Германското обвинителство се уште не знае зошто 48-годишниот маж вчера прегази луѓе со комбе во западниот германски град Минстер.
Човекот, кој уби две лица и повреди 20, потоа се застрелал во возилото.
– Засега немаме индиции за причините за делото, изјави обвинителот Мартин Боценхарт во заедничка писмена изјава со полицијата.
Властите ги идентификуваа двете жртви како 51-годишна жена и 65-годишен маж.
Според локалните медиуми, сторителот бил Германец кој живеел во Минстер и кој страдал од ментални нарушувања. Полицијата не ги потврдува овие информации.
[divide]
Извор: МИА