• Latest

Настаните на 27 април договорени и координирани

March 28, 2018

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Настаните на 27 април договорени и координирани

March 28, 2018 08:32
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвнителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година. Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело.

Обвинетите, според јавниот обвинител на РМ Љубомир Јовески, го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на РМ со акт на насилство со што создале чувство на несигурност и страв кај граѓаните.

– Опсежаната истрага утврди, а уверени сме дека во судската постапка и ќе се докажа, дека обвинетите дејствувале со иста цел, извршувајќи поврзани и усогласени дејствија на битието на кривичното дело. Ве уварувам дека Обвинителството ќе продолжи да постапува согласно законот, имајќи предвид дека гонењето го врши во јавен интерес, и заради тоа неговата активност е насочена, пред се, пред лицето на правдата да ги донесе сите кои сториле кривично дело и секој да одговара за тоа што го сторил, обезбедувајќи го принципот на правна сигурност како еден од фундаменталните аспекти на владењето на правото, изјави вчера на прес-конференција Јовески.

Обвинителството ја запре постапката против пратеничката Жаклина Пешевска, која беше осомничена за упадот што се случи во Собранието на 27 април. Оттаму посочија дека постапката за Пешевска е запрена, бидејќи не се обезбедени докази за сторено кривично дело.

Со обвинителниот ак, меѓу останатите се опфатени три лица, припадници на МВР, кои биле носители на златна и сребрена команда.

– Тие иако континуирано биле известувани дека животот на пратениците од новоформираното пратеничко мнозинство, новинарите, вработените и овластените службени лица во Собранието, не издале наредби за распоредување на дополнителни полициски сили за внатрешно и надворешно обезбедување на Собранието, рече на прес-конференцијата советникот за односи со јавност на ЈОРМ, Елизабета Недановска образложувајќи го обвинителниот акт.

Во обвинението е наведено дека на 27 април едно лице преку телефонски повик во 14:30 часот било известено да ја почне акцијата и заедно со уште неколкумина обвинети го мобилизирале членството од Скопје и од другите градови за насилен упад во Собранието, однапред знаејќи дека објектот на Собранието не е обезбеден и заштитетен од полициските сили.

– Десетмина од обвинетите организирале поголема група луѓе на кои им делеле маски-фантомни и заедно со нив, по претходен повик во 18:58 часот се упатиле кон Собранието, рече Недановска.

Во обвинението се опфатени и други лица кои биле учесници во друга група, како организатори на движењето „За заедничка Македонија“.

Како што рече Недановска, истовремено во објектот на законодавниот дом еден од обвинетите пратеници телефонски разговарал со едно од обвинетите лица кои биле пред вратата со што се утврдува координација.

– По телефонската комуникација, сега обвинетите петмина пратеници, заедно со тројца обвинети службени лица од обезбедувањето на Собранието отвориле две влезни врати со отстранување на двете заштитни греди и овозможиле влез на лицата со фантомки и на насобраните граѓани. Сега обвинетите лица од обезбедувањето ги насочувале останатите обвинети кон пленарната сала „Македонија“ и кон прес-салата во Собранието, појасни Недановска.

Обвинетите заедно со други непознати лица влегле во прес-салата при што започнале насилство, фрлајќи предмети кон пратениците и кон новинарите.

– Во прес-центарот додека траело насилството и нападот од обвинетите, едно од обвинетите лица се насочило кон пратеникот Зоран Заев, посегнал по пиштолот што го носел со себе, но не испукал затоа што оштетениот бил заштитен од обезбедувањето и од другите присуни лица, рече Недановска.

Обвинетите, како што додаде, ги користеле сите предмети до кои дошле за да им нанесат повреди на оштетените пратеници и новинари, а поставиле и две импровизирани експлозивни направи во законодавниот дом.

Како што е наведено во обвинителниот акт, двајца од обвинетите припадници на МВР кои се обвинети за помагање во извршување на ова дело одзеле два хард диска со цел да ги прикријат трагите од насилниот упад во Собранието.

Покрај за обвинетите, истрагата утврдила дека во организирањето на настаните од 27 април во Собранието на РМ биле вклучени одреден број засега непознати лица за кои продолжуваат истражните дејства.

Обвинителството со подесување на обвинителниот акт до судот доставило и предлог за продолжување на мерките притвор и куќен притвор ценејќи дека се уште постојат законски основи за нивно определување.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 17 априлДоговорЈОРМкоординацијанасилствообвинение
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ