• Latest

Заврши Минхенската безбедносна конференција, Шекеринска со повеќе билатерални средби и учество на панели

February 18, 2018
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заврши Минхенската безбедносна конференција, Шекеринска со повеќе билатерални средби и учество на панели

February 18, 2018 17:20
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заврши 54тата Минхенска безбедносна конференција во рамки на која министерката за одбрана Радмила Шекеринска се сретна со министрите за одбрана на Канада, Харџит Саџан, на Бугарија, Красимир Каракачанов, на Литванија, Раимундас Кароблис, на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, како и со заменичката генерален секретар на НАТО, Роуз Готемолер, со евро-комесарот Јоханес Хан и со претседавачот на конференцијата, Волфганг Ишингер.

На средбите, соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска ја потврдила посветеноста на Владата на Република Македонија на реализација на планот 3-6-9 и на реформите во клучните области како владеењето на правото, слободата на медиумите, независноста на институциите. Министерката ја реафирмирала стратегиската определба за членство на Македонија во НАТО-Алијансата и во Европската Унија, како и политиката на државата за добрососедски односи и пријателство.

Шекеринска - ГотемолерЗаменичката-генерален секретар на НАТО, Роуз Готемолер посочила дека Алијансата дава поддршка за реформските политики на Владата и се заблагодарила за учеството на припадниците на Армијата на Република Македонија во мировната мисија на Алијансата во Авганистан. Евро-комесарот Хан ги поздравил реформските напори на Владата и изразил подготвеност ЕУ да ја продолжи поддршката на Република Македонија во реализација на зацртаните реформи.

Република Македонија од министрите за одбрана на Канада, на Бугарија, на Литванија и на Црна Гора добила целосна поддршка за членство во Алијансата, и понуда за размена на искуства во реализацијата на реформските процеси во земјата.

Министерката говорела и на панелот на Глобалниот форум на жените – политички лидери посветен на глобалната безбедносна агенда од перспектива на жените. Панелот ставил фокус на безбедносната политика и новите закани, и на тоа како жените политичарки можат да дадат нова перспектива во справувањето со заканите. Говорнички на овој панел биле и бароницата Кетрин Ештон, поранешна потпретседателка на Европската комисија и поранешна висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Џенифер Морган, извршна директорка на Гринпис Интернационал, Патриција Флор, генерална директорка за Меѓународниот ред, Обединетите нации и контрола на вооружувањето во германската федерална канцеларија за надворешни работи и Џули Лин Теигланд, регионален менаџер на „Ернст и Јанг“ за Германија, Швајцарија и Австрија.

Шекеринска панел МинхенМинистерката присуствувала и на вечерата во чест на американскиот сенатор Џон Мек Кејн кој ја добил наградата на Минхенската конференција, а главен говорник на настанот бил поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден. Заедно со министрите за одбрана од регионот биле и на заедничкиот ручек организиран од министерката за одбрана на Германија Урсула фон дер Лајен при што била потврдена поддршката на нашата земја на патот кон НАТО.

Во фокусот на овогодишната конференција беше улогата на ЕУ како глобален актер и нејзините односи со НАТО, САД и Русија. На конференцијата учествуваа секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис, генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, британската премиерка Тереза Меј, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан…


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Безбедносна коференцијаМинхенРадмила Шекеринскасредби
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ