• Latest

Могерини: Ќе ја штитиме слободата на изразување во и надвор од ЕУ

May 2, 2018

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Могерини: Ќе ја штитиме слободата на изразување во и надвор од ЕУ

May 2, 2018 14:49
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ ја потврдува својата решителност да продолжи со заштита на слободата на мислење и изразување во медиумите, како во рамките на границите на Унијата, така и надвор од неа, врз основа на загарантирано право на основните принципи на еднаквост, недискриминација и универзалност, изјави денеска европскиот висок претставник за недворешна политика и безбедност Федерика Могерини. 

Во изјавата по повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, Могерини нагласува дека слободата на изразивање и на медиумите е загрозена насекаде ширум светот.

– Нападите врз медиумите и новинарите претставуваат напади врз демократијата и слободата, оценува Могерини, додавајќи дека ЕУ се базира на вредностите на демократијата, човековите права и владеењето на правото, како и на слободни и плуралистички медиуми, што е утврдено и со Повелбата на Унијата за основните права.

Федерика Могерини

Могерини натаму наведува дека ЕУ ги осудува и се спротивставува на насилството, заканите и политичките притисоци врз новинарите, со што се ограничува слободата на изразување, и најавувува дека Брисел ќе преземе конкретни чекори како одговор на тие појави.

– Почитувањето на слободата на изразување е интегрирано во сите политики на ЕУ и во нејзините развојни програми. Законите, политиките и инструментите на ЕУ се дизајнирани со цел да ја зајакнат медиумксата слобода ширум Унијата и да се подобри транспарентноста, кредибилитетот и разновидноста на информациите достапни на интернет, истакнува Могерини во писмената изјава.

Таа додава дека ЕУ ќе продолжи со финансирањето проекти во трети земји со цел подобрување на квалитетот на новинарството, обезбедување пристап до информациите од јавен карактер и гарантирање на слободата на изразување.

Федерика Могерини

Могерини во изјавата им изразува почит на сите медиумски работници во Европа и светот, кои загинаа извршувајќи ја својата должност и ги повикува владите на сите држави да го осудат насилството врз новинарите и да преземат мерки за подобрување на нивната безбедност, со посебно внимание кон новинарките, како и да ги изведат пред лицето на правдата сторителите и иницијаторите на овој тип насилство.

– Слободата на печатот игра клучна улога во промовирање на владеењето на правото, транспарентноста и одговорноста. Независното новинарство е од пресудно значење за следње на одговорноста на државите и на демократските процеси. Слободните и независните медиуми се столбови на плуралистичките и отворени општества и имаат одговорност за гарантирање на проверено и правилно информирање на јавноста, порачува Могерини во изјавата по повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите.


Извор: МИА

Tags: Могеринислобода на медиуми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ