• Latest

Колаборација со злото?

January 18, 2018
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Колаборација со злото?

January 18, 2018 09:24
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Општа перцепција е дека корупцијата во градежништвото е најраспространета, повеќе отколку во било која друга стопанска гранка. Како и во било која област, и тука таа генерира економски дисторзии и го еродира целокупниот институционалниот капацитет на општеството.

Пишува: Наум Димитровски

Особено кога таа е „политичка“, централизирана, т.е. еманирана од самиот државен врв. Така, понесено на крилата на вмровските злосторнички закони за градежништво и просторно и урбанистичко планирање кои овозможија апсурден и злочинечки урбанизам (и кои сѐ уште се на сила!), градежништвото се вивна до височини од кои можеше комотно урбанистички да го девастира нашиот животен простор и да унесреќува илјадници наши сограѓани. Да, да, на илјадници наши сограѓани им се случи тоа, НАМ ни се случи тоа што не можевме ни да претпоставиме  дека може да ни се појави ни во нашите најкошмарни соништа: ни се случи „Скопје 2014“, ни се случи погледот од нашите станови да ни се судира со ѕидовите на новите објекти изникнати на само неколку метри од нашите прозори.

Можете да замислите какви им се сега животите на луѓето кои живеат во зградите од Градскиот ѕид наспроти поранешната железничка станица и хотелот „Бристол“, во зградите на монструм-уличките во Дебар Маало, во зградите крај некогашните тревници и паркчиња во Карпош, во Буњаковец, во Чаир, во Охрид, Тетово… Нивните чести обиди сега да ги продадат нивните обезвреднети станови и куќи се редовно безуспешни – сега не можат да ги продадат ни за половина цена од цената која тие до тогаш ја имале. Секој од нив, без никакво двоумење, ќе ви каже дека причината за нивната констернација е постоењето на градежната, урбанистичката мафија. Ќе ви го каже тоа и денес, по повеќе од осум месеци по 27-ми април. Сѐ уште, и денес, нашата општа перцепција за оние во чии раце е судбината на нашиот животен простор е непроменета.

Застрашувачки е денес молкот за сето ова. Импресивната прегнантност на Мирослав Грчев во колумните на страниците на Слободен печат сѐ повеќе заличува на глас во пустина. Зарем толку лесно се помиривме да го продолжиме живеењето во смрдеата од контаминацијата наречена „Скопје 2014“ и зарем толку лесно се помиривме и натаму да бидеме унесреќувани со споменатите злосторнички, мафијашки донесени закони? И со што сега, всушност, сме соочени?

Тешко ни е да поверуваме дека сме соочени со некаква неразбирлива инсуфициентност на оние кои пред неколку месеци ги донесовме на власт. Но, уште што треба да направиме за тие да разберат дека контаминацијата со „Скопје 2014“ не е (само) метафизичка и дека деконтаминација се врши само, исклучиво само со отстранување на контаминирачкото. И што уште треба да направиме да разберат дека нашето натамошно  унесреќување со натамошната примена на злосторничките закони треба веднаш да го сопрат со нивната итна суспензија. Ако, пак, не станува збор за таква инсуфициентност, дали тогаш ни преостанува да зборуваме за опортунизам, па дури и за колаборација со Злото?

Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ