• Latest

6 мај

May 6, 2018

24 ЧАСА: Училишниот прибор со намалени цени од 15 август; Бесплатен паркинг за болните од канцер на Клиничкиот центар; Украина нападна стратешка руска рафинерија кај Краснодар

August 7, 2025

Алиу: Цените на паркингот на Клинички нема да биде ист за сите – бесплатно за болните од рак, најскапо ќе плаќаат тие кои не се пациенти

August 7, 2025
Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

ЦМДТ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

August 7, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Влада: Од 15 август намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти

August 7, 2025
maalski policaec

РЕАКЦИИ: Од СФРЈ до денес, повик за враќање на маалски полицаец

August 7, 2025
Фото: Фејсбук на заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов

Владата ја продолжи кризната состојба за движење во шуми за 30 дена

August 7, 2025
Фејсбук Фатмир Лимани

Зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20-проценти

August 7, 2025

Додик најави референдум по одлуката на ЦИК да му се одземе мандатот

August 7, 2025

Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

August 7, 2025
Наводна слика од пожар во рафинеријата за нафта „Афипски“ во рускиот Краснодарски крај на 7 август 2025 година, за време на украински напад врз регионот. Фото: Телеграм канал Exilenova+

Нападната рафинерија за нафта во рускиот Краснодарскиот крај во масивен напад на украински дронови

August 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

6 мај

May 6, 2018 07:39
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

626.- Холандскиот доселеник Питер Минуит од Индијанците го купил островот Менхетен – на  кој подоцна е изграден Њујорк.

1758.- Роден е Максимилијан Робеспјер, еден од најзначајните водачи на Француската буржоаска револуција. Бил водач на јакобинците, најреволуционерната партија во тоа време која се борела за општо право на глас, внесено првпат во јакобинскиот устав во 1793 година, за укинување на монархијата и за воспоставување република како и за укинување на ропството во колониите. По контрареволуционерниот пресврт, на 27.07.1794 година Робеспјер бил гилотиниран.

1840.- Пуштени биле во оптек првите поштенски марки во Велика Британија – од еден и два пени со ликот на кралицата Викторија Прва.

1848.- Во селото Лазарополе, гостиварско, е роден Васил Апостолов Икономов, македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач, калиграф и црковен певец. Умре во Лазарополе, на 4 јуни 1934 година.

1856.- Во Фрајбург е роден Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. Негови најпознати дела се „Увод во психоанализата“, „Кон психопатологијата на секојдневниот живот“ и „Толкување на соништата“. Умрел во Лондон, на 23 септември 1939 година.

1859.- Умрел Александар фон Хумболт, германски географ, астроном и истражувач, еден од основачите на научната географија. Прв го поставил правилото за намалување на температурата со зголемување на надморската висина. Пионер бил на системските трудови за магнетизмот и прв автор на изотермалната карта на Земјата. Роден бил на 14 септември 1769 година.

1889.- Во Париз официјално била отворена Ајфеловата кула, една од најголемите знаменитости на градот. Конструктор на кулата бил инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена на парискиот плоштад Шан де Марс и е висока 320 метри.

1919.- На Версајската мировна конференција по Првата светска војна на Германија и биле одземени колониите во Африка.

1924.- Во Виена, ВМРО (об.) издала Манифест кон македонскиот народ, кон организираното револуционерно население во Македонија и кон македонските револуционери, познат како Мајски манифест на ВМРО (об.). Во него како главни цели на револуционерната борба биле фиксирани „ослободувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка заедница“ и демократизирањето и сојузувањето на балканските држави во една федерална заедница која „единствено може да го гарантира политичкото постоење на независна Македонија и независноста на другите балкански народи“ и да ги парализира анексионистичките и империјалистичките стремежи на заинтересираните сили.

1952.- Во селото Лабуништа, Струшко, умрел Ангелко Крстиќ, македонски романсиер, раскажувач, драмски автор и учител. Најпознат е по романот „Трајан“, објавен во 1932 година. Роден бил во селото Лабуништа, на 1 ноември 1871 година.

1976.- Во северниот италијански град Удине во земјотрес загинале 973 луѓе.

1978.- Советот за безбедност на Обединетите нации ја осудил Јужна Африка поради инвазијата во Ангола и побарал повлекување на нејзините војници од земјата.

1991.- Во Сплит, Република Хрватска загинал 19-годишниот војник од Кавадарци, Сашко Гешовски. На денот на загинувањето тој бил на должноста стражар во командата на Военопоморската област во Сплит, каде што протестирале над 30.000 демонстранти. Гешовски бил првата македонска жртва во југословенската војна. Тој од 17 септември 1990 година служел во воената полиција во Сплит. Околностите под кои загина Гешовски се уште не се разјаснети.

1992.- Во Париз умрела Марлен Дитрих (вистинското име и е Марија Магдалена фон Лош), прочуена американска филмска актерка од германско потекло. Родена била во Берлин, на 27 декември 1901 година.

1993.- Умрел Велко Силјаноски, редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик. Роден бил во Прилеп, на 27 јуни 1936 година.

1994.- Во Мексико, на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член била примена и македонската организација ЕАН-МАК.

1994.- Францускиот претседател Франсоа Митеран и англиската кралица Елизабета Втора го отвориле тунелот под Ламанш.

1998.- Најмалку 150 лица загинале од надоаѓање на реките поради поројните дождови во јужниот дел на Италија.

2002.- Со одлука на претседателот Џорџ Буш, САД го ставиле надвор од сила потписот на поранешниот шеф на државата Бил Клинтон во декември 1999 година на меѓународниот договор за формирање Меѓународен кривичен суд за воени злосторства. Конгресот со резолуција го ополномоштил американскиот претседател да употреби и вооружени сили при ослободување на американски државјани доколку бидат изнесени пред овој суд.

2002.- Во Холандија бил убиен лидерот на холандската десница Пим Фортајн, што официјално претставувало прво политичко убиство во оваа земја од 17. век. Фортајн бил убиен од еден муслимански фанатик, наводно од верски причини.

2006.- Починала последната преживеана патничка на бродот Титаник, Американката Лилијан Гертруд Асплунд. Според извештајот на американскиот Сенат, во несреќата загинале 1.523 лица.

2007.- Починал Ѓорѓе Новковиќ, најтиражниот композитор на поп-музика во поранешна Југославија. Новковиќ во 60-тите години од минатиот век свирел со сараевската група „Индекси“, а потоа ја формирал групата „Про Арте“.

2014.- По кратко боледување на 65-годишна возраст починал македонскиот музичар, автор и пејач на народна музика, Војо Стојановски. Тој бил и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија. Негови најпознати песни кои оставија трага во македонската народна музика се „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ ,„Свадба голема“ … Стојановски бил роден на 2 февруари 1949 година во кичевското село Букојчани. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: на денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ