• Latest
Петер Маѓар (ФБ)

Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

April 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

Што следува за Унгарија и Европа по колосалната изборна победа на Петер Маѓар?

April 13, 2026 16:49
in АНАЛИЗИ, ЕВРОПА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Петер Маѓар (ФБ)

Петер Маѓар (ФБ)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

По парламентарните избори од 12 април 2026 година, Унгарија влегува во нова политичка фаза. Со убедлива победа, Петер Маѓар стави крај на 16-годишното владеење (2010–2026) на Виктор Орбан. Но она што следува ќе биде обликувано помалку од самиот изборен резултат – и многу повеќе од правната и институционалната архитектура што Орбан ја остави зад себе.

Унгарскиот парламент со 199 пратеници бара 100 пратеници за владејачко мнозинство и 133 пратеници за уставни измени. Токму тој праг ја одредува можноста за длабоки и брзи реформи.

Реалистични сценарија

Со оглед на тоа што ТИСА освои меѓу 130 и 135 мандати, јасно е дека партијата обезбеди двотретинско мнозинство. Тоа значително го проширува опсегот на она што новата власт може да го направи – и колку брзо може да го направи тоа.

Формирањето на владата може да се заврши во рок од една до две недели (до крајот на април), по што ќе следуваат избор на премиер, именување на министрите и започнување на законодавната агенда во првите 30 до 60 дена. Првите 100 дена (април–јули 2026) ќе бидат политички пресудни.

Но вистинскиот предизвик започнува таму каде што завршува изборната победа.

Системот на Орбан е вграден во мрежа од т.н. „кардинални закони“ (sarkalatos törvények), кои бараат двотретинско мнозинство за да се изменат. Овие закони ги регулираат клучните сегменти на државата, како што се судството, медиумите, изборниот систем и надлежностите на Уставниот суд.

Со обезбеденото двотретинско мнозинство, новата власт има правен капацитет да ги менува овие рамки. На краток рок (2026), тоа отвора можност за уставни измени, реформи во судскиот систем и преуредување на медиумската регулација. На среден рок (2026–2027), тоа значи и потенцијална промена на институционалното раководство и воведување нови регулаторни механизми.

Во исто време, делови од системот се дизајнирани да опстанат и по изборните циклуси. Многу клучни позиции се обезбедени преку долгорочни мандати: главниот обвинител има мандат од девет години, судиите на Уставниот суд до дванаесет години, а членовите на Медиумскиот совет девет години. Со оглед на тоа што овие мандати се протегаат во долг временски период, делови од Орбановата институционална архитектура може да останат на сила сè до 2028–2034 година, без оглед на промената на власта.

Огромен потенцијал за европските фондови

Унгарија во моментов има меѓу 30 и 35 милијарди евра од европските фондови кои се замрзнати, суспендирани или условно достапни – што претставува една од најважните димензии на постизборната транзиција.

Ова вклучува околу 22 милијарди евра од Фондовите за кохезија (2021–2027), како и 10,4 милијарди евра од Механизмот за закрепнување и отпорност (RRF). Дополнително, дел од средствата се одобрени, но сè уште не се исплатени.

Овие средства се поврзани со механизмот за владеење на правото на ЕУ (Регулатива 2020/2092) и со системот на исплата врз основа на исполнети услови.

Отклучувањето на овие средствата најверојатно ќе се одвива во три фази. Наскоро, веќе во вториот квартал од 2026, односно веднаш, новата влада може да започне преговори со Европската комисија, што може да доведе до делумно ослободување на претходно одобрените средства. Во втората половина на 2026 година, може да се очекува делумно одмрзнување и први значајни исплати. Целосен пристап до средствата е веројатен веќе во 2027 година и понатаму, а ќе се реализира постепено.

Во пракса, европските фондови претставуваат најбрз и највидлив економски ефект од политичката промена.

Преориентација на надворешната политика

Врските на унгарското раководство со Кремљ и неговата отворено антиукраинска позиција во изминатите години беа повеќе од проблематични. По целосната руска инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година, Унгарија под водство на Орбан задржа опструктивен став кон санкциите, додека истовремено ги продолжи цврстите енергетските врски со Москва.

Се очекува владата на Маѓар да направи јасен пресврт во однос на овие политики – целосно усогласување со санкциските режими на ЕУ, политичка и материјална поддршка за Украина и повторно позиционирање на Унгарија во рамките на НАТО. Овој пресврт може да се случи веќе во првите недели по формирањето на владата.

Дополнително, се очекува Маѓар да ги исполни најавите дадени за време на изборната кампања, според кои, доколку неговата ТИСА победи на изборите во април 2026 година, неговата влада ќе пристапи кон екстрадиција на конкретно именувани полски политичари — Збигњев Жиобро и Марчин Романовски — на кои им беше одобрен азил во Унгарија. Тој исто така нагласи дека под влада на ТИСА, Унгарија повеќе нема да биде безбедно засолниште за вакви случаи.

Поранешниот премиер на Северна Македонија и бегалец од правдата, Никола Груевски, е меѓу блиските до режимот на Орбан кои уживаат заштита во Будимпешта уште од ноември 2018 година. Дали ќе ја промени својата адреса по вторпат во осум години, останува да се види кога Маѓар ќе одлучи да започне со „расчистување“ на листата на гости на Орбан.

Ден по изборната победа на Маѓар, полскиот премиер Доналд Туск изрази надеж дека двајцата поранешни полски министри, на кои им беше доделен политички азил во Унгарија, ќе бидат вратени за да се соочат со правдата.

Очекуван отпор од системот на Орбан

Системот на Орбан беше изграден да го надживее изборниот пораз. Транзицијата ќе биде далеку од мазна.

Бран од правни предизвици е веројатен уште во април–мај 2026 година, проследен со институционални опструкции и намерно забавување на клучните процеси. Она што следува нема да биде отворена конфронтација, туку нешто многу поупорно: контролиран отпор – тивок, процедурален и тежок за демонтажа. Овој модел веќе го видовме во Северна Македонија, каде недостигот на политичка волја и институционална реакција доведе до назадување на реформските процеси. Затоа, претпазливоста и стратешкото размислување мора да бидат придружени со бескомпромисна акција и долгорочна посветеност.

Навистина, оваа издржливост е резултат на намерен дизајн, и ја надминува секоја поединечна политичка фигура. Таа беше консолидирана и целосно искористена за време на владеењето на Орбан за политичка корист, наместо за заштита на демократските институции. Клучно, оваа архитектура е вградена преку долгорочни институционални мандати. Главниот обвинител има мандат од девет години, судиите на Уставниот суд до дванаесет години, а членовите на Медиумскиот совет девет години. Како резултат, клучните полуги на влијание можат да останат на сила далеку по тековниот изборен циклус, потенцијално до 2028, па и 2034 година, без оглед на промената на власта.

Оваа фаза на отпор може да трае најмалку во текот на првите две години од мандатот на Маѓар, обликувајќи го и темпото и границите на реформите.

Се очекува и засилување на медиумските контра-кампањи. Тие нема да бидат ограничени само на Унгарија. Напротив, ќе бидат засилени преку кремљовски поврзани мрежи и политички актери во Западен Балкан, вклучително Србија, Северна Македонија, Република Српска и делови од хрватската политичка сцена, како и низа други. Наративот е веќе познат: делегитимизација, дезинформации и обиди промените да се прикажат како закана за стабилноста.

Централниот предизвик за Маѓар

Со излезност од 77–78 проценти, очекувањата се исклучително високи, можеби и нереално високи.

Маѓар ќе мора да испорача видливи резултати во првите 100 дена, притоа одржувајќи го темпото во следните две години, ако не и во целиот четиригодишен мандат. Предизвикот не е само да се демонтира еден длабоко вкоренет систем, туку тоа да се направи без да се репродуцира неговата логика—без нова концентрација на моќ и без слабеење на институциите што треба да се обноват.

Изборите од 12 април 2026 година го сменија носителот на власта. Но системот—обликуван од закони, институции и мрежи, ќе бара години за да се трансформира. Надвор од самата транзиција на власта, пред Унгарија стои долга институционална борба.

Наслов на оригиналот: Magyar Wins. Hungary’s Real Test Begins. (civil.today)

Поддршка за ЦИВИЛ

Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ