• Latest

Одбележување на Денот на Европа

May 9, 2018
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Одбележување на Денот на Европа

May 9, 2018 07:34
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 9 Мај, одбележувањето на Денот на Европа, низ градовите во Македонија ќе се одржат повеќе активности.

Секретаријатот за европски прашања ќе го организира традиционалниот „Појадок со ЕУ“, во Клубот на пратеници во Скопје, со почеток во 9 часот, на кој ќе учествуваат амбасадорите на земјите членки на ЕУ, поранешните вицепремиери за европски прашања, на кои ќе им се обратат вицепремиерот Бујар Османи и амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар.

Делегацијата на ЕУ во Македонија ќе го одбележи Денот на Европа во Куманово, Крива Паланка, Дебар, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Охрид, Гостивар, Тетово, Велес, Струмица и Битола. Инфо точките на ЕУ на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот на ЈИЕ во Тетово и Битолскиот универзитет ќе ги вклучат студентите во дискусии за европската иднина на земјата.

Жбогар и други амбасадори на земји-членки на ЕУ ќе учествуваат на прославите и ќе ја пренесат пораката за заедничка иднина.

Централен настан на програмата за Денот на Европа е ЕУ паркот, што ќе се одржи во Штип на 12 мај, во присуство на премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Штип Благој Бочварски и Самуел Жбогар. На настанот ќе се одржат презентации на сите земји-членки на ЕУ од страна на студентите на универзитетот во Штип, спортски активности, како и музички изведби на популарни уметници. За одбележување на Европската година на културно наследство, ќе се одржи изложба на фотографии од локации на културата во земјата и ЕУ.

Делегацијата на ЕУ поддржува и други настани за Денот на Европа, како што се Скопскиот маратон, годишната матурска парада, дебати и натпревари за деца и студенти организирани од Европското движење во Скопје, Велес, и Куманово, како и бројни културни настани.

Денот на Европа, кој секоја година се одржува на 9 Мај, го слави мирот и единството во Европа.  На оваа дата се одбележува годишнината од историската Декларација на Шуман. Во говорот одржан во Париз во 1950 година, Роберт Шуман, тогашен француски министер за надворешни работи, ја претставил идејата за нова форма на политичка соработка во Европа, со која војните помеѓу народите во Европа ќе станат незамисливи. (МИА)

Tags: 9 МајДенот на Европаодбележување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ