• Latest

За изборите – отворено, без пардон

June 5, 2018
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За изборите – отворено, без пардон

June 5, 2018 10:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ го организира јавниот настан „Аларм: Слободни избори, услов за кој (не) се преговара“ денеска (вторник, 5 јуни 2018) во хотел Континентал, со почеток во 13 часот. „Јавен настан посветен на граѓанките и граѓаните, правото на глас, правото на учество во одлуките, правото на слобода“ – се вели во соопштението на организацијата. 

Изборниот систем и изборните практики се такви што на најразлични начини го повредуваат правото на глас на граѓанките и граѓаните на Република Македонија. Избирачки список во крајно лоша состојба, сериозни финансиски и медиумски манипулации, широко распространета политичка корупција и поткуп на гласачи, неказнивост, нееднаквост, неможност за помалите партии да учествуваат рамноправно во изборната трка… Тоа е само дел од големите проблеми со кои се соочува општеството во текот на изборните процеси. На изборите се трасираат начините на владеење, се решаваат судбините на луѓето, често надвор од демократските стандарди и спротивно на Уставот и законите. Навидум добро спроведени, со „мали недостатоци“, изборните процеси во Македонија се меѓу најтешките облици на манипулација со волјата на гласачите и грубо ги кршат човековите права и слободи.

За овие и низа други аспекти на изборните теми ќе говорат Хедер Роберсон Гастон (САД), Сандра Гавриловска, Сашо Орданоски, Александар Новакоски и Џабир Дерала. ЦИВИЛ јавно ги покани претставниците на сите политички партии, институции, медиуми, организации на граѓанското општество и заинтересираните граѓанки и граѓани да земат активно учество по воведните излагања.

„Очекуваме за збор да се јават особено претставниците на помалите политички партии, како и граѓанките и граѓаните, кои се најзасегнати, да дадат активен придонес кон оваа јавна дискусија, со цел да се фрли повеќе светлина на овој процес, толку важен за периодот пред нас. Што се однесува до нас, ќе ги изнесеме фактите и препораките без пардон, како и секогаш. Оставаме на совеста и одговорноста на другите засегнати страни да постапат како што тие мислат дека е најдобро“ – изјави Џабир Дерала од ЦИВИЛ во пресрет на овој јавен настан. Тој ќе ја отвори дискусијата со презентација на препораките на ЦИВИЛ, а според најавите, тој ќе зборува и за предизвиците за изборниот процес кој ѝ претстои на земјата на почетокот на идната година.

Тимот на ЦИВИЛ ќе биде отворен и за прашања и коментари од онлајн заедницата која ќе може да го следи настанот преку социјалните мрежи. Хаштаг на настанот е #СлободниИзбори или #ZgjedhjeTeLira.

Настанот е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Tags: Слободни изборисоопштениеЦивил
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ