• Latest

Заев: Не можевме да предвидиме колку државата е финансиски урнисана

April 11, 2018
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Не можевме да предвидиме колку државата е финансиски урнисана

April 11, 2018 18:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Зоран Заев на денешната седница за доверба на Владата го поздрави враќањето на опозицијата во работата на Парламентот и, како што кажа, тоа е во интерес на граѓаните на Република Македонија, но и интерес и на власта заради тоа што со опозицијата може да биде само подобра власт.

Заев, одговарајќи на обвинувањата на пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски, кажа дека ова е конструктивна дебата и треба да биде коректив на власта, бенефит што граѓаните го добиваат кога опозицијата е активна во Парламентот.

– Единствено што не успеавме досега да го исполниме, согласно прецизните ветувања, е затоа што не можевме да предвидиме колку е заробена државата, колку е финансиски урнисана, колку е душмански ограбена. И не сакаме да земаме стотици милиони кредити и да расте долгот, а патем долгот е паднат за еден процент во време на враќање на огромни долгови или 280 милиони евра само од „Скопје 2014“, 60 милиони во здравство, 50 во МВР, 30 милиони во одбрана и да не ги редам сите министерства натаму какви беа состојбите во државата. Точно, верувавме во големата дупка, но не верувавме дека постои разлика, рече Заев.

Тој потенцираше дека не е точно тоа што е кажано за именувањата во делот на Владата.

– Впрочем, доказ се 11 спогодби со сите кои го нападнаа генералниот секретар на Владата на оваа тема, а денеска потпишаа спогодби за извинување и тоа е точно, потврдете го. Дваесет и пет отсто не се променети институциите во државата, рече премиерот.

Тој истакна дека нема отпуштени вработени од администрацијата туку дека станува збор за луѓе чии договори за дело веќе истекле.

– Договорите на дело единствено се тие кои завршија. Во институциите најмногу локални, жално е што ги лажете луѓето и требало да им дадете решенија за работа. И тука е вашиот пропуст, ама ги трупавте колку можевте и колку најдовте за пусти популизам да се изгради и додржи власта и кој да влезе во Собранието, рече Заев.

Јовановски рече дека очекувал од Заев барем да се извини за 180-те илјади евра трошоци за министрите. Кажа дека оваа Влада не треба да го прави тоа што го правела претходната, што владејачката мнозинство ја критикува.

Во однос на обвинувањата на Јовановски за отпуштања на вработени во администрацијата, министерот за информатичко општество и администрацијата  Дамјан Манчевски побара од опозицијата да именува барем едно лице вработено на неопределено време во администрацијата кое било отпуштено.

– Ние ги сменивме политички именуваните функционери, според закон, рече Манчевски, кој ги цитираше критики од Извештајот на ЕК за Македонија за 2016 година во делот на администрацијата, како и денешната позитивна оценка за состојбите во Македонија на Фридом хаус.

Јовановски кажа дека поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Сузана Анова која била вработена во Министерството за труд и социјална политика Сузана Анова, била наводно отпуштена поради фејсбук статус.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, во репликите, исто така го обини Манчевски за злоупотреба на средства за Дигиталниот самит што следната недела ќе се одржи во Скопје.

Пратеникот Џевад Адеми од ДУИ истакна дека на Македонија не и се заканува никаква опасност од албанскиот јазик и од рамноправни граѓани Албанци. Според Адеми, кај една третина од граѓаните Албанци, ВМРО-ДПМНЕ се доживува како антиалбанска партија, и оти тие изгубиле гласови на изборите само поради тоа што коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ.

Го повика премиерот Заев да продолжи со досегашната политика и да продолжи со контактите со соседите, со грчкиот премиер Алексис Ципрас, со бугарскиот Бојко Борисов, со Харадинај, Брнабиќ… Го охрабри да продолжи на членовите на неговата Влада да им навестува реконструкција бидејќи никој што е избран не е вечен. Ова гласање доверба е добра прилика да направиме рекапитулација на она што досега е сработено.

Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ негираше дека ВМРО-ДПМНЕ се албанофоби и го праша како тоа не го кажал кога на локалните избори ВМРО-ДПМНЕја поддржале ДУИ во некои градови.

– Заборавивте што се направи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Тетово, како на пример објектот на Клиничката болница, на ДУТ, потоа 11 спортски сали и друго. Треба да кажете колкав е процентот на застапеност на Македонците во општина Тетово, рече Манојловски.

Пратеникот на ДУИ возврати дека се што е изградено е направено од давачките на граѓаните.

Сурија Рушити од Алијансата на Албанците посочи дека има причини да се критикува оваа Влада, и кај Албанците една политички субјект кој 16 години владее во Македонија. Власта, според него, постојано се меша во албанскиот политички блок за да го контролира.

Посочи на неколку судски случаи, меѓу кои и за малиот Алмир, кажа и дека бројот на Албанци што во моментов се во затвор е приближно ист со Македонците, што според него, покажува дека во земјата има селективна правда.

– Да се отстрани впечатокот дека и оваа Влада практикува селективна правда, побара Рушити, кој смета дека поради тоа што младите немаат перспективи во земјата се иселуваат и дека, како што кажа, „еден ден ќе нема кој да не гласа“.

Сепак, верува дека Владата нема да падне и дека ќе продолжат реформите и Македонија ќе влезе во Еу и НАТО.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Зоран ЗаеводговарањепрашањаСобрание
Share85Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ