• Latest

Системот за испорака на работ на колапс, кој е виновникот

December 9, 2017
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
Фото: Амбасадорката на Умраина во Северна Маледонија Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за 2 недели мир, радост за украинските деца погодени од руските нападите

August 3, 2025
Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

(ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

August 3, 2025
Фото: Здружението на палестинска црвена полумесечина сподели фотографии на кои се гледаат големи штети на неговото седиште.

Хуманитарна организација ја обвини израелска војска дека убила нејзин работник во напад врз седиштето во Газа

August 3, 2025
Украинските службеници за спроведување на законот приведоа осомничен за наводно вмешаност во шема за поткуп на високо ниво, откриена од антикорупциските агенции на 2 август 2025 година. Фото: Национално биро за борба против корупцијата / Телеграм

Украинските антикорупциски агенции открија шема за поткуп во набавката на дронови во која се вклучени пратеници

August 3, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Што беше тоа швенк?

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Републиканците го критикуваат Трамп за отпуштањето на шефицата на Бирото за статистика на трудот – не му се допаднале податоците за забавување на работните места

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас одбива да се разоружа додека не се воспостави палестинска држава со Ерусалим како главен град

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Denver7

Нов силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилски Острови на истокот на Русија

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Системот за испорака на работ на колапс, кој е виновникот

December 9, 2017 09:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Дојче Веле, Берлин

Интернет-трговијата веќе ги промени не само нашите навики, туку и тоа како изгледаат нашите градови.

Пакети има толку многу, особено сега, пред Божик, што целиот класичен систем на достава е на работ на колапс.

Во минатото, пред Божик, само бабите им праќаа по пошта џемпери на внуците, кои сами ги плетеле. Подарокот се испраќаше по пошта само „во крајна нужда“, односно кога семејството не може да го помине празникот заедно. А денес?

Во текот на 2016 година, во Германија, е надмината границата од три милијарди пакети кои биле испорачани на некои од осумдесет милиони жители на земјата. Тоа значи дека секој жител на Германија, во просек добил речиси 40 пакети! Оваа година, се очекуваат 3,3 милијарди пратки – само пред Божик треба да бидат доставени секојдневно „значително повеќе” од 15 милиони пакети.

Овој пораст првенствено е  резултат на интернет-трговијата, која расте и се развива со вртоглава брзина: Веќе имавме ист број пакети во текот на летото, како и во најголемите гужви за време на минатиот Божик, вели Оливер Протман, претседател на Здружението на интернет-продавачи.

Со други зборови, ако овој раст продолжи, дури и она што деновиве се нарекува „гужва“, следното лето би можело да стане секојдневие. И тогаш следниот Божик, уште повеќе пакети – и уште повеќе хаос.

– Имаме траен логистички проблем, мораме итно да најдеме решение, предупредува Протман.

Еден куп проблеми

Проблеми навистина има толку многу, што е тешко да ги наброите. Недостасуваат луѓе за испорака, на пример. Околу 219.000 работници минатата година во Германија ја работеле таа работа и се уште се барани, иако не во оној процент за кој се зголемува бројот на пакетие или 10 отстогодишно.

Покрај тоа, само двете најголеми служби за достава имаат своја, трајно вработена работна сила, плаќајќи ги сите предвидени надоместоци. Останатите три служби зависат од „слободните соработници”, а тие често се луѓе од источниот дел на Европа кои се мизерно платени за работата што ја работат.

Тие обично не го знаат местото за испорака, понекогаш не знаат германски, па слабо говорат и англиски јазик – се со цел, само да биде евтино кога купувачот на интернет одлучува од кој доставуваќ ќе порача нешто, бидејќи клиентот, како по правило, одлучува да „кликне” на најевтиниот. Таквото нелегално вработување веќе доведе до полициски рации, но тешко дека ќе се запре овој тренд.

Проблем е и фактот што на почетниците и странците во службите за достава обично им се даваат најтешките области во градовите – односно во предградијата со семејни домови, каде што обично треба да одат на долги растојанија од куќа до куќа или старите центри на градови со четири-пет ката – без лифт. Бидејќи не ја знаат областа за испорака, а понекогаш и јазикот, практично им е невозможно да ги испорачаат сите пакети што им се доделени.

Тука има и здравствени проблеми: тие треба да бидат физички силни за да го носат сиот тој товар Тоа, ни се сите можни роботи кои испорачуваат пакети од воздух не можат да го решат.

Хартивче наместо пакет

Тогаш решението е да лажат – едноставно вметнување на „известување за испорака” во сандачето, дури и тогаш кога корисникот дома чека на пакет кој му е неопходен. Само во покраината Северна Рајна Вестфалија службата за потрошувачи во изминатите две години има добиено повеќе од 20.000 бесни пораки за судбината на нивните пакети. И уште полошо: контролната служба на германското Федерално биро за мрежи, само годинава добила околу 5.000 жалби.

А тие, по правило, се сериозни работи: кражба, значителна штета или исчезнување на пратката. Единствено што ни таа служба не може ништо да направи: доставната служба мора само да даде причина дека сака да го реши спорот – и ништо друго. Тие дури немаат овластување да ја казнат таа служба.

А тука е и проблемот во градовите: кога во тесните улички во центарот ќе пристигне доставно возило  на ДХЛ, УПС, ДПД, Хермес и ГЛС, тогаш сообраќајот едноставно запира. Хорнично нема паркинг места, и ако накратко непрописно го запрат возилото тогаш другите возачи автоматски се во неволја.

Дојче пакет-динст-служба која инаку е во сопственост на францускиот Ла пост, затоа бара доставните возила да имаат право да користат и јавни места за паркирање. Директорот на таа служба, Борис Винкелман, предупредува дека во догледна иднина, решението можеби ќе треба да биде дека ако купувачот сака да му биде испорачан пакететот до неговата врата., тогаш ќе треба повеќе да плати.

Со тоа се согласува и службата Хермес, која исто така единствено решение гледа во тоа пакетите воопшто да не се испорачуваат по домови, туку на на места за дистрибуција до граѓаните, во таканаречените „микродепоа“, како што ги нарекува директорот на Хермес, Френк Рауш.

Се мора да биде евтино

Но, и тука се во прашање парите. За потрошувачите, според пресметката на ДПД, тоа, би значело дополнителни 50 центи. Тоа може да биде причина на екранот да се кликне опцијата „Сам го преземам пакетот“, но проблемот е што, особено помалите доставни служби, штедат и кога станува збор за доставни места: често е тоа некој киоск чиј сопственик добива мизерен надомест за пакетот да го испорача до вистинскиот примател.

Поради тоа, такви места има премалку, а постоечките обично не изгледаат како да се од 21 век.

Доставните служби, од друга страна, се сооќени со конкуренцијата: гигантот на интернет-трговијата Амазон во САД и Велика Британија веќе ја покрена службата Амазон флекс. Тие пратките воопшто не ги испраќаат на класичен начин, но тоа е еден вид „Убер доставна служба“: секој што сака, може да учествува во испораката со сопствено возило и за тоа добиваат одредена, а не многу голема сума.

Предноста е во тоа што испораката се врши и во недели и на празници, што, по правило, е невозможно во „класичните” поштенски услуги, но и поради синдикатите. Но, Амазон не е познат по тоа дека води грижа за правата на работниците.

Така се врши притисок на доставувачите да не размислуваат за зголемување на надоместот – бидејќи други размислуваат за алтернатива: германскиот синџир на супермаркети Реве нуди, на пример, достава на намирници до домовите.

Свежо овошје и зеленчук едноставно е невозможно да се испрати на класичен начин, така што испораката се врши со сопствена служба. И таа се шири. И нивните доставни возила ќе стојат на улиците додека стоката не се испорача некаде на третиот кат без лифт.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Интернетиспоракаколапс
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ