• Latest
Креирано со помош на ВИ

Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

April 14, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

April 14, 2026 14:11
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Додека премиерот Мицкоски – кој меѓу последните имаше средба со сега веќе поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, пред да падне од власта по 16 години диктаторско управување со Унгарија – се крие и избегнува да ја честита победата на лидерот на TISZA, Петер Маѓар, на најјако се пуштени партиските кербери со налог да го минимизираат поразот на Орбан, и некако да го дезавуираат поврзаност на Мицкоски со поранешниот унгарски режим.

Па така, со замена на тези се вадат слики од 2017 година од билатерална средба на Заев со Орбан, и се нагласува дека сестринската партија на СДСМ изгубила, без да спомнат дека нивната сестринска ФИДЕС беше тресната од земја во двотретинскиот пораз, а се чини дека највеќе ги заболело славењето во  врвот на СДСМ за падот на Орбан, па папагалски повторуваат дека македонските социјал-демократи ја честитале и се радувале на победата на десничарот Маѓар, кому вчера цела демократска Европа – и европските десничари, либерали и социјалдемократи, од деснoцентристите Фон дер Лајен и Доналд Туск , до шпанскиот премиер, социјалдемократот Педро Санчез – му ја честиташе победата славејќи го поразот на Виктор Орбан.

Да, идниот унгарски премиер е десноцентристички, конзервативен човек? И? Човекот собори режим верувајќи во демократска држава и владеење на правото, и дека неговата работа е да ја врати Унгарија таму.

Дали со избегнувањето да испрати честитката, македонскиот премиер свесно се иззема од демократскиот дел од Европа. Или е уплашен од наредните чекори кои следат, а самиот Маѓар ги најави во својата тричасовна прес конференција, кога меѓу другото истакна дека под негово водство Унгарија ќе престане да ги штити странските политичари со криминално досие, и најавувајќи радикална промена во политиката на азил. упати остра порака и до поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

Веројатноста за екстрадиција на Груевски, покрај поразот на неговиот анти – ЕУ ментор Орбан, е втората болна точка за Мицкоски, поради која, еве веќе втор ден како не успева до собере сила да му ја честита победата на Маѓар, ниту да објави статус за новонастанатата ситуација во Будимпешта на социјалните мрежи. Истовремено, забележително е и отсуството на Никола Груевски од социјалните мрежи по поразот на Орбан, несвојствено за него, кој е познат по долгите објави на Фејсбук, за сега да одмолчи случување кое директно го засега.

Очигледно, можната екстрадиција на Груевски го фати Мицкоски „неспремен“. Кои чекори да ги преземе, за да ја амортизира евидентната внатрепартиска пресметка која ќе следи со враќањето на Груевски, која би довела до борба за лидерското место во паријата помеѓу него и поранешниот лидер. Во недостаток на анкети за тоа кој е по посакуван лидер на партијата меѓу членството, ќе се послужиме со споредба на нивните официјални Фејсбук профили, каде поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е во водство пред сегашниот претседател на партијата, Христијан Мицкоски со 236 илјади наспроти 164 илјади следбеници.

Скриншот од Фејсбук

Затоа сега на најјако се пуштени вмровските ботови, да одработат на дезавуирањето на политиката на ДПМНЕ на безрезервната поддршка на режимот на Орбан, и vice versa, на неговата поддршка на анти евро-интегративното делување на Мицкоски, како и да спречат поголеми бранувања меѓу членството, во отсуство на стратегија како понатаму во новонастанатата ситуација.

И уште нешто. Петер Маѓар вети дека ќе се приклучи на Европското јавно обвинителство и ќе им даде овластување на истражителите на ЕУ да истражуваат случаи на измама и корупција за време на владеењето на Виктор Орбан. Новиот премиер е отворен за истражители од Луксембург кои истражуваат како лидерот на Фидес, кој на владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски и даде државен заем од 500 милиони евра, ги трошел средствата од Брисел, за Унгарија да стане „ограбена, претворена во најсиромашната и најкорумпирана земја во ЕУ“.

Секако, треба да се запамети дека она што го направи Петер Маѓар е за учебниците по историја. Покажа како треба да се работи за да се собори режим. Тој за 2 години посети 327 градови, 517 пати, посети 161 парохија од 174, секогаш беше во толпата, секогаш се ракуваше, секогаш правеше селфи. Често успеваше да посети 6 или дури 9 градови во еден ден. Тој беше меѓу луѓето речиси секој ден, велејќи им да не се плашат. Им покажа на луѓето како се бори за доброто на земјата. Ги инспирираше да почнат да разговараат едни со други. Им донесе надеж, и по 16 мизерни години тие повторно почнаа да бидат горди на својата татковина.

Патот до победата на Петер Маѓар треба да биде прирачник за секоја опозиција која сака да победи режим, вклучително и на таа во Северна Македонија, со која ќе го замени јаловото седењето по штабови, бесцелните снимени прес конференции и бескрајни размени на обвинувања.


Текстот е личен став на Авторот

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ