• Latest

Во јавниот сектор во Македонија има 139.009 вработени

March 30, 2018

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во јавниот сектор во Македонија има 139.009 вработени

March 30, 2018 12:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на вработени во јавниот сектор изнесува 139.009 согласно состојбата до 31 декември 2017 година, изјави денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, презентирајќи го Годишниот извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор.

Истакна дека вкрстената анализа на МИОА, Агенцијата за вработување на РМ, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување покажува дека јавниот сектор на Македонија има 1.299 институции во кои работен однос имаат засновано 128.722 лица.

– Преку агенциите за привремени вработувања во институциите на јавниот сектор работно ангажирани се вкупно 1.624 лица и тие немаат статус на вработени во јавниот сектор и не влегуваат во анализите во овој извештај, истакна Манчевски.

Како за  споредба, додаде Манчевски, преку Агенција за привремени вработувања до мај 2017 ангажирани биле 2.064 лица. Посочи дека во акционерските друштва со стопроцентна државна сопственост има 8.633 вработени, а преку агенциите за привремени вработувања уште 30 вработени.

Според него, за разлика од бројките заклучно со декември 2016 има намалување на бројот на вработени во јавниот сектор за 951 и по повеќе децении се забележани надолни трендови во вкупниот број на вработени во јавниот сектор.

Посочи дека причина за оваа помала бројка е природниот одлив, или преку пензионирање или преку одлив во приватен сектор, и оти вработувањата се вршат врз основа на потребите на институциите, а не преку партиските потреби.

Во поглед на половата застапеност во јавниот сектор 54 проценти се жени, а 46 отсто се мажи. Според етничката припадност Македонци има 75,36 проценти, Албанци 19,31, Турци 1,84, Роми 1,14, Срби 0,91, Бошњаци 0,39…

Во поглед на образованието во јавниот сектор има 42,45 проценти вработени со високо образование, додека со средно се вработени 34,81 процент.


Извор: МИА

Tags: вработувањеДамјан Манчевскијавен сектор
Share27TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ