• Latest

Академиците бараат дебата за градење став за Законот за јазици

March 20, 2018
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Академиците бараат дебата за градење став за Законот за јазици

March 20, 2018 17:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Академик Катица Ќулавкова денеска предложи МАНУ на посебна седница да изгради став за новиот Закон за употреба на јазиците и со него потоа да оди пред јавноста, во функција на давање стручен и научен совет за едно, како што рече, суштествено прашање како што е јазикот, интегритетот и унитарноста на државата. 

„Покажана е една висока индифирентност, рамнодушност или атараксија спрема едно клучно прашање за кое и МАНУ на времето е основано и за кое Република Македонија како држава е основана, а тоа е функцијата на македонскиот јазик и на македонската нација. Сметам, врз основа на компаратаивни анализи, дека новиот закон го ревидира статусот на македонскиот јазик предвиден со Уставот на Република Македонија, го доведува во прашање и предизвикува ситуцаии во кои ќе биде загрозено и правото и должноста на секој македонски граѓанин, независно од етничкото потекло, да го употребува македонскиот јазик“, рече Ќулавкова.

Академик Милан Ѓурчинов смета дека ние имаме две капитални прашања за кои можеме, како што рече, да водиме жестока битка. Едното е спорот со името со Грција и новиот Закон за употреба на јазиците.

„Ние си играме со најделикатните чувства на припадниците на овој народ. Вие треба просто на овој народ, од кого сме избрани, кратко и јасно да му кажете ставот на МАНУ е овој. Немаме моќ да влијаеме на високите политички инстанци, но ставот на МАНУ останува и тој мора да се знае прво, да биде јасен, прост јазик изразен и тоа останува аманет од МАНУ. Само така може да имаме углед меѓу луѓето и народот“, нагласи Ѓурчинов.

Академик Луан Старова посочи дека материјата е сложена и оти ние не би можеле, како што рече, главечки да влеземе. Додаде дека важните социјални проблеми во врска со јазичната материја се на дневен ред.

Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити во своето експозе се осврна на основната дејност, работата и реализираните проекти во 2017 година. Конципирањето на Нацрт-програмата за работа на МАНУ во 2018 година, како што рече, поаѓа од два основни постулата.

„Прво, фокусирање врз реформските приоритети во различните области на науките и уметностите содржани во нашиот документ „Приоритети на идниот развој на Република Македонија“ и второ, потрага по одговори за новите предизвици на времето во кое живееме и работиме-посебно оние поврзани со идејата за изградба на нов и обединет Балкан и со забрзување на нашите евроатлатнски интеграциски процеси“, рече Фити.


Извор: МИА

Tags: дебатазакон за јазициМАНУ
Share44TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ