• Latest

Каде се парите на новинарите од МПМ и МП?

November 22, 2017
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Каде се парите на новинарите од МПМ и МП?

November 22, 2017 16:30
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарите кои работеа во медиумите на Медиум принт Македонија испратија отворено писмо во кое ги бараат сè уште неисплатените плати, иако овие фирми згаснаа пред неколку месеци. Писмото го објавуваме во целост.

„Каде се парите на новинарите од МПМ и МП?

Ние, поранешните вработени во пропаднатата фирма во ликвидација „Медиа принт“ и на ограбената медиумска компанија со матен статус „Медиа принт Македонија“ ги прашуваме Срѓан Керим и Јана Станисављева каде се нашите пари?

Овие две личности, нивниот доскорешен партнер Орце Камчев, како и Александар Динев, на вработените во МП, МПМ, Графички центар и во „Телеграф“ им должат по две до три неисплатени плати и придонеси, но пред сè, им должат одговори на многу прашања.

Дали Керим неколку месеци по уништувањето и згаснувањето на дневните весници „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“, неделникот „Теа Модерна“ и веб-порталот „Телеграф“ не чувствува трошка срам што 400 луѓе заради него останаа без работа, па се појавува пред народ во Штип за да говори за значењето на претседателот Киро Глигоров? Заборава ли на неговото лично негативно значење и заборава ли дека треба прво да се раздолжи ако мисли да се факторизира во јавноста? Си помислува ли дека историјата ќе го запише како лик кој сакаше да управува со светот преку лидерство во ООН, а само успеа да стане гробар на најквалитетните весници во Македонија?

Мисли ли Керим дека времето кога се криеше од новинарите кои штрајкуваа за плати поминало, дека се е заборавено, па сега пак ќе се перчи? За нас тој е обичен измамник и лицемер кој уживаше да повторува како главна водилка во работата му се нашите деца, за чии родители неговата компанија обезбедува стабилност и плата, а всушност излезе дека го водела само алчноста за лично богатење. Дегутантно ни е да го гледаме како говори во јавноста додека неговите акти резултираа со лични трагедии меѓу вработените. Тој прво треба да каже каде се весниците и каде се нашите пари пред да зборува што било друго.

Станисављева мирно ли спие откако со платата од 25.000 евра месечно си обезбеди егзистенција за неколку децении, а вработените останаа на улица и без леб? Се чувствува ли за успешна менаџерка откако профитабилната компанија пропадна под нејзин потпис? Трча ли пак со километри од стрес, како што сакаше да лаже? Или во „животот после МПМ“ не мора да намалува плати додека дава донации од 300.000 евра на партијата на власт, не мора да става обезбедување да ја чува од доверители на кои им должи пари и не мора да се заканува со пикадо на вработените што се интересираат кога ќе земат плата? Уште ли прашува наоколу „знаете ли која сум јас“ или си молчи откако „се прослави“ со згаснати пет медиуми?

Керим и Станисављева не ни мора нам да ни одговарат на овие прашања. Нека си одговорат пред надлежните институции во МВР и Обвинителство, пред кои уште во јуни годинава новинарскиот синдикат им поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување, затоа што како сопственик и директор свесно и со умисла го намалувале имотот на компанијата со цел изданијата да згаснат.

Ние само ги бараме нашите плати и ќе продолжиме да ги прашуваме двајцава бизнисмени, исто како и најбогатиот Балканец Камчев кој ем делел по 25.000 евра месечно ем должи ситни плати, исто како и директорот на несреќната МП, Александар Динев – каде се парите?

Апелираме до надлежните што поскоро да го испитаат моментниот статус на фирмите МПМ и на МП, а личностиве ги повикуваме да се раздолжат со вработените и да ги продадат брендовите кои немилосрдно ги уништија.

Поранешни вработени во МПМ и МП.

М.И.

Tags: Диневзаостанати платиКамчевКеримМПМновинариотворено писмоСтанисављева
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ