• Latest

Од граѓаните за граѓаните

March 28, 2018

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Од граѓаните за граѓаните

March 28, 2018 17:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Конференцијата „Граѓанската повелба – Глобална рамка за учество на граѓаните“, која ја организираше  ЦИВИЛ и Меѓународниот центар за граѓанско општество (ICSC), ги презентираа своите гледишта и можностите за соработка меѓу граѓанското општество, локалната и централната власт, медиумите, бизнис заедницата, политичките партии и други засегнати страни и структури кои донесуваат одлуки во земјата.

„Пилот проектот го работевме два месеца во две општини во Скопје и Куманово. Имавме низа теренски активности, работилници со бизнис сектор, граѓанско општество, политички партии, невладини организации… Идеата е да има меѓусекторка соработка, и поширок простор за делување. Резултатите од анкетите не се многу охрабрувачки, но се чуствува слобода од претходните години дека има поголема слобода, без страв, слободно да се искажат за своите проблеми“, рече Маја Ивановска од ЦИВИЛ Центар за слобода.

Говорници на конференцијата беа советникот за односи со јавност на премиерот на Република Македонија, Марјан Забрчанец, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, претставничката на Меѓународниот центар за граѓанско општество (Берлин, Германија), Бранди Геркинг, Ирена Лазарова од Централен регистар, претставниците на ЦИВИЛ, Маја Ивановска, Синиша Станковиќ и Џабир Дерала, активистката за човекови права Јасмина Голубовска и Ванчо Орданоски од бизнис заедницата.

Бранди Геркинг од Меѓународниот центар за граѓанско општество (Берлин, Германија) вели дека
во 2015 година ја развиле како глобална рамка, Граѓанската повелба.

Бранди Геркинг, Меѓународниот центар за граѓанско општество (Берлин, Германија)

„Човековите права и слободи се нарушени. Луѓето се лишани од нивните права да учествуваат во општеството. Мачени и проговунани активистите, НВО се окарактеристени како странски агенти. И во земји со големи демократија, учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки е доста ограничено, но доколку граѓаните немаат право да учествуваат, светот нема да има можност да ги надмине проблемите. Граѓанската повелба е втемелена во општеството, и обезбедува рамка.
Светот нема да е во можност да се справи со насилнички екстримизам, сиромаштија и мора да се вклучат и граѓаните. Навистина сум среќна и инспирирана што во Македонија има почитување на сите права и фундименталните човекови права и слободи“, истакна Геркинг.

Маријан Забрчанец, советникот на премиерот Зоран Заев, рече дека е пријатно е да се биде со граѓанските активисти. Тој, во името на Владата и во свое име, ја изрази поддршката на Владата за Граѓанската повелба.

Марјан Забрчанец, советникот за односи со јавност на премиерот на Република Македонија

„Учество на граѓаните во креирање и носење на политики е граѓаните да носат одлуки. Владата треба да биде сервис на граѓаните и да има канали да ги слушне нивните барања. Отворена влада, обезбедување на демократски медумски простор, транспарентност, отвореност. Укинато е медуиумското рекламирање, со што се заштедени средства, така што во 2015 година беа потрошени 5,5 милиони, а денес за комуникација со граѓаните е потрошено 10 пати помалку. Има неделни брифинзи, а ќе препорачаме да се воведе отчетност и во локалните самоуправи и другите нивоа на власта.

Ќе се формира совет за соработка со граѓански од НВО 16 И 14 од институциите. Ќе се отвори адресар на граѓански организации, за консултации по тематски области. Ги охрабруваме граѓанските организации да и пристапат на Владата“ – беше дел од заложбите на Владата кои Забрчанец ги презентираше во прилог на поддршката кон Граѓанската повелба.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски потенцираше дека е голама чест да се говори за Граѓанска повелба, и додаде дека ако сакаме да направиме здраво општество мора да направиме здрава индивидуа.

Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово

„Како граѓанин сум бил во ситуации да ми бидат прекршени правата во изминатите 12-13 години, но сега сум во позиција кога може да се случи и јас повредам некои права и верувајте тенка е границата. Ја поддржувам иницијативата на ЦИВИЛ и локалната власт има обврска да ги исполни правата на граѓаните.

Ми се случува како градоначалник некој да бара од мене да ги барам неговите права, меѓутоа апелирам до сите да си ги бараат самите своите права. Мора да бидеме свесни дека има маргинализирани групи кои не може да си ги остварат своите права. Благодарени на НВО тие маргинализирани групи имаат можност да си ги остварат. Општината треба да дава морална, но и материјална поддршка за одреден проект на граѓанското општештво“, додаде Димитриевски.

Ирена Лазарова од Ценрален регистар рече дека ги подржува ваквите иницијативи.

Ирена Лазарова, Централен регистар

„Централен регистер може да игра значајна улога, бидејќи се наоѓа помеѓу бизнис секторот и обичниот граѓанин. Ние може да им помогнеме на граѓаните на едно место да им ги сервираме сите податоци да ги најдат. На секое физичко лице може да му помогнеме да отвори свој бизнис, без да мора да има посредници“, рече Лазарова.

Ванчо Орданоски истакна дека ја подржува Граѓанската повелба, додавајќи дека тука сме сите задено со исто мислење.

Ванчо Орданоски, бизнис сектор

„Дали на некој му значи 29 август 1997 година? На некој ќе им текне на „Терминатор“, но веќе таа фиктивна работа почна да се применува и денеска. Имаме огромен напредок на вештачка интелегенција и некои машини се полусвесни и може да влијаат врз слободата на граѓаните.
Имеме подобра интернет мрежа од сите наши соседи и сведоци сме дека Фејсбук влијае на многу одлуки и на злоупотреби… И политичките институции треба да внимаваат како граѓаните ги користат технолошките можности“, додаде Орданоски.

Синиша Станковиќ, од ЦИВИЛ вели дека Македонија лека полека ќе стане држава, малку сами малку со помош на пријателите од странство, но дека сме далеку од граѓанско општество.

Синиша Станковиќ, ЦИВИЛ

„Сите овие јазици што се на банерот зад мене се говорат во Македонија, но некому му пречат. Јазикот на омраза стана службен јазик. Не може да зборуваме за здрави медими кога има толку омраза. Ние 12 години немавме вистински медиуми, имавме режирани интервјуа, немавме отчет, дебата и полемика. Македонија стана светски признато легло на лажни вести… Од друга страна, во новата власт детските болести мора да се одлежат, не смее да трае со месеци издавање на акредитација на новинари… Во духот на Граѓанската повелба, секој граѓанин треба да си го постави прашањето – Што има тука за мене?“, додаде Станковиќ.

Активистката Јасмина Голубовска истакна дека мора да се продолжи со отпор кон корупција и непотизам, кон сите кои се на власт.

Јасмина Голубовска, активистка

„Пред неколку години магистрирав на тема хибридни држави, и сега не гледам некоја драстична промена, Македонија и Албанија се хибридни демократии кои имаат контрола на сè.
Треба да се изврши ревизија на 10 годишното лошо владеење на претходната власт, тука би се вклучило и граѓанското општество и Правниот факултет. Градење на однос не е градње на кликови на социјалните мрежи. По победата на активистите за „Казандол“ треба да продолжи битката за Јеловица. И таа вест да не ја објави владата, бидејќи се ставаат во втор план неформалната група на граѓани кои се бореа да се спречи изградбата. Навистина сметам дека со реформа на влада, ќе дојдат луѓе на позиции кои ќе знаат да се носта со предизвикот“, истакна Голубовска.

Џабир Дерала од ЦИВИЛ Центар за слобода додаде дека ова е прва изјава и поддршка од Владата за Граѓанската повелба, и потенцираше дека поддршката за слободата на изразување треба да е иманентна во сите сфери.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ

„Фашизмот екстремизмот, наоѓаат свое прибежиште. По падот на Груевски, поставивме прашање до ДКСК за личните трошења, кои не ни одговорија, но потоа поднесоа оставка и добија апанажа, без никаква дебата… Од администрацијата на Ѕинголенд минатата година во Кратово не ни дадоа дозвола за инфо-штанд, бидејќи пола плоштад е со маси за кафани, а другиот дел служи за пешачење. Но, ние сепак, одржавме настан, без дозвола… Мора да обезбедиме атмосфера за соработка, затоа се потребни институциите, да ги искористиме сите можности за меѓусебна соработка. Државата има право на граѓаните да им го обезбеди нивното право, без разлика во каква социјална или физичка состојба се наоѓа. Ние мораме секаде да внимаваме тоа навистина да биде исполнето, зошто има многу луѓе кои не знаат, не можат или се плашат да се обидат да дојдат до своето право. Ние како граѓани имаме право да кажеме дека не сме задоволни, и да кажеме што не ни се допаѓа и да бараме некоја промена. Јавната одговорност е секако една од најважните компоненти на која се инсистира во оваа Граѓанска повелба“, додаде Дерала.

Дехран Муратов

Ангела Петровска

Фотографија: Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: бизнис секторГраѓанска повелбаконференцијаНВОсоработка
Share39Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ