• Latest

Пендаровски: Реалист сум за прашањето за името, се уште е рана фаза во преговорите

April 3, 2018

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Реалист сум за прашањето за името, се уште е рана фаза во преговорите

April 3, 2018 14:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски денеска изјави дека не е песимист, туку реалист во однос на прашањето за името, и оцени дека земјата се уште е во рана фаза од преговорите со Грција.

– Ако на 11 и 12 јули не добиеме покана за влез во НАТО, не гледам што е пологично, освен да продолжиме да преговараме. Не мислам дека треба да го архивираме тоа прашање бидејќи тоа е нашата стратешка позиција. Не гледам воопшто друга алтернатива која е подобра од оваа, и тој аспект апелирам дека нема Македонија да ја нема ако на 13 јули немаме договор, рече Пендаровски.

Истакна дека 50 отсто од исходот во преговорите зависи од македонската страна, а останатите 50 проценти од грчката страна, односно дали таа има волја да направи нормален договор, достоинствен за двете страни.

– Тука постои и трет фактор – меѓународната заедница, клучни играчи кои се во заднина, кои, исто така, имаат свои интереси дури и некои што не се формално вклучени во процесот, надвор од регонот, кои не се дел од атлантската заедница, кои на разни начини индиректно можат да го опструираат тој процес, рече Пендаровски и додаде дека немало поголема политичка волја за компромис во однос на името од оваа актуелна Влада откако сме независна држава.

Оцени дека се уште се работи за рана фаза од преговарачкиот процес.

– Постоеше иницијален сет на идеи од медијаторот Метју Нимиц, два месеци наназад, и во меѓувреме последнава втора рунда преговори, по празниците веројатно ќе следи трета рунда преговори, и според мене тоа е се уште малку како интензитет на средби и до овој момент позициите се се уште различни, рече Пендаровски.

Во врска со изјавите од одредени американски експерти дека ако нема исход во преговорите, може и на друг начин да бидеме примени во НАТО под привремената референца, рече дека тоа се предвидувања, односно вин-вин сценарија на експерти кои не се вклучени внатре во процесот.

Во врска со изјавата на рускиот амбасадор Олег Шчербак дека во можно сценарио на напад на НАТО врз Русија, Македонија како членка би била потенцијална мета на руски напад, Пендаровски рече дека Македонија не е закана за Русија.

– Претпоставувам дека неговата изјава тргнува од нивната најнова воена доктрина односно дека се што е НАТО за нив е легитимна цел, и особено ако на територијата на Македонија утре како членка на НАТО се инсталираат воени бази кои би можеле да бидат дополнителна закана за нив. Мојата политичка квалификација би била дека станува збор за несреќна изјава. Руската Федерација нема ниту една причина да се плаши од Македонија – денес кога не е членка на НАТО и утре кога ке стане, оцени Пендаровски.

Ризван Сулејмани од Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје, истакна дека најдобрата алтернатива во моментот за Македонија е членство во НАТО и ЕУ.

– Сите други алтернативи – неутралност, односно како што го нарекувам изолација и гетоизација не е алтернатива реална на она што е европска интеграција, ниту пак тенденцијата да бараме алтернативи од т.н. хегемонистички центри кои претендираат да имаат влијание во регионот, затоа што живееме во еден свет каде што меѓународниот поредок на големо се урива, и преопасно е да се навлегува во такви игри каде што правилата на игра ги одредува посилниот, рече Сулејмани.

На Факултетот за безбедност во рамки на Дипломатскиот форум денеска се одржа научна тркалезна маса „Алтернативи на и за НАТО: интеграција на Република Македонија, политичка реалност, идни решенија и можности“.


извор: МИА

Tags: НАТОСтево Пендаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ