• Latest

Дескоска: Законска ревизија на невистинитите факти во учебниците

December 7, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дескоска: Законска ревизија на невистинитите факти во учебниците

December 7, 2017 11:51
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Рената Дескоска денеска, одговорајќи на новинарски прашања, рече дека со ревизијата која ќе се спроведува исклучиво законски, ќе бидат опфатени сите учебници во кои се нотирани грешки, невистинити факти, дискриминаторски содржини и говор на омраза, предрасуди и стереотипи.

– Ревизијата нема да биде ревизија на факти, туку на невистинити факти. Некои работи што се случиле, ниту јас, ниту кој било друг не може да ги бриши од историјата, потенцира министерката.

На прашањето дали МНР побарало од МОН формирање заедничка комисија со Грција за евентуална ревизија на учебниците, Дескоска напомена дека во нејзиниот мандат тоа не се случило.

– Претходно дали имало нешто такво, не знам, рече Дескоска.

Во врска со Кембриџ системот, министерката соопшти дека не може да се каже дали тој ќе биде исфрлен од прво одделение.

– Од анализите на работната група кои се веќе готови и ќе бидат презентирани во понеделник, ќе се види дали учебниците по Кембриџ се компатибилни со наставните планови. Ако има компатибилност, ќе може рамноправно да конкурираат со другите учебници, а ако не, ќе отпаднат, рече Дескоска.

На прашањето дали ќе се намали бројот на ученици во паралелките, министерката информира дека согласно законските измени нема да се лимитира бројот на деца, но ќе се тежнее бројот на ученици во паралелките да биде максимум 24.

Најавувајќи зголемувања на блокот-дотации во општините, министерката рече дека ќе има нови вработувања на наставнички кадар во основните и средните школи. Според неа, долг што се таложел 10 години, не може да се врати за една година, но МОН ќе прави обиди да го одложи плаќањето.

На новинарско прашање дали МОН презема нешто околу наводниот недостиг на учебници по општество и англиски јазик во прво одделение, Дескоска одговори дека нема таква информација и дека можеби станува збор за индивидуални случаи.

– Во одредени училишта лоциравме директори кои не доставиле соодветна нарачка за учебниците. Некаде недостасуваат учебници кои не се преведувани до сега. Јас не можам во периодот од стапување на должност да напишам учебник и да го преведам на јазик на етничките заедници, нагласи Дескоска на прес-конференцијата на која претходни го образложи Предлог- буџетот за образование во 2018 година.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДескоскаМОНревизијаучебници
Share51Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result