• Latest

ОН: Во Сирија се врши сексуално насилство врз жени и мажи

March 16, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ОН: Во Сирија се врши сексуално насилство врз жени и мажи

March 16, 2018 10:17
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Припадници на силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад и на бунтовничките групи сексуално злоставуваат жени и мажи, со што вршат воени злосторства и злосторства против човештвото, се наведува во најновиот извештај на Независната меѓународна истражна комисија на ОН за Сирија.   

Во документот се тврди дека припадници на сириската Армија и на провладините милитантни групи силувале жени, девојки, мажи и момчиња како казна за нивните врски со бунтовниците.

– Владините сили и нивните сојузници, односно некои милитантни групи, за време на операции на теренот и претресите на куќи силувале жени, девојки, а во некои случаи и мажи. Приведените жени и девојки биле изложени на насилни и понижувачки постапки, а биле и силувани. Неретко е забележано и масовно силување. Мажите главно биле изложени на силување со одреден предмети или им биле нанесуван повреди на гениталиите, се наведува во извештајот.

Силување од страна на припадници на владините сили биле регистирани во градовите Алепо, Дара, Хомс, Хама, Хараста, Тартус, Латакија и Дамаск, како и во воениот затвор Саиднаја и на воениот аеродорм Мезех.

Припадници на владините сили го користеле силувањето како метод за извлекување признанија во текот на сослушувањето на приведените мажи и жени, се тврди во извештајот,

Од друга страна и припадници на бунтовничката група Сириски демократски сили во 2017 година ги мачеле заробените противнички борци со тоа што им ги палеле половите органи, стои во документот.

Комисијата наведува и дека жените и девојките кои се наоѓат во кампови под контрола на Сириските демократски сили одбивале да се тушираат затоа што се плашеле дека може да бидат силувани.

Наводите во извештајот се обебедени врз основа на 454 разговори со жртви на сексуално насилство, членови на нивните семејства, сведоци, бегалци, адвокати и лекари.

Во извештајот се додава дека сексуалното насилство врз жени, девојки, мажи и момчиња е проблем кој е присутен уште од самиот почеток на конфликтот во Сирија во 2011 година.

Според Комисијата, најмладата регистрирана жртва на сексуално насилство во Сирија било едно деветгодишно девојче, а меѓу силуваните има и 11-годишни момчиња. 

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ЗлосторстваОНСветСексуално злоставувањеСирија
Share49TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ