• Latest

Попова Шапка – заспаната убавица

December 14, 2017
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Попова Шапка – заспаната убавица

December 14, 2017 11:42
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Повод за ова мое писание се две случувања кои, на некој начин, се независни едно од друго, а сепак подеднакво ме предизвикаа да напишам нешто за еден од македонските природни бисери Попова Шапка.

Пишува: Перо Наумовски

Првиот настан се случи пред некое време во разговор со мои пријатели, љубители на скијањето од Тетово, кои ми се пофалија дека овој викенд што измина организирано ќе одат на Копаоник, на отворање на скијачката сезона. „Условите за скијање се одлични а цените се промотивни и пристапни“. Дури ми се пофалија дека наредниот викенд се подготвувале да заминат во Банско каде исто така на отворање на сезоната ќе се скијаат по многу поволни цени и на одлично подготвени патеки. На моето иронично прашање дали планираат да се скијаат и да уживаат во снежните убавини кога ќе биде отворањето на ски сезоната на Попова Шапка, сосема сериозни ми рекоа дека е можно оваа сезона воопшто и да нема скијање на Шапка. Зарем е тоа можно?

Вториот настан кој ме поттикна на ова писание е галеријата на слики на еден од веб порталите со наслов „Снежна бајка на Попова Шапка“ каде навистина имаше прекрасни фотографии од овој планински бисер сликани по обилните снежни врнежи изминатиов викенд. Слики кои го одземаат здивот и кои сведочат за прекрасната планинска убавица .

Ваква убавина може да се доживее на Попова Шапка само кога е прекриена со дебела снежна бела покривка која ќе ги покрие сите грдотии и ѓубришта што ги направиле несовесните граѓани и надлежните органи со свое несовесно,нестручно и неодговорно однесување.

Што да се прави со Попова Шапка? Како овој планински бисер кој уште во времето на поранешната држава беше респектибилен и познат зимски туристички центар , еднаш добитник на највисоко признание за најдобар зимски ски центар во конкуренција на сите ски центри од тогашната држава, традиционален организатор на реномираниот Шарпланински скијачки куп кој беше дел од Европскиот ски куп на Светската ски федерација и кој заедно со Охридскиот маратон беше најреномирана спортска манифестација одржувана во Македонија во рамките на СФРЈ, да стане модерен туристички и ски центар во ранг на еден Копаоник во Србија или Банско и Боровец во Бугарија, а за што има сигурно ако не поголеми барем еднакви можности?

Пропаѓањето на Попова Шапка трае континуирано од моментот на осамостојување на државата. Многу причини и фактори придонесоа кон ваквата состојба . Со комерцијалните капацитети како и со ски патеките управуваше државата . Со урбанизацијата и комуналнот уредување раководеше општината .И едните и другите наполно потфрлија. Државата немаше голема желба и амбиција да го искористи овој голем економско туристички потенцијал за развој, па секогаш го подметнуваше како споредна дејност на некој поголем и помоќен економски субјект, да се грижи за него. Така, започна со Југохром, па преку ЕСМ дојде до ЕЛЕМ. Со години државата не инвестираше скоро ништо и одеднаш пред две-три години мотивирана повеќе од можноста за коруптивна набавка на скапа модерна четвороседна жичара, која е веројатно набавена по системот ,,Миле ми текна – да не ја претеравме“. Таа беше набавена без соодветна стручна подготовка, преплатена и складирана, каде чекаше две години на сите потребни одобренија и дозволи да почне да се монтира. Изгледа откако беше обезбедена „Миле ми текна“ провизијата, веќе не беше приоритет, за да се монтира и стави во функција.

Така дојдовме до најновата одлука на Владата – ЕЛЕМ да ги напушти и запре сите дејности кои не се поврзани со основната дејност, па така, сега наполно е неизвесна судбината и на оваа многу скапо преплатена жичара, која изгледа уште немонтирана има шанса да се амортизира, додека државата не пронајде некој инвеститор кој ќе ја управува Попова Шапка како основна дејност.

Голема улога во сегашната состојба на Попова Шапка има Општината Тетово која наполно потфрли во делокругот на својата надлежност на урбанизација и комунално уредување. Па така, во недостаток на Урбанистички план, царуваат дивоградбате, а другите комунални дејности како сообраќајници, водоснабдување, одржување на комунална хигиена се катастрофални. За дивоградбите и за урбаниот хаос што владее во населбата, јавноста е добро информирана, само Општината се прави дека ништо не слуша и ништо не гледа. Како таа да не е повикана, според законот, да ги решава овие проблеми.

Неодамна се појавија неколку невладини организации и еколошки здруженија коишто се организираа и формираа тело од претставници на сите заинтересирани страни за спас на Попова Шапка. Се појавија неколку пати во јавноста и најавија жестока битка пред институциите за спас на Попова Шапка, но во последно време и тие како да изгубија здив.

Да резимираме. Државата повеќе не сака развојот на Попова Шапка да е во рацете на државни и економски субјекти кои ќе управуваат со истата, а тоа да не им е основна дејност, што е во ред. Што планира државата и дали нешто воопшто планира со Попова Шапка, со тој огромен економски и туристички потенцијал сè уште не чувме од надлежните.

Пред локалните избори, во изборните програми на политичките партии, скоро никој не го третираше ова важно стратешко економско развојно прашање за општината Тетово, бидејќи на политичките партии очигледно им се побитни други прашања. Сега после изборите, а пред почеток на зимската тустичка сезона од надлежните во Општината владее молк по ова прашање. И сега, очигледно, се преокупирани со други теми и проблеми,претежно партиски.

Решенито е едноставно. Не е потребно да се измислува топла вода. Решавањето на овој проблем и кој може да прерасне во прекрасна приказна од која ќе имаат корист, и Општината, и државата и економијата воопшто е премногу едноставно. Треба само желба и стручност, за успешните приказни од Копаоник во Србија и Банско и Боровец во Бугарија, да ги прераскажеме уште поуспешно на Попова Шапка, затоа што Попова Шапка крие многу поубави приказни од веќе раскажаните во соседството.

Така едноставно, нема само да ги задржиме скијачите да не одат во странство на скијање, туку ќе придонесеме и воопшто младите да не ја напуштаат државата и иднината да ја гледаат во можности тука, во Тетово, на Попова Шапка, во Македонија да работат и да ја градат својата и иднината на својата земја. Тогаш навистина ќе можеме да зборуваме за Попова Шапка како за „Снежна бајка“.

Tags: надлежностиПопова ШапкаразвојТетовотуризам
Share166Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ