Во Азербејџан се отворени гласачките места каде на предвремени избори азербејџанските гласачи избираат претседател на земјата.
Опозицијата ги бојкотира изборите, тврдејќи дека нема услови за демократско изјаснување и оти власта подготвува фалсификат.
Аналитичарите наведуваат дека без сомнеж изборите ќе ги добие Илхам Алиев, кој управува со земјата од 2003 година, кога на таа позиција го наследи својот татко.
Опозицијата, ја критикуваше и ненадејната одлука на Алиев ненајавено да поднесе оставка шест месеци пред предвидените избори, што ја скрати кампањата и оневозможи преземање мерки против лажирање на изборите.
Владејачката партија Нов Азербејџан ги отфрли критиките и уверува дека гласањето ќе биде фер и демократско.
Алиев ќе се соочи со седуммина противкандидати, но ниту еден од нив не и е познат на јавноста, ниту водеше предизборна кампања. Опозицијата тврди дека власта ги одбрала претседателските кандидати за да се создаде илузија на постоење избор.
[divide]
Извор: МИА