• Latest
Фото: Ариан Мехмети

Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

February 25, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

February 25, 2026 13:52
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Фото: Ариан Мехмети

Фото: Ариан Мехмети

Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на јавните обвинители побара од Собранието да ја повлече од дневен ред точката за изменување на Законот за платите на јавните обвинители. Велат дека се свесни за економската состојба во државата и потребата од мерки за штедење, но потсетуваат дека согласно Законот за платите на јавните обвинители, платата не може да биде намалена со закон или со одлука на државен орган, освен во случај на утврдена дисциплинска одговорност.

„Функцијата јавен обвинител е неспојлива со извршувањето на каква било друга функција или дејност. Поради тоа, платата е единствен приход за јавните обвинители и таа се движи во распон од минимални помалку од 90.000 до максимални 130.000 денари. Со вакви износи платите на македонските јавни обвинители се апсолутно најниски во регионот, а со останатите европски земји не можат ниту да се компарираат“, велат од Здружението на јавните обвинители.

Група пратеници во Собрание на Република Северна Македонија поднесоа измени на шест закони за платите на избраните и именуваните функционери. Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ очекува тие брзо да бидат усвоени по скратена постапка.

Целта е, како што рече, поправична распределба на буџетските средства и усогласување на платите со економската состојба. Со намалување на коефициентите ќе се намалат платите на функционери, пратеници, министри, судии и обвинители за околу 10-13 илјади денари, а кај некои и повеќе. За градоначалниците се предлага нова скала според бројот на жители.

Според Стојановски, измените се уставни, а заштедените средства од февруарската плата ќе останат во буџетот и ќе се пренаменат за здравство, образование и социјална помош. Тој повика на широка поддршка, нагласувајќи дека станува збор за морална одговорност кон граѓаните.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ