• Latest

Џафери: Бегалската криза не е завршена

March 26, 2018
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џафери: Бегалската криза не е завршена

March 26, 2018 10:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Миграциите како појава се присутни од почетокот на човековата цивилизација. Тие се интензивираат со глобализацијата. Последниве години Европа се среќава со масовна бегалска и мигрантска криза. Само низ Република Македонија, која е дел од таканаречената балканска рута, поминаа неколку стотици илјади мигранти и бегалци. Одредени анализи и информации покажуваат дека бегалската криза не е завршена, и дека е време сите заедно, но и секоја држава посебно, да преземе конкретни активности, порача претседателот на македонското Собрание Талат Џафери во обраќањето на на 138.Собрание на Интерпарламентарната унија во Женева.

– Сите ние најчесто знаеме да се пофалиме со бројки, односно  за тоа колку мигранти сме примиле или колку поминале низ нашата територија. Меѓутоа, не смееме да заборавиме дека мигрантите се најмалку од се бројки, и тие се луѓе како нас. Разликата е во тоа што секој од нив, без разлика дали е економски мигрант или бегалец, носи многу тажна сторија. Многу често, пред сè жените и децата мигранти, се изложени на најгруби облици на насилство или се жртви на трговијата со луѓе, а организираниот транснационален криминал заработува милијарди долари врз нивните трагични судбини, рече Џафери.

Додаде дека според податоците денеска околу 258 милиони луѓе, односно 3,4 проценти од светската популација живеат надвор од државите во кои се родени.

Вели дека меѓународните документи, меѓу кои и Универзалната Декларација за човековите права за која годинава одбележуваме 70 години од нејзиното донесување во Обединетите Нации, не обврзуваат сите да ја зајакнеме положбата на мигрантите и бегалците.

– Не треба да потсетувам дека нашата организација, како една од најстарите меѓународни организации, има донесено повеќе документи кои директно или индиректно се однесуваат на мигрантите и бегалците. Секако би било идеално кога би можеле веднаш да ги запреме сите воени конфликти и кога би можеле во сите држави да обезбедиме одржлив економски развој. Но тоа, барем во овој момент е поблиску до утопија отколку до реалност. Затоа, денеска сме тука како една од најстарите меѓународни организации да разговараме и да понудиме соодветни политички решенија кои ќе се темелат на вистински и реални аргументи. Мислам дека како национални парламенти, користејќи ги алатките на парламентаризмот, можеме многу да промениме, истакна претседателот на Македонското Собрание.

Џафери ИПУ 2

Притоа посочи дека преку организирање на јавни расправи и преку нашата соработка со невладините организации, може многу да направиме во надминувањето на серија предрасуди и стереотипи кои се однесуваат на мигрантите.

– Превладува мислењето дека мигрантите ни земаат нешто наше. Се заборава дека, со целосната инклузија на мигрантите, бенефит ќе имаат самите мигранти меѓутоа и државата домаќин. Понатаму, преку надзорната улога на парламентите, можеме да контролираме како извршната власт, поточно како соодветните министерства ги исполнуваат своите обврски кон мигрантите, рече Џафери.

Дел од овие ставови, посочи,  се темелат врз искуствата што Република Македонија ги стекна за време на интензивните миграциски бранови. Ни земјава, потенцира тој, поминаа неколку стотици илјади мигранти, како што рече, и со ограничени ресурси успеа да го обезбеди сето она што го превидува меѓународното хумано право и на тие луѓе да им обезбеди барем основни услови за престој и транзит низ нашата држава.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Џафери од 24 до 28 март ќе учествува на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија што ќе се одржи во Женева. 


Извор: МИА

Tags: бегалцимиграцииСобрание на Интерпарламентарната унија во Женева.Талат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ