• Latest

Филипче: Промени во Законот за абортус за да нема ризик по здравјето на жените

March 8, 2018
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипче: Промени во Законот за абортус за да нема ризик по здравјето на жените

March 8, 2018 15:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најавените промени во Законот за абортус, е тема на денешната средба на министерот за здравство Венко Филипче со претставничките на женски организации, како партнер на Министерството во креирање политики за унапредување на здравјето на мајките и новороденчињата.

– Со промените кои беа направени пред неколку години многу се усложни процедурата, се воведоа многу административни процедури, а сметаме дека дел од нив траат толку долго што може дури и да го загрозат здравјето на жената. Сакаме да го објасниме нашиот став, да го слушнеме нивниот глас и заеднички да утврдиме која е најдобрата опција, како да им се излезе во пресрет на жените кои сакаат да го спроведат абортусот без никаков ризик по нивното здравје, рече Филипче пред средбата организирана во Министерството по повод одбележување на 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

Филипче жени

Одговарајќи на новинарско прашање посочи дека ќе се укинат дел од комисиите односно ќе се најде најдобрата административна форма тоа да се спроведе во најкраток можен рок без при тоа да се загрози здравјето на жената. Додаде дека планираат да го укинат задолжителното советување на бремените жени кои сакаат да ја прекинат бременоста.

Во врска изградбата на Клиничкиот центар рече дека во текот на изминатите неколку денови имале состаноци со повеќе здруженија на архитекти и дека утре поконкретно ќе информира и ќе ја образложи одлуката.

На новинарско прашање за застојот во врска со кадаверичната трансплантација, рече дека се уште нема регистар на пациенти кои чекаат трансплантација.

Појасни дека во Министеството за здравство денеска гостин била националниот координатор за трансплантација од Хрватска, која е целосно инволвирана во процесот на кадаверична трансплантација и работи на приспособување на хрватските закони со европските во делот на регулативата која и Македонија ќе треба да ја усогласи.

– Целта ни е целиот процес на трансплантација да го организираме на начин на кој прво легислативата ќе ја доближиме до европските закони, и да направиме организација на тимот и регистар на пациенти со кои тој процес ќе го придвижиме, додаде Филипче.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: абортусВенко Филипчезаконпромени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ