• Latest

Анѓушев: Решение за „Југохром“ со внимавање на екологијата и на економијата

May 7, 2018
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Анѓушев: Решение за „Југохром“ со внимавање на екологијата и на економијата

May 7, 2018 15:50
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека е оптимист за наоѓање решение за комбинатот „Југохром“ со кое ќе се внимава и на здравјето на луѓето и на економијата.

– Според последните информации во Факом е готова и челичната конструкција што треба многу скоро да се монтира. Ги разгледуваме сите можности и со банките и со сопственикот но како држава не можеме премногу да се мешаме во приватните компании. Сакаме да им помогнеме и на банките и на сопственикот да ја подобрат соработката и да се изнајдат средства филтерот да се изработи, рече Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање околу барањата за рестартирање на „Југохром“ и за средбата што ја побара синдикатот на работниците со премиерот Зоран Заев.

Според Анѓушев, штета е „Југохром“ да не работи со оглед на високата цена на  феросилициумот на светските берзи.

– Мислам дека комбинатот може профитабилно да работи. Сепак здравјето на луѓето нема цена и мораме да направиме состојба каде и ќе внимаваме на здравјето на луѓето и ќе внимаваме на економијата. Јас лично сум оптимист дека такво решение е можно, изјави Анѓушев.

Околу изборот на гувернер на Народната банка на Македоинија Анѓушев истакна дека очекува дека ќе се најде решение.

– Поединечни предлози не може да вродат со плод и затоа ова треба да биде еден добар пример за кохабитација. Не треба да се прават избрзани чекори од ниедна страна и таквите работи треба да се разрешат со конструктивен дијалог и да изнајде личност што ќе биде доволно стручна и квалитетна што ќе може да ја води централната банка во Македонија, рече Анѓушев.

За состојбите со Фени и наводите дека токму тој влијаел врз изборот на нов сопственик на комбинатот Анѓушев рече дека банките во овој случај се обезбедени доверители и ги добиле своите пари додека необезбедените доверители во голем дел се со постигнати договори и откупени побарувања и согласно законот постапката ја води стечајниот управник, одборот на доверители и судот во Велес.

– Додека чекаме постапката да заврши опремата не треба да се исклучи поради големите трошоци над десетици милиони евра за нејзино повторно вклучување стечајниот управител веројатно оправдано и сосема логично ја издаде на користење за некој да се грижи и за опремата и за вработените согласно Законот и да не се намали вредноста на стечајната маса туку напротив таа да се зголеми во прилог на доверителите. Мислам дека проблемот со Фени е на добар пат да се разреши, добро е што компанијата повторно работи и добро е што 67 милиони евра на доверителите нема да изгорат, порача Анѓушев. (МИА)

Tags: „Југохром“Кочо Анѓушеврешение
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ