• Latest

Цаневска: Заканите кон моите деца нема да им поминат

February 26, 2018
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Цаневска: Заканите кон моите деца нема да им поминат

February 26, 2018 15:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Симболичното“ тргање, преку ноќ, на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, крена доволно прашина во јавноста за повторно да се јават со закани и говор на омраза поддржувачите на претходната власт, која како дел од проектот „Скопје 2014“ го постави пред судовите во Скопје.

Споменикот беше донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, кои парите за своите проекти редовно ги добиваа од претходната Влада.

На својот фејсбук профил став за одлуката за тргање Ќосето имаше и Катерина Цаневска, потпарол на Општина Центар.

„Прв падна Касапот. Спомен обележјето на Ќосето, кое намерно ноќе во 2014 година, беше поставено пред судот како силеџиска порака дека претходната власт правдата ја дели со нож во рака, замина во некое депо. Центар и Град Скопје се ослободија од симболот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на Груевски. Надлежните констатирале дека се работи за дивоградба“, напиша Цаневска на фејсбук.

„Јас секогаш на Фејсбук и Твитер ги изразувам своите ставови за настани што се случуваат и за кои мислам дека заслужуваат од секој граѓанин, интелектуалец, оној што размислува со своја глава коментар за одредена ситуација. Така беше и со тргањето на споменикот на Ќосето. Го напишав својот став и имаше реакции со закани, уцени… Денеска продолжија со уште подрски закани кон мене и кон моите деца“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Катерина Цаневска, сегашен потпарол на Општина Центар, како одговор на заканите што ги доби за нејзиниот Фејсбук статус.

Цаневска смета дека времето на едноумието и режимот не се минато и дека сè уште не се искоренети. Таа вели дека не бега од здраворазумска дебата и размена на мислења, но со име и презиме, а не преку закани и уцени со користење на анонимни профили. За неа тоа се кукавици и платеници.

„Можам да им порачам дека јас не молчев во времето кога името на Мијалков, Груевски и ВМРО не смееше да се спомене, нема да молчам и сега… Најстрашно е што повторно се мешаат деца и ми се закануваат користејќи ги моите деца“, вели Цаневска.

Ова не е прво нејзино рандеву со ваков начин на реакција за она што го работела претходно како новинарка во А1 и во МРТВ. Таа потсети на нејзината сторија со платата и пензијата на Михајло Маневски и за време на локалните избори во 2013 година кога ги снимала луѓето од Пустец, каде се соочила и со физички напад.

„Кога денеска ги вмешаа и моите деца се одлучив да ги пријавам, па да видиме кои се тие „големите“ мажи што се закануваат преку деца“, рече Цаневска.

Според последните информации од Министерството за внатрешни работи, од почетокот на месец февруари, документирани и процесуирани се 30 приговори во кои преку социјалните мрежи на носители на државни функции им била загрозена сигурноста или биле злоупотребени нивните лични податоци.

Од МВР се очекува одговор колку вкупно пријави на говор на омраза и закани преку социјални мрежи се досатавени до нив, вклучително и овие до државните функционери, дали следат случаи по дојава и колку од сучаите се процесуирани.

Биљана Јордановска 

Tags: заканиКатрерина ЦаневскаспоменикЌосето
Share69TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ