Во четврток во 13 часот пред Основниот суд во Скопје се најавува граѓански протест за жртвите од Смилковско езеро. Протестот е најавен на социјалната мрежа Фејсбук на групата „Правда за „Монструм“.
„Правда за жртвите од Смилковско езеро! Никогаш заборавени! Правда за Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стевковски!“, стои на повикот.
Судењето за убиството на 5-те лица кај Смилковско езеро е закажано за 15 мај.
Д.М.