• Latest

Македонија се врати на европскиот пат – претстои уште работа

April 21, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија се врати на европскиот пат – претстои уште работа

April 21, 2018 07:49
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Долгоочекуваниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија ја врати земјава на патеката кон членството во Европската унија. Чистата препорака за почеток на преговори за влез во Унијата и пофалби за напредокот во реформите и добрососедските односи, лично во Скопје ги донесоа еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

– Земјата и граѓаните ја заслужија безусловната препорака. Членките на ЕУ го признаа сработеното. Овде сум за да ги најавам долгоочекуваните добри вести, да го прославиме успехот по долгите напори за надминување на кризата, истакна Хан на предавањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Зоран Заев.

Хан рече дека Македонија е цврсто назад на европскиот пат и оти има позитивна промена и обновено чувство на енергија и надеж. Истакна дека Македонија е пример за демократска промена во регионот и оти е импресиониран од направеното во однос на итните реформски приоритети, порачувајќи дека реформите треба да продолжат, особено во судството.

Еврокомесарот оцени дека Македонија и Грција е можно во блиска иднина да најдат решение за спорот со името и оти потребно е да постигнат договор што ќе им служи на интересите и на едната и на другата држава.

Могерини исто така оцени дека земјава се врати назад на добрата патека и оти овој резултат е заеднички на Владата и на опозицијата и тие заедно треба да ги продолжат и следните чекори и да ја преземат одговорноста за тоа.

Следно ниво, порача Могерини, е имплементација на реформите и на обврските што ги презедовте, како и враќањето на довербата на луѓето во институциите.

Таа порача да продолжат преговорите со Грција за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение за што изрази надеж дека ќе се случи наскоро.

Заев, кој беше домаќин на високите европски претставници, побара ЕУ да остане фокусирана на Македонија и најави дека Владата ќе продолжи со потребните реформи.

Нагласи дека интеграцијата во ЕУ и НАТО е врвен и стратешки интерес на Македонија. Рече дека добиената чиста препорака е силен мотив за достигнување на тешката, но достижна цел – почнување на преговорите за членство во ЕУ, за кои очекува датум во јуни годинава.

Македонија во изминатата година направи прогрес во исполнувањето на политичките, економските и демократските критериуми, оценува Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјата врз основа на кој препорача да почнат преговорите за нејзино членство во ЕУ.

Во делот на политичките критериуми се наведува дека државата конечно ја надмина најсериозната политичка криза од 2001 година. Тешкотиите во процесот на формирање на новата Влада кулминираа на 27 април 2017 година со нападите во Парламентот што беше најостро осудено од страна на меѓународната заедница. Насилствата во Собранието беа напад врз демократијата и треба да биде утврдена одговорноста за тоа, укажува ЕК.

Меѓуетничките односи остануваат чувствителни. Севкупно ситуацијата е мирна, но повремени инциденти и изјави предизвикуваат тензии. Новата Влада покажа заложба за справување со предизвиците на овој план, преку подобрување на меѓуетничките односи, зголемување на довербата меѓу заедниците и спроведување на Охридскиот договор.

Демократското владеење е подобрено. Новата Влада презеде чекори за ослободување на „заробената држава“ преку повеќе транспарентни чекори. Покажа политичка волја да ја спроведе реформската агенда потребна за приближување кон ЕУ. Граѓанското општество продолжува да игра конструктивна улога во поддршка на демократските процеси и поголема транспарентност.

Европската комисија во извештајот за напредокот на Македонија ја оценува јавната администрација како умерено подготвена во однос на стандардите на ЕУ.

Во однос на борбата против корупцијата и организираниот криминал, ЕК и во оваа сфера костатира дека е постигнат напредок. Постои правна и институционална рамка иако се уште недостасува финализирање на случаите на повисоко ниво на корупција во судовите. Корупцијата останува присутна во повеќе области и продолжува да биде сериозен проблем. Институциите задолжени за борба против корупцијата покажуваат одредени слабости, а ризик остануваат и политичките влијанија. Земјата има усвоено европски стандарди за борба против организираниот криминал, но мора да продолжат напорите за нивна имплементација.

Направен е добар прогрес во слободата на изразување, особено во подобрувањето на климата за работа на медиумите и намалување на притисокот врз новинарите, констатира ЕК во извештајот за напредокот на Македонија.

Медиумите и новинарите од средината на минатата година можат послободно да го критикуваат несоодветното однесување на официјалните претставници, без цензура. Во консултација со разни чинители подготвен е Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

ЕК укажува дека, сепак, неопходно е натамошно подобрување, вклучувајќи и реформа на јавниот радиодифузен сервис и поголема заштита на новинарите и нивните права.

Во делот за почитување на основните права, ЕК констатира дека постои правна и институционална рамка за заштита на основните права, но неопходни се реформи за натамошно усогласување со европските стандарди за заштита на човековите права.

Македонија одржува добри односи со другите држави во регионот и активно учествува во регионалните иницијативи. Направени се значајни чекори за подобрување на добрососедските односи, особено со склучувањето на билатералниот Договор за добрососедство со Бугарија и градењето доверба со Грција, оценува ЕК во најновиот извештај за напредокот на земјата.

Извештајот на ЕК за напредокот на земјата и чистата препорака за почеток на преговори е резултат на сработеното во речиси сите области. Во изминатите два извештаја поради политичката криза, препораката беше суспендирана и условена со демократски реформи.

Годинава, препораката е чиста и безусловна, со што Македонија, како што рече премиерот Заев, го исполни основниот демократски критериум за почеток на преговори.


Извор: МИА

Tags: ЕУинтеграцииМогериниХан
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ