• Latest

Далеку е Европа ако одиш пеш

May 9, 2018

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Далеку е Европа ако одиш пеш

May 9, 2018 13:49
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денешниот ден го одбележаа настани посветени на 9 мај, денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Но, за жал, денеска е и ден на трауматичното сеќавање на граѓанките и граѓаните на Куманово и на цела Македонија. Тоа е ден кога започна 48-часовната војна во кумановско Диво Насеље, жесток судир со вооружена криминално-терористичка група. Во пресметките загинаа осум припадници на полицијата.

Во пресрет на одблежувањето на тригодишнината од „малата војна“ во Диво Насеље, Куманово, на 9 мај 2015 година, ЦИВИЛ -Центар за слобода организира панел -дискусија утре во Комитет, Куманово, со почеток во 13 часот. Учесниците на настанот ќе обидат да дадат одговор на овие и на многу други прашања поврзани со настаните и судските процеси за Диво Насеље.

До денешен ден, овој настан го следат недоречености и мистерии околу прашањата кои се однесуваат на организаторите и мотивите за овој тежок безбедносен предизвик за земјата. Имајќи предвид дека од денешна перспектива ништо од ова не е решено, може да се заклучи дека иако ја сменивме насоката, далеку сме од прифаќање на европските вредности кои денеска ги славиме.

Од останатите настани повторно во центарот на вниманието се судските рочишта во Кривичниот суд. Денеска на репертоарот се случаите Поткуп и Титаник.

Премиерот Зоран Заев по денешното рочиште за случајот Поткуп во Кривичниот суд на кое се гледаше скратената снимка што беше објавена на Јутјуб, рече дека Судот констатира оти на три пати снимката се прекинува. Тој истакна дека му е мило што целиот процес преку доказната постапка бил разобличен, како во делот на испрашувањето на сведокот така и во делот на неговото испрашување како обвинето лице.

Во случајот Титаник, и денеска како и на вчерашното рочиште за Тенк, одбраната побара изземање на Специјалната Јавна обвинителка Катица Јанева. Образложението е легитимно исто онолку колку што е и комично…

Нормираниот учинок повеќе нема да биде услов за исплата на минималната плата. Од Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопштија дека Уставниот суд ги укинал членовите од законот во делот за нормираниот учинок.  Со ова, според ССМ, ќе се овозможи правна сигурност во примената на Законот за минимална плата и исплатата на минималната плата за сите работници во државата.

Еден затвореник е тешко повреден во тепачка што се случила вчера во затворениот дел на Казнено поправната установа – Идризово.

Маја Ивановска

 

 

Tags: актуелноДен на ЕвропаДиво Насељедневни темиКумановоПобеда над фашизмотССМТитаникЦивил
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ