Фондацијата за демократија на Вестминстер организира конференција на тема соработката меѓу Собранието и граѓанските организации, особено од аспект на законодавни иницијативи кои се однесуваат на различни човекови права, а се поттикнати од самите граѓани. Конференцијата ќе се одржи 27 февруари со почеток во 10:30 во хотел Александар Палас.
Гордан Георгиев, како поранешен пратеник, ќе даде осврт на темата и потребата од поттикнување на ваквата соработка.
Искуството во иницирање и барање промена во конкретни закони во изминатите 2 години ќе го пренесат претставници од Здружението за поддршка на лица со Вилсонова болест – Вилсон Македонија, Институтот за човекови права, Млади европски федералисти (ЏЕФ) и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ кои бараа измени и дополнувања на различни закони, како и носење на нови.
На конференцијата ќе се обратат и пратениcите Ивана Туфегџиќ и Павле Богоевски, кои ќе дадат осврт на конкретните чекори кои Собранието ги превзема во насока на подобрување на соработката со граѓанските организаци.