• Latest

Одбележување 75 години од холокаустот на македонските Евреи

March 11, 2018

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Одбележување 75 години од холокаустот на македонските Евреи

March 11, 2018 12:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со повеќе настани денеска и утре во Скопје, Битола и Штип ќе биде одбележана 75-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна. Организатори се Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, под покровителство на премиерот Зоран Заев. 

Дводневната комеморативна програма ќе почне денеска во Битола, каде се предвидени прием кај градоначалничката Наташа Петровска, положување цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи од Битола и споменикот на народниот херој Естреја Овадија-Мара.

На комеморативните активности во Битола ќе се придружи владина делегација предводена од министерот за култура Роберт Алаѓозовски,  во придружба на министрите за транспорт и врски и за информатичко општество и администрација, Горан Сугарески и Дамјан Манчевски, и државниот секретар од Министерство за надворешни работи Виктор Димовски.

Во Битола предвиден е симболичен Марш на живите, кој ќе почне од пред платото на Здравствениот дом „Хаим Абраванел“ до железничката станица каде симболично ќе се одбележи „свеченото збогување“, а на еврејските гробишта ќе се одржи молитва (Кадиш) и отворање на ерусалимската патека. Комеморативните активности во Битола ќе завршат со отворање на изложбата „Дипломати праведници меѓу народите“ во Музејот на град Битола. Пред споменикот на депортираните Евреи од Битола и пред споменикот на народниот херој Естреја Овадија-Мара обраќање ќе има претседателот на Собранието Талат Џафери.

Во рамки на комеморативната програма во спомен на депортираните Евреи од Штип, ќе има прием кај градоначалникот Благој Бочварски, положување цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи од Штип и на еврејските гробишта во Штип. Во Штип ќе присуствува владина делегација предводена од министерот за здравство Венко Филипче и државниот секретар од Министерството за здравство Владо Милошев.

Во Скопје владина делегација предводена од министерка за странски инвестиции Зорица Апостолска и заменик-министрите за информатичко општество и администрација и за локална самоуправа Александар Бајдевски и Дејан Павлески ќе положат цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и споменикот на паднатите борци во Народноослободителната борба (НОБ).

Во Македонската филхармонија во Скопје ќе се одржи комеморативна вечер, на која се најавени обраќања на претседателот Ѓорге Иванов, заменик-министерот за одбрана на Државата Израел Ели Бен Дахан, претставникот на Американски еврејски комитет и претставник на ОБСЕ претседавачот за борба против антисемитизам, рабин Ендру Бејкер и претседателката на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо Николиќ.

Комеморативната програма ќе продолжи утре во Скопје со симболичен Марш на живите, кој ќе почне од Музејот на Град Скопје и ќе заврши во Империал Тобако ТКС (поранешниот Монопол) од каде биле депортирани македонските Евреи. По положувањето цвеќе на споменикот на 7.144 македонски Евреи, предвидени се обраќања на премиерот Зоран Заев, бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседателката на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо Николиќ. По маршот делегациите ќе се упатат кон Собранието на Република Македонија каде ќе се одржи комеморативна седница.

На настаните кои се дел од комеморативната програма, како што информира владината прес-служба, дополнително ќе присуствуваат странски државни делегации и високи државни претставници на земјите од соседството, домашни претставници на институциите на локално и национално ниво, како и претставници на заедниците на Евреите од Македонија и други земји.

За време на Втората светска војна од Македонија биле депортирани 7.144 Евреи и биле одведени во логорот на смртта Треблинка во окупирана Полска. Собирањето на Евреите од повеќе градови низ Македонија почнало ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година, по што биле донесени во Скопје во зградата на Монополот. Транспортот на Евреите од Македонија почнал на 22  март 1943 година, а до 29 март 1943 биле депортирани сите македонски Евреи во Треблинка, од каде никој не се вратил.

Во пресрет на годинашната комеморација, во понеделникот (5 март 2018) Собранието на Република Македонија усвои Декларација посветена на 75-годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија. На 6 март Владата ја усвои работната дефиниција на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот за борба против антисемитизам.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: годишнинаевреиМакедонијахолокауст
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ