• Latest

3 мај низ вековите

May 3, 2018
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

3 мај низ вековите

May 3, 2018 08:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е Светски ден на слободата на печатот.

1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели, италијански политичар, дипломат, поет и комедиограф. Негови најпознати дела се „Владетелот“, „Историја на Фиренца“, „За воената вештина“ и „Мандрагола“. Умрел во Фиренца, на 20 јуни 1527 година.

1492.- Кристифор Колумбо го открил островот Јамајка.

1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес Кабрал го открил Бразил на пат кон Индија и го прогласил за имот на Португалија.

1814.- Францускиот крал Луј Осумнаесетти  се вратил во Париз по поразот на царот Наполеон Први во битката кај Ватерло.

1841.- Нов Зеланд бил прогласен за британска колонија.

1917.– Во Штип е роден Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Република Македонија. Бил претседател во два мандата од 1991 до 1999 година. По пензионирањето Киро Глигоров бил активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“. Киро Глигоров беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН. На 3 октомври 1995 година во 9 часот и 50 минути преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата „Македонија“ во непосредна близина на хотелот „Бристол“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“. Починал на 1 јануари 2012 година.

1920.- Во Скопје е роден Кирил Билбиловски, пионер на македонската кинематографија, еден од првите уметнички фотографи и втемелувач на професијата филмски снимател во Македонија. Сними повеќе од сто документарни и десетина играни филмови. Значајни се креациите на неговата филмска камера во филмовите „Денови на искушение“, „Каде по дождот“, „Македонска крвава свадба“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Најдолгиот пат“, „Исправи се Делфина“ и други. Умрел во Охрид, на 24 септември 1989 година.

1922.- Во Париз била основана Меѓународната железничка унија.

1945.- Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донесла решение за утврдување на македонската азбука која има 31 буква. Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија број 104, четврти, петти, шести и седми мај, 1945 година.

1946.- Во Токио почнало заседанието на Меѓународниот суд за Далечниот Исток на кое требало да се утврди вината на јапонските воени злосторници.

1979.- Со убедлива победа на конзервативците на британските парламентарни избори била извршена смена на кормилото на власта, а Маргарет Тачер станала прва жена премиер во британската историја.

1996.- Делегати од 55 земји на конференција на Обединетите нации се согласиле за новите правила за користење мини, но не ја прифатиле нивната целосна забрана.

2002.- Претставници на 36 од 44 земји на Советот на Европа потпишале Документ за целосна забрана на смртната казна, дури и во време на војна.

2002.- Најмалку 450 луѓе загинале кога на реката Мегна, 170 километри јужно од Дака, главен град на Бангладеш, потонал фериботот „М.В.Салахудин-2“ со околу 500 патници и членови на екипажот.

2005.- Избрана била првата демократска влада во Ирак, прва по владеењето на Садам Хусеин.

2014.- На 65-годишна возраст по долго боледување починал Илија Атанасовски – Ико, поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Атанасовски во ФФМ работел цели 24 години, а во тој период, кога претседател на Федерацијата бил Љубисав Иванов – Ѕинго, Македонија била примена во ФИФА и во УЕФА. Тој е автор на фудбалската монографија „Ние сме едно големо фудбалско семејство“, а во својата кариера како играч има настапувано за Тетекс, Југококта и Вардар. Добитник бил на специјалното признание за животен придонес во македонската фудбалска игра.


Извор: МИА

Tags: 3 мајвремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ