ја обликуваат јавната перцепција, да создадат конфузија и да ја парализираат јавноста.

Во таква атмосфера, изборниот процес станува ранлив – не само на манипулација, туку и на обезвреднување и делегитимизација. Меѓу другото, тоа може сериозно да влијае врз излезноста, особено на неопределените и опозициски настроените гласачи.

Не може и не смее да се игнорира поширокиот контекст на долгорочни политички, медиумски и економски врски меѓу Будимпешта и одредени кругови на Балканот.

Бизнисменот Петер Шац, дел од најтесната орбита околу Орбан, веќе одамна има воспоставено медиумско присуство во Северна Македонија, вклучително и сопственички удели во телевизиски и медиумски структури. Тие структури беа интензивно вклучени во пропагандни операции во клучни процеси, почнувајќи од Преспанскиот процес и попречувањето на евроатлантските интеграции, до пропагандните удари врз Специјалното јавно обвинителство и уривањето на владата на СДСМ, па сѐ до жестоката проруска кампања во јавниот дискурс во земјата.

Операцијата започна – до каде ќе се оди со нејзината реализација? 

Руското и српското влијание во медиумскиот простор во земјата е добро документирано и во последните години функционира со значително помал отпор, а сѐ повеќе со поддршка од власта.

Во таков амбиент, инфраструктурата за координирани информациски операции веќе е воспоставена и може да се стави – ако веќе не е ставена – во функција на пропагандни операции и влијание врз изборните процеси, вклучително и во Унгарија.

И токму затоа, ова повеќе не изгледа како изолиран инцидент или случајна медиумска конструкција.

Сè повеќе личи на активирање на веќе подготвен механизам. Ако ова сценарио се покаже како точно, тогаш не зборуваме за инцидент, а уште помалку за вообичаена политичка поддршка, туку за контролирана ескалација со јасна политичка цел.

Сега прашањето не е дали постои операција, туку колку далеку ќе оди.

 


CIVIL MEDIA


Овој текст се базира на медиумски извештаи и извори од експертската заедница, како и на содржини од социјалните мрежи. Дел од наводите не се независно потврдени и се предмет на тековни проверки и анализи. Содржината е одговорност на авторот.


Поддршка за ЦИВИЛ


Како функционира руската дигитална операција за влијание врз изборите во Унгарија

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И ПРЕПОРАКИ: Русија и битката за демократија на Западен Балкан

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ