• Latest

2 мај

May 2, 2018

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

2 мај

May 2, 2018 09:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл, основач и теоретичар на модерниот ционизам, кој се залагаше за основање еврејска држава во Палестина и го разработи концептот на таа држава. Тој во 1897 година бил избран за прв претседател на Светската ционистичка организација. Негови познати дела се „Еврејска држава“, „Стара Нова земја“ и други.

1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почнал Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот бил избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјасни за кревање востание.

1933.- Германскиот канцелар Адолф Хитлер ги укинал синдикатите.

1949.- Во Струмица бил формиран Народниот театар „Антон Панов“. Во театарот била изведена првата претстава “Бегалка” од македонскиот писател Васил Иљоски.

1960.– Во Валандово е роден Ѓорге Иванов,  претседател на Република Македонија, избран на претседателските избори во 2009. На функцијата стапил на 12 мај 2009, а за втор мандат бил избран во 2014 година. Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје. За време на претседателските избори во 2009, Иванов добил поддршка од повеќемина јавни личности од академската, политичката, културната и спортската фела. На неговата прва инаугурација присуствувале претседателите на Србија, Хрватска, Албанија и Црна Гора. Во 2014 освоил втор претседателски мандат, но не бил признат од СДСМ поради обвинувања за изборен фалсификат и од ДУИ поради немање поддршка од Албанците во Македонија. За време на вториот мандат ги заладил односите со ЕУ и Германија, обвинувајќи ги за неажурност во справувањето со европската мигрантска криза. Во политички кризните години од 2014 до 2017 се застапува за принципиелна одбрана на уставниот поредок, унитарноста и милтикуртурализмот на Република Македонија. Континуирано и неотстапно во меѓународни рамки настапува во одбрана на уставното име на Република Македонија и во одбрана на историските идентитетски придобивки на македонскиот народ.

1967.- Лабуристичката Влада на Харолд Вилсон побарала членство на Велика Британија во Европската економска заедница, завршувајќи ја долгата дебата за тоа дали Лондон треба да и пристапи на таа групација.

1994.- Нелсон Мандела и неговиот Африкански национален конгрес ги освоиле првите парламентарни избори во Јужна Африка, на кои првпат во историјата на оваа земја право на глас имале сите граѓани независно на нивната раса.

2002.- Русија го спуштила знамето во Кам Ран, поморска и воздухопловна база на јужниот дел на Виетнам, напуштајќи ја последната база во странство по завршувањето на студената војна.

2011.- Во Пакистан бил убиен најбараниот терорист на светот, лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен. Американскиот претседател Барак Обама рано изутрината по средноевропско време изјавил дека мала група Американци го убила Бин Ладен во еден објект во Пакистан и како доказ го имаат неговото тело. Пакистански официјални претставници соопштиле дека Бин Ладен бил убиен во напад на четири хеликоптери во квартот Билал во Аботабад, град кој се наоѓа на околу 100 километри североисточно од Исламабад. Официјални претставници во Пешевар изјавиле дека заедничката операција ја извршиле Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и пакистанските безбедносни служби. Телото на лидерот на терористичката организација Ал Каеда, Осама бин Ладен, било „погребано“ на непознато место во море.

2015.- На 89-годишна возраст починала светски познатата балерина Маја Плисецкаја. Плисецкаја била родена на 20 ноември 1925 година и таа е една од двете балерини на Советскиот Сојуз која ја добила титулата „Prima ballerina assoluta“. Таа првпат влегла во Бољшој театар во 1943 година, каде веднаш се покажала како една од најдобрите балерини на својата генерација. Танцувала околу 50 години во овој театар, многу подолго од предвидената возраст, на која обично се пензионираат руските балерини.

2015.- Сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Миделтон родила ќерка. Девојчето било тешко 3,7 килограми, а на породувањето во лондонската болница „Сент Мери“ присуствувал и принцот Вилијам.

Извор: МИА

Tags: на денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ