• Latest

Дигитална пред политичка интеграција, соработка и поевтин роаминг

April 18, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дигитална пред политичка интеграција, соработка и поевтин роаминг

April 18, 2018 11:36
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Да не се пропуштат можностите од дигитализацијата, кои ќе овозмножат поголемо поврзување на граѓаните и бизнисот во Западен Балкан и со Европската унија, што ќе му овозможи на регионот побрзо да се интегрира во Унијата. Клучно во тоа се капацитетот за користење на дигиталните технологии, содветната инфаструктура, но и олеснувањата со заложбите за меѓусебно намалување на цените во роамингот, беше порачано на отворањето на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан, чиј домаќин денеска и утре е Македонија.

– Дигитализацијата е можност која не теба да се пропушти доколку сакаме да обезбедиме иднина. Регионалната соработка има клучно значење во поврзувањето на граѓаните и државите на Западен Балкан. Таа регионална соработка доби суштина со Берлинскиот процес, а особено со усвојувањето на планот во Трст, рече на отворањето македонскиот премиер Зоран Заев.

Тој истакна дека инвестирањето во нови технологии ќе донесе ефикаснот и продуктивност, а особено важно е дека во дигиталниот свет нема големи и мали играчи. Дигиталната економија е клучен инструмент во бизност, политиката, образованието и безбедноста.

– Уверен сум дека ваквите регионални настани ќе помогнат во регионалните пазари, рече Заев. Посочи дека во Буџетот се обебзедуваат постојано средства за дигитализација. Изрази подготвеност државата да учествува во евентуалната загуба што би се појавила кај операторите од намалувањетои на цените на роамингот бидејќи бенефитот би бил голем доколку бизнисите и граѓаните се поврзат.

Дигитален самит Заев

Според еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, заедничката иднина ќе биде дефинирана од капацитетите да се зграпчат придобивките од дигиталната трансформација. Засилено се работи, како што посочи, на подготовка на дигиталната агенда на Западен Балкан, како клучна иницијатива што ќе биде презентирана на мајскиот Самит во Софија.

– Целта е да се овозможи дигиталната трансформација на општеството во Западен Балкан. Тоа ќе го овозможиме со примена на мултисекторски пристап кој се соочува со главните предизвици што ни петстојат, развојот на дигиталните вештини вклучително и кај жените, развојот на поврзаноста и инфраструктурата, мобилизацијата на јавната администрација и е-владата, јакнењето на нашата отпорност и компјутерска безбедност. Имаме намера да ги намалиме цените со ЕУ и тоа ќе го направиме во следните месеци, рече Габриел.

Ја поздрави волјата на мобилните оператори во регионот да се вклучат во конструктивен дијалог за истражување на сите начини за намалување на цените на роамингот кои се високи не само во регинот на Западен Балкан туку и во самата ЕУ и укажа дека ова е многу сложена тема за која на ЕУ и требаа десетина години да ја оствари.

–  Затоа процесот и дискусиите за деталниот патоказ за роамингот се уште се во развој, но наша цел е заедно со мобилните оператори, и задолжените власти за телекомуникации да овозможиме пад на цените во роамингот на самитот во мај, порача Габриел, дополнувајќи дека целосната покриеност на сите потрошувачи во регионот е прв предуслов за склучување договор за намалување на цените во роаминг во Западен Балкан и ЕУ.

Македонскиот министер за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски очекува Западен Балкан дигитално да се интегрира во Европа многу побрзо отколку што тоа ќе го направи политички.

– Очекувам цените на роамингот во регионот и со земјите од ЕУ драстично да се намалат и меѓусебно да си ги признаеме дигиталните сертификати. Очекувам да договроиме заеднички настап за подобрување на пристапот до широкопојасен интернет, очекувам Западен Балкан да стане следната ИКТ дестинација во светот и нашите млади да бидат предводници во подигнувањето на дигиталните вештини и да останат во своите земји, наведе Манчевски.

Самитот продолжува со премиерски панел, на кој учествуваат премиерите на Македонија, БиХ и Косово, а присутни се и министри, бизнимени и претставници на ИКТ секторот.

Напладне, како дел од Самитот ќе биде отворен експо саем на ИКТ фирми на кој ќе се претстават компании од дигиталната сфера, а ќе се одржи и камп за старт ап компании и конференција посветена на лажнитѕе вести. 


Извор: МИА

Tags: Дигитален СамитЗападен Балкан
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ