• Latest
Добро утро со Орданоски

Удолу оди само, угоре се турка!

April 18, 2018

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Удолу оди само, угоре се турка!

April 18, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Н[/dropcap]е е неважно сега, веднаш, да направите мала пауза. … Ве молам, размислете како изгледаше Македонија во април 2017 година или, уште подобро, во април 2016, 2015 и 2014 година…

Еве, малку да ве потсетам: Во април 2014 година се одржаа веројатно најнаместените парламентарни и претседателски избори во македонската посткомунистичка историја (а, не е дека ги немало и пред тоа), со чиј претседателски фермент (да не кажам исцедок), на пример, и денес се расправаме… Во април 2015 го газевме скопскиот асфалт надолж и попреку со свирчиња в уста и со чудна возбуда во стомакот дека правиме нешто за што сме во право, а и со експлозивните одеци од „бомбите на Заев“ во ушите… Во април 2016 година Иванов аболираше педесетина, главно, видни дејци на криминалната корпорација на Фамилијата (составувајќи прилично визионерски список на речиси сите сегашни и идни обвинети од страна на СЈО), што дополнително го крена ентузијазмот на улицата дека со таа екипа ќе мора да се расчистува до крај… Во април 2017 година пропадна крвавиот обид за државен удар во Собранието на Републиката, од страна на реакционерните криминализирани структури на насилниот македонски режим… Во април 2018 година, пак, Македонија, предводена од Владата на СДСМ, добива безусловна препорака за отворање на преговорите за интеграција во Европската Унија…

Како и да го свртите, од која страна на политичкиот спектар и да се наоѓате, приказната за Македонија во последните пет години мора да изгледа недвосмислено импресивна. Во право е оној Заев кога мудро вели дека овој „кенгурски скок“ од падот до триумфот на македонската демократија мора да е, сепак, резултат на големото мнозинство македонски граѓани – иако во налет на типично популистичко претерување, Заев во оригиналот на својата изјава вели: „сите граѓани на Македонија можат да бидат горди, без исклучок“, што е неточно, а и на раб од глупост. Елем, тоа големо мнозинство македонски граѓани, застанати над амбисот на својата зла судбина, некако се решија да се отрезнат во прилично последен час, пред сосема да ги лапне помрачината. Оваа збунета нација отсекогаш правела тежок избор помеѓу своите херои и антихерои, редовно спасувајќи се „за влакно“ да не застане на погрешната страна на историјата.

Треба овој момент добро да се прослави. Оти, не се опуштајте, од тука натаму е само угорнина! Всушност, сите поминати епохални перипетии беа само за да застанеме на стартната линија на маратонот за влез во ЕУ – а кога ќе го видам првиот ред од нашите маратонци, од некои од нив како една студена пот по малку да ме облева. Јово „Дубара“ ќе спроведува судски реформи, Али Ахмети ќе поддржува борба против корупцијата, Хорхе Иванов ќе нè интегрира во западните вредности… Делуваат уверливо како јамајканска репрезентација пратена на зимски Олимписки игри.

Значи, допрва следуваат тешки одлуки, мачни избори, напорна работа, пот и солзи. Да не мисли некој дека и еркондишн ќе ни пуштат?!


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 2014бомбите на Заевнаместени избориодлуки
Share275Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ